Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Откажување од пушењето

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од rjgdm, 14 декември 2009.

  1. Inhume

    Inhume Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2011
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    249
    Еве јас се откажав и од кафето и од цигарите конечно. Некако ми се згади од нив неможам ни да помислам а не да земам да пушам цигара :puke: и еве една недела веќе како не сум запалила цигара и решив веќе да не пушам и точка. И баш убаво се чуствувам :inlove: Ни јас неможев во денот да се замислам без цигара ама ете едноставно ми се згадија и толку решив да не пушам веќе. :)
     
    На awl му/ѝ се допаѓа ова.
  2. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    Не. Сум пушач. Редовно пушам од трета за четврта летото,не се ни сеќавам веќе,а прв пат запалив во втора година.

    Не сакам да се откажам. Јас не запалив цигара прв пат за да бидам прифатена во друштво,или оти некој ме натера. Од другарките никој не ми пуши и дечковци што сум имала не пушеле (еј,стварно не пушеле :?: ). Јас пушам поради свој личен избор. За мене цигарите се исто ко и благото или тостот или кафето за некои луѓе. Неможат без нив,јас неможам без цигари. Тие се дел од мене,не се само обична зависност. Не знам како да ви кажам,а да не изгледам смешно,но јас скоро и сум заљубена во нив. Пушам околу кутија на два и пол дена. И то. И не планирам да ги откажам. :wasntme: :)
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  3. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.667
    Допаѓања:
    6.231
    еве и јас да се пофалам некаде....пред 3години бев страствен пушач но веке 3 години немам запалено цигара и сум многу срекна за тоа...а и немам желба...а за ова сум најсреќна
     
    На natemila му/ѝ се допаѓа ова.
  4. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Мене во последно време одлично ми оди (да не се урочам) веќе скоро 2 недели без ниедна запалена цигара. Тешко е, но си ветив дека ќе издржам. Не ме тера на јадење, се си е нормално само што забележувам дека сум малку повеќе нервозна од вообичаено.
     
  5. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Моите пушат, дечко ми пуши и ме убедуваат дека не е толку лесно да се откажат од цигарите. Секој би поверувал во ова дека доста слушаме дека предизвикуваат зависност и бла бла такви ствари.
    Но имам еден комшија кој пушел цигари од 17 години, а кога престана да пуши беше 58 години. Што значи тоа се 41 година. Пушеше по 2 кутии цигари и тоа Ориентал (мислам така се викаа), пушеше по 2кутии а некогаш можеби и повеќе :o . Верувајте човекот рече јас од утре не пушам и следниот ден ги фрли цигариве кои му беа останати и до ден денес не запалил цигара веќе 7 години.
    Можам да кажам :clap: :clap: човекот има карактер. Така да верувам дека секој кој сака може ;)
     
  6. A.d.e.l.a

    A.d.e.l.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    98
    ете го и четвртиот ден без цигара се надевам ке бидам цврста и ке ги заборавам. да знаете само колку би сакала едно цигарче ама то е и го испушив делот :D
     
    На natemila му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Queen-Nefertiti

    Queen-Nefertiti Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    46
    Дај кажете некој совет како да се откажам од цигариве и јас.По една кутија на ден пушам, пробав да ги откажам но не можам да издржам ме фаќа криза,нервозна сум.уффф :devil:
     
  8. A.d.e.l.a

    A.d.e.l.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    98
    нема некој посебен трик ниту може некој да ти помогне едноставно сакај и трудисе тоа е тоа . на никој не му е лесно да ги остави верувај тебе не ти е најтешко ( сите велат за себе дека им е најтешко ним). овие дена неможам ни да ти кажам колку ми се кренати нервите имам дури и кошмари неспијам како што треба секој ден барем по еднаш добивам толк силна желба што во секој момент мислам дека ке попуштам . не нема да попуштам знам дека тргнав на добар пат со овој чекор кој го направив ке поминат и деновите кога ке има искушенија . ете мила та ти е мој совет додека сам човек не сака доволно не бива ништо . ајде почни и ти со никотинска апстиненција :rofl: :rofl: :rofl: па ке пребродиме заедно . поздрав
     
    На Queen-Nefertiti му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Queen-Nefertiti

    Queen-Nefertiti Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    46
    Почнувам од денес wish me luck :) се надевам ќе издржам
     
    На XMaN му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Мајка на моја пријателка се има откажано од цигарите така што ставила цигара во чаша млеко да отстои некои добри 2 до 3 саати и потоа кога ја запалила просто и се згадило се. Од тогаш нема запалено цигара. :D

    На почетокот ниту таа не верувала во ова, но поради здраствени проблеми мораше да ги откаже. Сама кога ќе си кажеше: „Нема повеќе да пушам“ не се придржуваше кон тоа ама за среќа си најде чаре. 8)
     
  11. A.d.e.l.a

    A.d.e.l.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    98
    ајде кралице можеш :clap: јас и ти заедо ке излеземе од лавиринтот на никотинот . имаш поддршка од мене така да можеш да се жалиш да тагуваш по цигарите и се што ке ти текне тука јас ке те читам :hai: :clap: :clap: :clap: :clap: :clap: :clap:
     
  12. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Цврсто да се стои на зборот. Не пушам веќе си реков пред 4 години и од тогаш не запалив .
    А и пред тоа една кутија цела недела ,онака со друштво и на работа . :)
    Ете поддршка и од мене до сите кои сакаат да ги остават .
     
  13. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.811
    Допаѓања:
    25.410
    Пол:
    Женски
    Мајка ми се откажа, буквално за еден ден. Од денеска за утре.
    Пушач била од 15 години, со пауза додека била бремена.
    И како престана? Ја болеше глава дента и цел ден лежеше,беше таква мрзелива. И сабајлето другиот ден си рече: Чим вчера можев цел ден да дремам без да станам да запалам цигаре, не палам и денес. И толку беше.
     
  14. chiccush02

    chiccush02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2011
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    10
    јас не ни бев некој пушач но .. јас престанав кога останав бремена .. прекинав секаков контакт со цигарите и кафето .. и сега после 2 години сеуште немам запалено цигара.
     
  15. A.d.e.l.a

    A.d.e.l.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    98
    7 mi ден без цигарче :) :party: :party: :party: :party:
     
  16. O.Mally

    O.Mally Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    11
    A.d.e.l.a Каде си што те снема ? :D Иначе и јас сум пушач и тоа оди кутија на ден :/ пред да заспијам се карам себеси , но утрото повторно... И барем еден совет за сите пушачи првото цигаре нека ви биде барем саат откако ќе станете, прочитав се зголемува ризикот за рак на плуќа ако го палиш во рок од пола саат.. :)
     
  17. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.448
    Допаѓања:
    22.909
    Пол:
    Женски
    Овде прашувам за брат ми. Има 17ипол години, и веќе 3 години е пушач. Една кутија на ден сигурно пуши. Вчера ме праша да му помогнам некако, сакал да се откаже од пушењето. Јас не пушам, имам запалено неколку цигари, ама онака во друштво со пијалак, или со кафе. Сепак, знам на периоди да се откажам од цигарите еве како сега. Многу ретко кога ми се вкусни така да кажам, или пак да ми недостасуваат. Ама тоа сум јас :)
    Брат ми вели дека му се слатки и не може без нив. Имал потреба за цигарите како за водата. И што да му кажам? Кога ќе сака да запали, да јаде грицки? Бонбони, мастики за џвакање? Што помага?
     
  18. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Само цврста волја, решителност и упорност....ако можат страстни пушачи кои се труеле со никотин 20 и кусур години да ги остават цигарите , ќе може и брат ти. ;) Ако се решил да ги откаже тогаш треба најпрво да се ослободи од сите резерви што ги има, и нагло (а не постепено) да се откаже.
    Значи вика -од денес не пушам и толку, а не на пр. денес ќе пушам 10, една недела по 5, па по 2-3 и така ќе ги намалам и ќе ги оставам.
    Не, тоа е погрешно. Само нагло оставање.
    Така направи и татко ми кој не пуши веќе 20 год., мм па и сестра ми (да напоменам сите биле страсни пушачи со по мин. кутија на ден, а некогаш и две.). И сите тројца ги оставија цигарите баш на тој начин.
    Нека си има извесен период со него семки, сончоглед или бонбончиња, нешто да се занимава со рацете (татко ми си имаше бројаница).
    Јас сега не пушам само затоа што сум бремена и знам дека откако ќе помине периодот на лактација пак ќе пропушам.... едноставно знам, ама никогаш не сум рекла нема повеќе да пушам. Единствено ако д-р ми забрани :tmi: тогаш дефинитивно ќе се збогуваме.
    Затоа викам само цврста волја и упорност.
    Со среќа :)
     
    На happygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. LadyH

    LadyH Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    85
    мајка ми несака да признае дека пушела, ама знам имам слушнато муабет со една комшика и имам видено слика од порано. и кажа на комшилица дека пушела не нешто многу онака ама кога била бремена со мене и одеднаш и станало екстремно лошо и гадно и од тогаш само еднаш мислам дека има запалено или два пати, секако не пред мене и сестра ми...
    додека татета ми е страствен пушач две кутии на ден, и нема гајле не ни помислува, никогаш не спомнал дека сака да ги остави.
    јас една година редовно чадам, ама еве како почнав и со диета и да трчам и вежбам забележав дека сум закржлавла и дека се уморувам брзо и еве недела ипол- две незнам ни јас имам запалено 4 цигари се на се. 3 дена имав апетит како вол, сега нема разлика пак сум на старо, само ме тепа некое гадно чуство како шлајмче ама ќе помине. и плус тие пари на страна ги ставам значи за два дена на страна 60 денари, па да видиме
     
  20. potterholic

    potterholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2012
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    419
    Живеам со пушачи и тоа страшно ми смета. Тој димот неможам да го смислам. Секогаш и велам на мајка ми да престане да пуши дека стварно ме гуши и мене. А најлошо е тоа што секогаш пуши внатре во куќата не надвор. :x А татко ми не е зависен. Може да запали само две-три во месецот. Ама кога тој пуши - тој пуши надвор.
     
    На SarahTayMomsen му/ѝ се допаѓа ова.