Ах колку сакам да ги откажам цигарите ЕПТЕН МНОГУ НАЈМНОГУ !!! Моментално сум болна т.е кашлам БУФТАМ сиот шлајм ми се спушти на плуќа Ама плуќава ме изгоре од болка од тие пусти цигаришта Ама АЈ !!! УМ мој смотан, два дена непушев и после пак по 3-4 цигари на ден, и еве скоро една недела ме боли плуќата пиев апчиња ама дозата ја допив, а друга доза да земам нечини на секое апчиња да пијам. Добра сум немам температура, ништо... но ме боли плуќата од цигарите И демек ај да намалам ама пак по 3-4 цигари со кафе КАТАСТРОФА карактер сум кога се работи за цигари откажување. Што убаво еднаш 5 месеци не си пушев и БАП ајде една ме фати криза и пак се распушив с с с с Оф леле маки наши пушачки И сега еве планирам да земам КАО ДЕМЕК една недела барем да не пушам да се опоравам малку да подишам нормално САМО ЈАКА И ЦВРСТА ВОЛЈА ТРЕБА ЗА СЕ !!! И ЈАКА И ЦВРСТА ВОЛЈА ТРЕБА И ЗА ОВА ЃУБРЕ НАРЕЧЕНО ЦИГАРА
Да се откажеме од цигарите !!! Не мора да пишувам колку се штетни . Но и колку ни се слатка навика на нас пушачите Мој предлог е за оваа 2013 да се откажеме од нив , јас престанав да пушам пред некој месец , но за жал пак им се вратив . Еве јас се пријавувам оваа година да не пушам повеќе :geek: . Сега пијам кафе и ја палам последната цигара , паклата полна со цигари ја фрлив http://skopjeid.com/2013/01/02/najdobri-nachini-za-da-prestanete-so-pushewe-vo-2013-godina/ Предлагам да си даваме овде подршка , дури и некој да потпадне да му помогнеме и да се храбриме меѓу себе . Има ли кандидати ?
Да се откажеме од цигарите !!! Хаххаха се изнасмеав знам тешко е , мене конкретно ми се слатки многу .Но сликајте бели дробови сите имате гарант промени , здебелена служокожа . Нема кандидати а
Жива сила нема да ме натера да се откажам од цигарите. Што ги неќам ја овие Њу Јеар резолуции, па за цигари, пу пу туго. И тоа кога ми зборат да се откажам за инат поише и поише ми се пуши. Јас сум рекла, цигара ќе откажам само заради дете, не панирам да си го гужам со чад уште неродено или па како бебе. До тогаш, удри бригу на весеље
Абе од инат ми се чини дека толку пушам Дома колку викаат не пуши не пуши јас пак Можам да ги откажам 3 месеци не запалив цигара ама пак им се вратив љубов голема кој разбира , многу ми е страв што му правам на телото веќе 5 години пушам со прекини , не се малку и пакла на ден летка ако не цела 3/4 сигурно Јас ја фрлив кутијата , не дека сеа не ми се пуши , ми се плаче Да не беа штетни ќе димам цел живот Колку ќе успеам во намерата не знам .
Поздрав до пушачите. јас лично не сум пушач, меѓутоа сите околу мене се, па исто ми се фаќа. И се е во ред, секој си донесува одлука за себе дали ќе пуши или не, дали му штети или не. Но имам едно прашање, ај ве молам ваше мислење. ШТО СО ПУШЕЊЕТО ЦИГАРИ ЗА ВРЕМЕ НА БРЕМЕНОСТ? Еве некои од вас кога биле бремени што направиле пушеле или не во тој период. Имено јас имам многу блиска личност која сега е бремена и пуши, и си пуши. И вика знам знам несмеам ама само на цигари мислам, баш дека не смеам. И сега да и зборам џабе, ќе се крие, да не и зборам па не ми е сеедно, неможам да ќутам
Јас пушам со прекини што и не баш добро. Мајката или си пушач или не си.., али јебига тоа е. Најмногу иам издржано 3 месеци без цигари и тоа за летен распуст пошто нели стално дома сум Цела прва година пушев, па прекинав за распустот, па сеа коа почна школска годиина пак си почнав Душава ми сакаше-ко шо би рекле Турциве и сеа распустов не пуша, пошто сум дома стално, али мајката едвај чекам да почне полугодиево да си запалам цигарчее Моите дома знаат и не ми даваат али, јебига, така поше ми се пуши..хахахахха
Тука не би требало да се поставува прашање , НЕ СМЕЕ да се пуши за време на бременост , па добро нели и е жал на идните мајки така да трујат невино суштество . Ке бидам дрска и ќе речам дека тие не се спремни да бидат мајки , кога не можат да се откажат од едни цигари за здравјето на нероденото дете а мајчинството бара многу жртви , многу поголеми од откажувањето цигари . И да се пофалам цела недела немам запалено цигара а ме маваат кризи не дека не ми се пуши ...
Јас лично пушев цело средно, но кога дојдов на факултет ги откажав и еве скоро пет години не пушам, но скоро сите пушат околу мене, почнувајќи од дечкото, а како ме нервираат цигарите оуу Е сега имам исто и јас блиска особа која моментално е бремена и пуши, а бре по грозно нешто нм да замислам, толкава у стомак и со цигара во устата. Абе и рекол докторот да ги намали, а она постојано си пуше и кафиња само си праве за да и оди цигарата Значи сите и велат да не пуше, она си се теши, познавала некои што пушеле за време на бременост и ништо не им било на децата. Јас мислам дека самата треба да сфати дека ќе биде мајка да е посериозна и дека и понатаму ќе треба да се грижи за детето.
Цигари Дали некој од вас се има успешно откажано од цигарите и како успеал да го направи тоа. Знам дека е потребна огромна волја и многу јак карактер, но оние кризни моменти кога на организмот му треба никотин се неподносливи. Ве молам за ваше мислење.
Јас сега трети пат ги оставам цигарите, еднаш ги оставив 6 месеци, вториот пат цела година. Еве сега сум на почеток два месеца непушам, сум била во друштво на пушачи и не сум паднала во искушение. Немам кризи, едноставно почнаа да ми сметаат многу.
Мене ме нервираат оние коментари колку се штетни, вака било-така било. Не сум страствен пушач, ама сакам со кафе, муабет, да запалам 3-4 цигари и точка. Еден период од здравствени причини принудена бев да не палам воопшто и морам да признаам дека стварно ми недостигаа. Не ме фаќаа кризи, далеку од тоа, ама ете си сакам да си запалам некогаш. И нема да ги откажам, барем не сега за сега. Еден мој пријател кога го фаќаа кризи лижеше ментол бонбони и нормално дека тоа нема да ти ја намали којзне колку потребата, ама ќе те подзалажи малце. Пробај така.
пред 1 месец почнав , по 5-6 цигарчиња на ден си пушам ама незнам дали сум зависник.. дали можам да се откажам со повреме? денеска пробав да не запалам ама си ме влечеше нешто.. и запалив се станува зависник со по 5-6цигари на ден?
Се станува зависник и на една цигара на ден Инаку моја блиска другарка пушеше долг период и со волја и желба ги откажа за еден ден. Тоа е се до карактерот и колку навистина сакаш да не пушиш. Спојлер Се се може ако се сака
Јас ги откажав за еден ден. И тоа пушев по кутија на ден, добри 8 години. И си реков од утре не пушам. И престанав. Сите околу мене, и другарки и моите пушат, а јас не. Кога имав желба да запалам си земав бонбонче или станував нешто да направам или да отидам и желбата ми поминуваше. Малку имав проблем со кафето, ама после недела дена послатко ми стана без цигари. ПС. Не пушам веќе 3 години.
е како да ги оставам некако не можам пробувам не ми оди пушам по една кутија во 2,3 дена а највеке ми фалат со кафето кога го пијам а кај мене родителите и тие пушат
едниствено нешто што сега сакам е тоа да ги одкажам од сабајле веке една кутија испушив мн сакам да ги одкажам намалам неам контрола врз нив тие имаат врз мене цигари пусти
Постојат ли било какви шанси зависник кој пушел повеќе од 30 години да ги одкаже цигарите?? Мајка ми пуши и приметувам огромна зависност кај нејзе,но таа не е ни свесна колку е само зависна. Кога и да се обидам да ја навлечам на дискусија за цигарите таа се вознемирува и почнува да ми кажува како јас сум била флегма како не сум си ја средила собата и 300 вакви глупости на моја сметка, само за да ја тргне темата за нејзината зависност,а ако и тоа не помогне почнува со самосожалување. Ме интересира дали вреди да се обидам да и укажам на тоа колку е зависна.