feminium според мене може! пример за тоа е татко ми кој што пушеше по 4 кутии на ден а почнал да пуши од 9-10 години..кога бил 4то одделение отприлика. но ако она не сака џабе е, мајка ми пред тоа колку го имаше терано и немаше резултат еден ден нема да пуши и пак ке си почнеше, ама еден ден му текна сам и од тогаш цигара нема запалено, еве веќе повеќе од 6-7 години
Луѓе, дајте бе кажете кај се купуваат никотински фластери/лепенки кај нас? Разговарав со еден другар кој е во странство моментално, вика тоа бил спасот. На почетокот се примаат појаки дози (т.е лепенки со поконцентрирано количество на никотин, си има различни) во зависност од тоа кој колку кутии/цигари пушти дневно и потоа постепено се намалуваат. Тој еве веќе месец и пол е на терапија таква и вика скрос помага. Ради работното место ги зел затоа што не можел никако да пуши а телото има потреба од никотинот на кој е навикнат. Читав досега по интернетов, има разни искуства ама претежно ги фалат како начин да се отстрани постепено никотинот од телото. Во просек треба да се користат вкупно 8-12 недели за да целосно се отстрани никотинската зависност (што не функионираше кај мене по принципот на постепено намалување на цигари, затоа што пробав ама денес 15, утре 10, задутре 25 пушев...). Инаку кога му била залепена лепенката воопшто не му ни текнувало на цигара дури и се гушел од чадот викаше ако случајно се погоди во друштво на 2-3ца што пушат. И додека е залепена лепенката, не само што не се чувствувало потреба од цигара, туку и пробал да запали еднаш и му се слошило и не дај боже ми викаше можеш да добиеш никотинско труење доколку со сила ја испушиш цигарата. Значи функционира од блиска личност искуство кажувам. Јас скрос сум решена на овој начин да одам, оти мекуш сум по карактер кога станува збор за откажување на цигари Тој од 25 цигари во денот (т.е од првична терапија за 25 цигари преку лепенка) сега стигнал до терапија за 5 цигари и наскоро нема да треба да ги користи лепенките повеќе. Во меѓувреме се губи и потребата од држење цигара во рака затоа што 90% од цигарите кои ги пушиме се ради таа потреба. Ве молам најмногу на цел свет доколку некој знае каде се продаваат веднаш да ме извести или на темава или во приватна порака. Ви благодарам унапред!
еве по некој совет http://www.teamoderna.com.mk/index.php/ ... 500-cigari http://www.rak.mk/index.php?option=com_ ... Itemid=219 девојки и јас многу сакам да ги оставам цигарите и морам што побрзо да го решам ова
Во оваа студија, истражувачите ги споредиле податоците од 918 пушачи кои имале најмалку еден обид за прекинување со 996 пушачи кои успешно прекинале со пушењето. Речиси половина - 48,6% изјавиле дека прекинале со пушење без претходно планирање. Всушност, шансите за прекин со пушење барем 6 месеци биле повисоки при непланирано откажување во однос на планираните обиди. Откажувањето од цигари не е лесно и не му успева на секого при првиот обид. Изгледа дека на повеќето луѓе им требаат неколку обиди пред да успеат во намерата и дека секој следен пат е полесно.
http://languages.cancercouncil.com.au/m ... %9A%D0%B5/ http://www.crnobelo.com/zivot/zdravje/1 ... pushenjeto http://borka.org.mk/vidovi-na-rak/vlija ... ushenjeto/ http://www.femina.mk/%D0%B7%D0%B4%D1%80 ... 1%82%D0%BE http://doktori.mk/element/view/4ef3a35d ... -pusenjeto Некои статистички податоци за пушењето Пушењето ги предизвикува 20% до 30% од сите видови на рак кај човекот. (1) Се проценува дека секоја година во светот има 1,5 милиони нови случаи на рак на белите дробови. Приближно 80% од тие нови случаи се предизвикани од пушењето цигари. (2) Се проценува дека во 2005 година пушењето предизвикало 11.308 нови случаи на рак во Австралија. (3) Во 2005 година во Австралија имаше 8.155 смртни случаи од вид на рак поврзан со пушењето. Ракот на белите дробови бил одговорен за 5.738 од тие смртни случаи. (3) Од сите држави и територии на Австралија, во 2003 година смртните случаи од рак поврзан со пушењето биле највисоки во Северната Територија (53% повисоки од националната стапка). (4) Во NSW во 2008 година имаше 13.213 смртни случаи од рак, 3.260 нови случаи на рак на белите дробови и 2.664 смртни случаи од рак на белите дробови. (5) Во NSW во 2008 година, пушењето цигари беше најчестиот фактор на ризик за рак на белите дробови, мочниот меур, грлото на матката, главата и вратот, усната, панкреасот, хранопроводот, дебелото црево и бубрезите. (5) Многу поранешни пушачи имале неколку обиди пред да се откажат засекогаш. Планирањето ќе ги подобри Вашите можности за успех. Запомнете, здравствените придобивки од животот без цигари започнуваат два часа од откажувањето. со среќа на сите што сакаат да ги остават цигарите
^ а бе остај ти тоа штетни работи и ракови и триста чуда , мене не ми помага ама ич тоа што знам дека е штетно итн... јас сум до тешки граници заникаде.. дури читам или порано кога сум гледала некои документарни емисии за луѓе зависници од цигари како умирале или добивале хронични болести, јас сето тоа го читав/гледав пушејќи цигара и викав „страшна работа“.. и пак палам уште една и уште една итн.. не ми делуваат мене тие работи никако нажалост.. ако делуваа „заплашувања“ од тој тип кај пушачи, сите ќе се откажеа уште кога се воведоа тие сликчињата одвратни на кутиите, ама сите ние си ги гледаме и викаме еееј нема шанси ја претерале со овој, или, како да не, јас не сум толкав хроник. значи без разлика кој колку пуши ако се расшетава како лав низ дома кога ќе остане без цигара (ко јас што правам),ондак е зависник и точка. дали 1 или 100 во денот = зависник. еве денес пробав да пушам само кога навистина не можам да издржам. и испушив 9 цигари и сега планирам да спијам, можда ќе испушам уште една на пример. ама не испушив 25-30 како секој ден, затоа што другите уствари ги пушам кога немам што да правам и дремам пред компјутер. прво и основно за да откажи цигари, човек треба да е зафатен со некоја друга работа и цигарите да не му се при рака дури и кога е на отворено или на места каде не е забрането пушењето.
Не дека сум некој пушач но се случуваше секој ден да запалам барем по една... Не сакам да биде така. Еве веќе една недела не сум запалила и уште викендов ако издржам - ќе биде крај со цигарите. Секогаш за викенд ме фаќаат "кризи"
Откажувањето од пушење бара многу труд и напор. (зборувам од искуство) На почетокот кога решив да ги откажам цигарите ми беше ужасно тешко, повторно се навраќав на нив, но си всадив мисла дека нема ништо убаво и посебно во пушењето цигари, дека можам да закачам болести, така постепено престанав да ги пушам. И сите пушачи да Ве посоветувам: откажете навремено.
Искрено..секојдневно сме изложени на многу по опасни и штетни влијанија од цигарите...ама ајде нема врска. За да се откажеш од цигарите, се што треба е здрав разум и голема волја. Се е до мозокот...како ќе му наредиш....така.... Од искуство....бидејќи бев пушач добри 15 години.
Моментално пушам една кутија на 3дена некаде некое време ги баталив и пак ги препушив ама оти јас сакав кога ке посакам пак ке ги откажам не сум зависна од нив
Јас пропушив на 18 години и до 19 пушев ама пак чат пат , по 1 кутија на две недели , потоа се омажив останав трудна и не пушев се до пред некој месец , пак почнав ама само со мм кога излегуваме навечер , само сабота ,сега една кутија на месец трошам овие моментално ги имам
и јас со истиот проблем .. сакам да престанам да пушам ама некако тешко ми оди. Сите во друштвото се пушачи.Реков ајде нема нема нема ама одиме на кафе и гледам сите со цигарите .. и ајде после не пали и ти. Помош малку како да правам и што да правам ама морам да ги откажам :/
Таткото на другарка ми со години беше активен пушач, сѐ додека не го фатила кашлица и исплукал катран. Од тој ден нема запалено цигара, повеќе од 10 години сигурно. Значи тоа е момент, кога ќе пресечеш и ќе ги откажеш. А вакви откажувања со намалување на цигарите, една кутија неделно, па цепкај ги, па кризи ти доаѓаат - тоа многу тешко. Знам многу луѓе што со помош на електронската цигара се имаат откажано. Прво со течност со никотин, а потоа без. Еве сега и дечко ми си купи, па ќе видиме како ќе му оди
Јас сум активен пушач околу 7 години и до сега не сум донела одлука да се откажам до цигарите ( и покрај тоа што знам дека е пожелно ). Според мене формулата е цврста одлука и голема волја. Кога се сака ,сè се може
Јас сум пушел повеќе од три год и незнам се обидов решив цврсто дека нема да пушам а и девојката со која сум оженет беше една од причините да се откажам едноставно смрдат кога ке се наогаш во друштво на пушач...Само со цврста волја
Бев пушач 5 години некаде и тоа активен пушач без 2 кутии дневно не бев. И здрава и болна бев со цигарата во уста и искрено мислам дека се имав помирено со тоа дека никогаш нема да ги оставам и сеедно ми беше некако. Се додека не имав вистинска причина да ги оставам и со тоа да се појави и желба за истото Наеднаш ги оставив, неможев да одолговлекувам само со намалување на испушените цигари или со електронски цигари зошто мислам дека така е потешко, што знам. Како и да е, уште малце година и пол како цигара немам пипнато и супер се чустувувам Се разболувам еднаш во 5-6 месеци а порано загарантирано имав бронхитис најмалце еднаш на 2 месеци, а и настрана здравјето зошто сум убедена дека секој пушач е свесен дека е штетно, одлично е да знаеш дека ни алиштата,ни косата, ни домот не ти мириса.. Како и да е,се се сведува на > Ако се сака се се може!
јас имам пишувано и претходно. Бев пушач страствен...веќе не се сеќавам, можеби и повеќе од една деценија. Решив да ги оставам цигарите и повеќе не запалив, ниту пак имам желба повторно да пропушам. Сега успеав и мм да го натерам да не пуши и тој после 25 години ги откажа цигарите. Мене не ме фаќаше криза, мм го фати криза првите неколу дена, ама беше истраен. Оранизмот ти се прочистува, здивот престанува да ти мириса на пепељара, вкусот во устата ти се враќа, не осеќаш веќе горчина во устата и се осеќаш слободен. А кога ќе ми текне која пара ја имам дадено на скапи цигари па уште и од странство ги мкнев или ги порачував....идиот невиден сум била. Со тие пари најскапите парчиња облека месечно ќе сум ги купувала. Затоа сега се опаметив.
Сакам да ги прашам тие што се имаат откажано, после колку време престанаа кризите? Не мислам само на кризи за палење цигара, него сите оние ефекти - психички и физички. Јас прекинав пред скоро две недели, нагло, во првите три-четири дена беа најтешките кризи и нервози. Е сега, не дека нема али се малце поблаги и поретки оние моменти кога ми се пали. Туку, оние другите ефекти, читав по нет дека на луѓе им се дешавало болни да паѓаат по откажување.. мене засега само несоница ме удри. Се будам сред ноќ и незнам што да правам со себе, а претходно овај сум заспала. За такви проблеми ме интересира, ако има некој што успешно се откажал или се откажува, да сподели отприлика како и за колку време оди чистењето од гнасотијава.