http://www.femina.mk/???????/??????-??- ... ??-???????? Ако некоја е спремна, и бара начин изволте. Мене некоја форумџика на чет ми даде линк од кафепауза мислам, и се мислев да го спроведам, дури и најдов другарка која ќе ми прави друштво, но се замислив...Зошто да откажам нешто што ми се допаѓа? Не пушам за да се правам средношколска манга, јас пушев и кога другите од друштво немаа ни помислено да запалат, а сепак не знаеја дека го правам тоа. Почнаа да ми губат вкус цигарите од време на време, да ми лутат, да не сакам да запалам и да сакам во исто време. Од Marlboro light, преминав на ultra light, кога веќе не сакам да намалам со пушењето, тогаш јачината барем. Претходно пушев Davidoff slims, Davidoff super slims, Davidoff classic, Davidoff light. Изгорена сум по Davidoff platinum, ама кај нас некако ги нема, а толку ми одговараа. Пред една година, неколку месеци не пушев бидејќи дечко ми беше болен од срце и од грижа не му давав да пуши. Да не му правам лиги со цигарчињата се откажав и јас, фер да сум. Не сакав да пушам, и не пушев, потоа пак сакав и почнав да пушам. Доколку сакам да се откажам не ми треба ни електрична цигара, како и да се викаа тие, ниту пак посебни стапки по кои ќе се водам. Ми треба решителност да го направам тоа, а во моментот тоа го нема, ми треба никотин.
Јас се обидувам да ги откажам цигарите, но многу тешко ми оди. Секој ден си ветувам дека ако ништо друго барем ќе ги намалам, но не можам да поминам без една кутија. А нагло да ги откажам-уште потешко. Уште со првото утриснко кафе пушам три-четири цигари, да не кажувам колку се кога сум излезена, кога сум нервозна или кога ми е досадно. Размислував да ја купам електронската цигара, еден другар баш со неа се откажа. Многу сакам да се откажам од оваа лоша навика и се надевам дека ќе успеам, ќе биде подобро и за моето здравје и за мојата финансиска состојба.
Како до откажување од цигари... Ајде луѓе ако имате некои предлози како да се откажам од цигарите... не ги сакам но ме тера многууу
Како до откажување од цигари... јас ги откажав со мастики за жвакање...кога и да ме удреше криза за цигар одма мастика (најчесто чунга лунга овие плавиве) веке не пушам месец ипол и да ти кажам немам некој напад на криза
Како до откажување од цигари... Јас на работа мн пушев ми се случуваше и по 2-3 една по друга али престанав да купувам. Кога знам дека не ми требаат пари не носам ич со мене и така немам пари да си купам . Сега ме пукаат некои кризи од време на време али помислувам на тоа колку сум заштедила и пари и здравје и така ми поминуваат кризите
Како до откажување од цигари... незнам како ама знам дека го колнам денот кога прв пат запалив цигара
Како до откажување од цигари... пред се ти треба твоја воља, психичка подготвеност и цврст карактер! треба да стоиш до тоа штоо ќе го кажеш и да бидеш цврсто убедена дека ќе го исполниш,мислењето на останатите нека не ти е битно терај како што си задртала.. ако си спремна да ги откажеш!
Како до откажување од цигари... И јас сакам да се откажам од цигари. Почнав некако да ги намалувам (наместо една кутија на ден пушам пола кутија) но сепак не е тоа тоа. Сакам целсоно да се откажам, но тешко е. Знам дека треба да се откажеш одеднаш, а не постепено да ги намалуваш. И секако, потребна е волја и упорност.
Како до откажување од цигари... И јас сакааам.Еве во последно време ги намалив не пушам многу,порано со едно кафе ако ми се погодеше друштвото ми идеше кутија како ништо Сега почнувам психички да се спремам затоа што еден месец нема да можам ни цигара да запалам,па се надевам дека тогаш ќе успеам засекогаш да ги оставам Имам еднаш пробано да ги откажам ама неуспешен беше обидот и траеше само 2 дена,ама за тие 2 дена мислам дека и фрижидерот ќе почнев да го џвакам
Како до откажување од цигари... Леле истото и мене ми се случува... цело време јадам и мислам дека ќе накачам килограми ко ништо... сите околу мене пушат и нон стоп димовите ме залажуваат... не знам што да правам... а нешто да не имате слушнато за некои апчиња или слично за откажување?
се надевам дека тука ке се придружат многу девојки со кои меѓусебе ке се поддржуваме ,ке делиме искуства и заедно ке му се радуваме на секој ден поминат без никотин . денеска е мојот прв ден без цигара и се надевам дека победата ке биде моја.
не за цигарите Епа ти држам среќа и навивам за победата да биде твоја Јас не сум активен пушач, порано се случуваше да запалам по една,ама многу ретко, а сега скроз ги избришав. Мм е пушач и едвај чекам да ги остави.....
не за цигарите се надевам навистина се надевам дека ке успеам . денеска на три пати имав голема мисла но ете издржав. порано се секавам си велев кога сакам можам да ги оставам но тоа е најнеточното нешто и секој кој размислува така нека проба само на неколку саати и нека каже колку пати ке дојде до искушение. пушењето е болест тоа е тоа и мора да се лечи а јас сум тежок болесник што сака да се лечи
ете поминува и вториот ден без цигара . почнав да кашлам појма немам зошто . апетитот ми е покачен охохооооо
Јас пушам од мои 16 год. Една кутија дневно или нешто помалку ми е нормата ...се разбира на почетокот од мојата пушачка кариера беше многу помала. Никогаш не сум имала ни желба, ни потреба да ги оставам, имуна сум на сите причи за ракови, за болна смрт...за не знам веќе што. Едноставно е, занимација ми се, момент за мое лично уживање и релаксирање и кој не сфаќа како фрлам пари за ѓубре и што задоволство доживувам може да брмчи до утре сабајле ...мене не ми чуе. А откажувањето од нив дека е немогуќна мисија мислам дека е смешна констатација. Со цврста воља, ставање во преден план на својот став се исполнува се. Не е мисија која бара пешачење на 1000 км за еден час па да биде невозможна, да се разбереме. Јас искрено не ги разбирам луѓето кога ќе речат...„ Абе пробав, ама не бива “. Не може да не бива, бива и тоа како, само вистината е дека ти тоа не го посакуваш искрено и решително. Факт!...и тоа без понатамошна дискусија
поминува и третиот ден без цигара . само да знаете колку многу денеска ми е тешко и одвај се воздржав ама ке се тера. се убив од јадење денеска тоа е лошиот дел. поздрав девојки и кажувајте искуства
Искрено не размисувам за тоа, а ни не сакам. Гледам да го контролирам во последно време и добро ми оди. денес издржав со само 2 цигари. А мислам дека е скоро невозможно да ги откажам! Кој не полал да пуши нека не пробува, чиста зараза и навика од која тешко се одвикнува
Се плашам...Во последно време некако се ‘запушив‘..А бев најголем противник на цигарите! Добро, не повеќе од 3 цигари во денот и тоа не секој ден...Но се плашам да не ми премине во навика. Свесна сум дека се дополнително трошење здравје и пари, но уз кафе и погодено друштво, онака филмски ќеф ми е да запалам по некое... Сакам да ми помине таквиот ‘филм‘
^И мене ми беше така речено “филм“. По 3,па по 6 па и натаму...И многу лесно ќе ти премине во опасна навика ако имаш некој во друштвото или дома што пуши. Така и јас почнав. Прво еден дим,па цигара,пафкав и пушев само кога ќе излеевме. После почнав да ги тргам и се гребев од школските еднаш во неделата. И сега како ни се смени друштвово машкиве пушат и јас со нив. И малку потешко ми е да ги откажам кога сите околу мене пушат.