Значи ептен сакам да се откажам сум пробала 3 пати и пак ете ме со цигарата во уста ... Дај некој совет нека ми каже што да правам за да ги оставам зошто стварно не сакам повеќе да пушам грдо ми е а не можам без цигара ....
се токмам веќе некое време ама од утре нема шанси да запалам..почнав да ги мразам ненормално цигариве, ќе биде тешко ама не палам и крај.Еднаш ги откажав од кај ми текна пак да запалам не знам ама од утре не!!!
Јас веќе три месеци ги оставам, ама мислам дека помалце пушев пред да се решам на тој чекор. Дури од претерување во последно време често се фаќам како ми се згадува и ми иде да повратам од цигарата, па ја гасам , се смирувам, па пак си палам нова.
леле и јас со сличен проблем,луѓе дај помагајте сакам да се откажам пушач сум 8 год,ама немозам не ми иде како го гледам дечко ми и ке ми текне на цигара и неможам,неможам и кога искочиме на кафе како без цигара ги имав откажано кога правев операција на носот и потоа пак ги почнав,а сега сакам пак да одам да ми го корегираат и како да се откажам барем некој месец пред тоа да не пушам да можам со лесно да си ја поднесам операцијата помош
Немам запалено цигара од декември минатата година и топ ми е. Инаку и јас спагав во група на страсни пушачи и пушев некои 10-11 год, но сакав да ги оставам подолго време и секој обид ми беше безуспешен (најверојатно не сум сакала доволно) се додека не сфатив дека немам ама баш никаква потреба од цигарите,ниту потреба,ниту корист. Мислам дека најголемиот проблем ми беше тоа што незнаев што ке правам со рацете Најголемиот тест ми беше Нова Година и првото кафе со другарките,ама ги преживеав и двете,не беше ништо страшно Кога сфатив дека навистина немам потреба,немав ама баш никаков проблем,дечко ми пушеше по 2-3 кутии цигари на ден(се откажа и тој ),сестра ми е пушач, сите другарки ми се пушачи,јас едноставно немам потреба. Нешто што мене ми помогна,можеби ке ви помогне и на вас беше тоа што кога се откажав од пушењет не сакав да си го изговорам тоа гласно,можеби ке звучи глупо,но несакав да си поставам таква (за мене голема) цел и ко за инат да не ја остварам,едноставно си се прашував секој ден сама-дали имам потреба од цигара,и одговорот ми беше-не! И еве до ден денес е така, неколку пати сум имала можеби неколку моменти на слабост, не за да запалам цигара, туку онака-носталгија најверојатно , но тоа е момент и ми поминува за секунда,едноставно немам потреба. Негативна страна беше,во повекето случаи е и неизбежно претпоставувам, зголемувањето на телесната тежина,не многу ама 5-6 кг сигурно, али не си дозволив тоа да ме предомисли,туку си велев-подобро дебела отколку пушач Ама еве се вракам во нормала. Моето искуство е такво, се надевам дека можеби помогнав на некој начин
Ништо од мојата упосност и решителност.Со тоа што пробав да ги откажам само се разочарав себе. Прво како да ми одеше добро, ама се излажав. Сега сум си истата како порано, кутија на ден, па и повеќе кога ќе излезам некаде. Сакав да ги откажам нормално заради здравјето, ама па од друга страна ми се вистинска зависност. Страст во вистинска смисла на зборот. Кога ми е досадно, кога сум во друштво, после добро јадење, после добар секс..Неможам без нив.
Same here. Освен две работи. Не пушам по кутија на ден. Ми оди една за два, два и пол дена. И секс, што беше тоа? А уште повеќе, цигара после секс? Не се сеќавам.
^ Па јас прво како да ги намалував, ајде десетина на ден, па пет, па стигнав и до ниедна. И тоа со месеци бев така. Ама нешто во мене е посилно од желбата за откажување. Тоа никотинот чуда прави, посебно кога сум нервозна можам да исчурам 3-4 по ред, цигара по цигара... И коа станува збор за вакви работи, си ја користам изреката Па што, еднаш се живее
во некој нареден живот можеби пробав да ги оставам, ајде се силиме со мојов нема веќе цигари- 6 саата издржав, после кога ги заредив една по друга Hе можам без цигари и тоа е тоа фала богу се уште не сум имала здравствен проблем од нив, пупупу ама и да имам- тешко дека ќе ги оставам
Фокусирајте се на сите негативни последици од цигарите. Мислете на тоа дека грозно мирисате после испушена цигара, кога покрај мене ќе помине пушач мене ми се повраќа од мирисот. Лошиот вкус во уста, никогаш не би се бакнала со пушач. Лошиот мирис на прстите и косата, дечкото кога ќе ве гушне треба да помириса парфем а не никотин. Забен камен и пожолтување на забите, шлаем и секреција од сабајле, тоа не се случува кај непушачите. И секако најважното здравјето, еднаш се живее ама дај боже здраво! Се надевам ве мотивирав малку или ве поттикнав на размислување.
Душо нас тоа сето ни е јасно. Али овоа болдираното многу ми боде очи. Ако не сака пушач, среќен му пат на дечкото, јас нема да се менувам која сум јас заради некој мочко. И плус, сите што сум ги имала до сега, сите биле пушачи. На темава. И тоа I am за никого нема да го сменам. Толку.
^^Токму така, јас сум страсен пушач, а мм не е, т.е. пред неколку год. ги остави цигарите, така сакаше, негов избор. Мој избор е да пушам, едноставно уживам во цигарата и нема да се откажам се` додека д-р не ми забрани. Еве сега јас дојам и не пушам, не заради мене туку заради бебушот, не сакам да го трујам. Сите ми викаат -чим сега не пушиш значи лесно можеш да се откажеш. Да, можам, ама не сакам и нема. Чим се симнеме од ци*ка знам дека јас пак ќе си се дружам со никотинот. Така беше со првото дете, така ќе биде и сега. Поентата ми е-кога се сака, се` се може, само треба цврста волја (мене ми требаше мотив ).
На пат сум до откажување ... инаку бев заразена ... ако ги откажам ќе бидам горда сама на себе ... Инаку пред другарките реков цигара не ставам во уста , па и инатот нема да и даде на желбата да пушам =РРРР
Многу е тешко да се откажат чист пример сум јас ама решена сум дека до крај ќе идам ! Денес ми е 9ти ден но среќа полека ми се намалува кризата не ме влече многу. Пушев 4 години и имав 2 обиди да ги откажам . И сега 3ов ми дојде случјано . Отидов кај другарка заборавив да купам цигари и она ми направи нес. Упсеав несот да го испијам без цигара и тој ден сум без цигара. Е кај мене е среќа што не пијам турско кафе . Но читав коментар као демек пред мене да шушат 5 души а ти да не земеш нема шанси. Да ја успевам ! Имам 4 другарки кои пушат со нив сум 24/7 исто и дечко ми и он пуши и дома и брат ми и татко ми . Тоа значи дека по цел ден ја ги гледам цигарите и ги мирсам ама не сум зела. Само цврст карктер ништо друго . Ја ги остава цигарите за да имам чисти бедли дробови да не трујам на цигари и да ми биде поубаво на мене и на другите. Сфатив дека тоа се џабе фрлени пари и не треба да си правам полошо на моето здравје кога нема ништо убаво во нив
Ај нема да мрчам многу, не гледам причина да се правдам на некој рандом, но да кажам. Сум дала некогаш на темава мислење и сега кога повторно се редат мислења, сум ја отворила. Бев испровоцирана од твојот ступиден коментар оти на некој таму јас ќе сум му смрдела па јас да се откажам, за него да му биде убаво. Немам јас ништо против вас непушачите, не би требало и вие да имате против нас, оставете не тоа што сме избрале сами да се убиваме на раат да си го правиме. Кај ви ги дадовме сите кафиќи и нивната внатрешност ...
Ако ти си загрозена и се чувствуваш несигурно од моето мислење, тоа е твој проблем те молам без навреди, не е во ред.
Сакам да ги откажам цигаритеее Сакам да ги откажам цигарите...некое време осекам дека не ми добро влијаат дека нон стоп кашлам а секако неможам а да не запалам цигаре...
Сакам да ги откажам цигаритеее епа ако сакаш да ги откажеш можеш...Лижи лижавче наместо цигара,џвакај мастика наместо цигара...Можеш ако сакаш.
Сакам да ги откажам цигаритеее јас ги откажав пред 4 години многу лесно,реков од утре не пушам и крај