Откажување од родителство

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од anelchylola, 23 август 2020.

  1. anelchylola

    anelchylola Активен член

    Се зачлени на:
    12 август 2019
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    147
    Пол:
    Женски
    Ne sum sigurna dali ima zapocnato vakva tema. Ako ima napisete link vo komentar.
    Me intersira sto e so slucaite koga ke se rodi dete i od x pricini sakate da ss odkazete od roditelstvoto?
    Kakva e procedurata i kako moze da se dade deteto na posvojuvanje tuka kaj nas vo Madedonija, podetalno Skopje?
    Temava ne sluzi za toa da piauvate dalu ste za ili protiv odkazuvanje od roditelstvo.
    Temava sluzi za da im pomogne na lugjeto koi se spravuvaat so ovoj problem!
    Koj ima detalni informacii neka spodeli nesto vo komentar. :)
     
    На .confused. и andrejko82 им се допаѓа ова.
  2. Lovebug01

    Lovebug01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    1.953
    Допаѓања:
    4.917
    Пол:
    Женски
    Mислам дека Центарот за социјални грижи е надлежен за оваа работа, обрати се таму.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  3. lovestoneddd

    lovestoneddd Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    3.967
    Допаѓања:
    37.490
    Пол:
    Женски
    Каква суровост.
    Нешто што мислам дека логично би требало да следува на ваков потег, е задолжителна стерилизација на двајцата родители.
     
    На candy.cane, thelittle17, Puffy2019 и 17 други им се допаѓа ова.
  4. Biljarkata

    Biljarkata Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    7.726
    Допаѓања:
    75.379
    Добро, суровост е, да речеме. Подобро е да го остави детето негде, или да го фрли, или легално да го даде на посвојување? Го памтам случајот со тоа бебето Најден, наспроти такви случаи, легалниов пат не ми изгледа толку суров.
    Кога би било јасно и без осуда откажувањето од родителство, ми се чини помалку суровост и трагедии ќе гледавме. Кај што живеам, знам дека има бејби бокси во ареал на болниците, кој не сака да минува низ правен лавиринт, може таму да остави новороденче. И не мислам дека е тоа лоша идеја, или ми го испрале мозокот:|
     
    Последна измена: 26 август 2020
    На littleflower, Cherry333, Ambrosia и 20 други им се допаѓа ова.
  5. FVP

    FVP Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2018
    Пораки:
    355
    Допаѓања:
    1.179
    Пол:
    Женски
    Симни се од високиот коњ, оо ти светињо!
     
    На Luciferka, Brinetka, Stark и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Mikha4

    Mikha4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    218
    Допаѓања:
    736
    Баш напротив, и во интерес на детето е, посебно ако биолошките родители се свесни дека не се во можност да му пружат било материјална или духовна подршка. Има луѓе кои се повеќе од спремни да бидат родители, а не можат. Вака, барем детето има шанса на нормално и среќно детство.
     
    На mula, Ambrosia, mira.mira и 14 други им се допаѓа ова.
  7. Lovebug01

    Lovebug01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    1.953
    Допаѓања:
    4.917
    Пол:
    Женски
    Чекајте малку, членката само праша каква е процедурата за откажување на родителство, а не дали треба или не да се даде дете на посвојување. Не осудувајте и не наметнувајте ставови кога не ја знаете позадината на приказната зошто некој би се одлучил на таков чекор.
     
    На mula, Ambrosia, thelittle17 и 15 други им се допаѓа ова.
  8. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.608
    Пол:
    Машки
    Разбирам ова да го направат луѓе инвалиди кои не се во можност самите за себе да се грижат а не па за даца. Ама здрави прави луѓе? Кастрација и гулаг. Од дете да се откажеш бе, а здрав прав со раце и нозе, кој дегенерик треба да си. Ден и ноќ има да работам, што било, додека мрдам, само да му обезбедам она што треба..
     
    На Marija6165, Alisa22, 5.11 и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Biljarkata

    Biljarkata Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    7.726
    Допаѓања:
    75.379
    Јас не претпоставив дека е лично прашање и не осудив. Ама сметам дека е прашање што евентуално правник би знаел да го одговори. @Cka ти или некоја колешка, инфо за конкретната постапка ако имате?
     
    На kolovoz му/ѝ се допаѓа ова.
  10. lovestoneddd

    lovestoneddd Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    3.967
    Допаѓања:
    37.490
    Пол:
    Женски
    Што е подобро? Подобро е при неспремност за родителство, воопшто да немаат донесено нов живот на планетава, кој у државава повеќе би бил неживот.
    Јавно и без осуда? Зошто да се нормализира т.е глорифицира ваквата бруталност, кога може да се работи на причината на ваквиот проблем?
    Не знам кај си, ама во државава сигурно не си.
    Не е исто да си напуштено детенце у Македонија и напуштено детенце во држава со екшуали функционирачки социјални центри.
    Овде детето ќе се изнагледа се и сешто, и со дијазепами ќе го клукаат за да тлие мирно,може и на навидум фамилијарниот чичко вработен у установата да му послужи за гнасни страсти и при тоа да се дознае и никој со прст да не мрдне, за да еден ден, ако дојде таков ден, го земе пристојно семејство.
    Имам пример у комшии. Детето ПОРАСНА додека траеше посвојувачкиот процес. Процедурата знае да трае и со години. У какво семејство има влезено не навлегувам, а социјалната служба ниту еднаш ја немаше да тропне на врата.
    Биолошката и мајка иштанца уште некулцина деца.
     
    На thelittle17, Feminka22, ocicka2014 и 9 други им се допаѓа ова.
  11. Biljarkata

    Biljarkata Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    7.726
    Допаѓања:
    75.379
    Не постои држава со екшуали функционални социјални центри. И од Германија и од Норвешка може да прочиташ страшни приказни, не идеализирај. Ама помеѓу чедоморни приказни и бејби бокси, би избрала бејби бокс.
    Социјалната служба што не си ја работи работата е една работа, ама барем пар среќни приказни знам со посвојување и зрак надеж е подобар отколку осуда. Може да морализираме на друга тема, на оваа би оставила да се произнесат правниците, оти не е лоша и непотребна тема.
     
    На thelittle17, Stark, Mikha4 и 7 други им се допаѓа ова.
  12. Idedemja

    Idedemja Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    1.105
    Допаѓања:
    14.083
    Пол:
    Женски
    Во зависност од содржината на односите што се создаваат со посвојувањето и од трајноста на тие односи, посвојувањето се јавува во два вида:
    - Потполно посвојување (adoptio plena), и
    - Непотполно посвојување (adoptio semi plena).

    Под поимот “потполно посвојување” се подразбира создавањето на родителски однос, во кој меѓу посвоителот и неговото семејство, и посвоеникот и неговото потомство се создаваат права и должности кои постојат меѓу крвни роднини.
    Односите што се создаваат со потполното посвојување имаат траен карактер затоа што правата и должностите што настануваат кај овој вид посвојување се изедначуваат со оние права и должности кои постојат меѓу крвни роднини.
    Потполното посвојување не може да се раскине,
    односно еднаш востановениот роднински, односно родителски однос не може да престанува.
    Со засновањето на таквиот однос престануваат правата и обврските меѓу посвоеното дете и неговото поранешно семејство.

    Под поимот “непотполно посвојување” се подразбира востановување на роднински однос, во кој помеѓу посвоителите и посвоеникот настануваат само односи меѓу родители и деца.
    Кај овој вид на посвојување нема дефинитивно раскинување на односите на посвоеното дете со неговото поранешно семејство и не се воспоставува целосен роднински однос на посвоеното дете со семејството на посвоителот и со неговите роднини.
    Овој вид на посвојување може да се раскинува.
    Посвојувањето може да се заснова само доколку е во интерес на малолетникот.
    Како надлежен орган за засновање на посвојувањето е центарот за социјална работа.
    Според нашето право како посвоител може да биде само лице кое е државјанин на Република Македонија. Постои исклучок од оваа правило, кога странски државјанин може да биде како посвоител, а тоа е само доколку лицето зема одобрение од Министерството за труд и социјална политика, кое одобрение се дава по предлог на центарот за социјална работа.

    За засновање на посвојувањето е потребно да се исполнат определени услови кои се од суштествен карактер. Тие услови се:
    - Учество на определени лица (посвоител, посвоеник, родителите или старателот на посвоеникот);
    - Согласна изјава на тие лица за засновање на посвојувањето;
    - Учество на надлежен државен орган, односно учество на центарот за социјална работа; и
    - Засновање на посвојувањето во форма предвидена во законот.

    Формата на изјавата е многу важен елемент, па така според законот формата на изјавата што ја даваат родителите е писмена и истата се дава во просториите на центарот за социјална работа.
    Изјавата за согласност се пишува своерачно од родителот и истата се потпишува, а исто така треба да се потпишува и овластен претставник на центарот за социјална работа.

    За да биде валидна согласноста на родителите таа може да биде дадена откако детето ќе наполни три месеци возраст.
    Согласноста за посвојување може да се повлече се до моментот кога ќе се заснова посвојувањето.

    Во определени случаи не е потребна согласност на родителите. Таква согласност нема да се бара од родител кому му е одземена деловната способност или кому му е одземено вршењето на родителското право, како и од родителот кому повеќе од една година не му се знае престојувалиштето.
    Во случај кога посвоеникот веќе живее во семејството на посвоителот пред наполнување на 10 годишна возраст, тогаш не е потребна неговата согласност за посвојување, затоа што се смета дека тој веќе се соживеал во тоа семејство и дека со посвојувањето само правно ќе се уреди еден фактички однос кој веќе постоел.

    Значи @anelchylola луѓето кои се справуваат со овој проблем ќе се обратат во центарот за социјална работа и ќе ги запознаат со тоа дека сакаат да го дадат своето дете на посвојување, ќе се одлучат за каков вид на посвојување ќе станува збор и ќе потпишат изјава кога ќе бидат повикани во просториите на центарот за социјална работа.
     
  13. Idedemja

    Idedemja Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    1.105
    Допаѓања:
    14.083
    Пол:
    Женски
    Потполно си во право за лавиринтите во бирократскиот систем кои се бескрајни ако се сака легално посвојување, па заташкување документи, па барање мито особено ако станува збор за младо новороденче.
    Јас лично никогаш не би дала мое дете на посвојување, ама буквално никогаш, сепак не осудувам родители кои биле принудени или се решиле на ваков чекор од ним познати причини.
    Подобро да е детето на некој начин згрижено од институциите отколку фрлено, како што имаше низа случаи на средношколки, породени по екскурзии и бебињата фрлени во корпа за отпадоци по вециња.
     
    На lovestoneddd му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Snowflake97

    Snowflake97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    1.344
    Допаѓања:
    5.331
    Пол:
    Женски
    Зошто ако е веќе непосакувана бременост не заврши со абортус, туку веќе створен живот да се остави на милост и немилост не ми е јасно, дури и морници ме лазат од помислава на вакво нешто. Како може една жена која што тој живот го носела во себе цели 9 месеци туку така да го остави или фрли.
    Господ на помош.
     
    На thelittle17, Feminka22, Justicija и 4 други им се допаѓа ова.
  15. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    13.775
    Допаѓања:
    25.284
    Пол:
    Женски
    Мислам дека има рок во кој мајката може да се премисли за посвојувањето. Дете на посвојување не би дала. Колку што знам, Домот го растурија.
     
    На thelittle17, Feminka22, Justicija и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Idedemja

    Idedemja Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    1.105
    Допаѓања:
    14.083
    Пол:
    Женски
    Рокот е до моментот на потпишување на извјава, може да се премислат родителите и да се повлечат.
    '' За да биде валидна согласноста на родителите таа може да биде дадена откако детето ќе наполни три месеци возраст.
    Согласноста за посвојување може да се повлече се до моментот кога ќе се заснова посвојувањето. ''
     
    На thelittle17 и SummerGirl им се допаѓа ова.
  17. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    7.220
    Допаѓања:
    50.565
    Пол:
    Женски
    Мајки терези, имам една идеја за вас, посвојте детенце ако сте толку потресени за децата што се оставени ♡
     
    На tambelina, mula, Alishan30 и 11 други им се допаѓа ова.
  18. Purplelilac

    Purplelilac Популарен член

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.406
    Допаѓања:
    34.602
    Пол:
    Женски
    Што ако жената е силувана?
    Што ако не успеала да абортира поради првичен шок?
    Што ако се обидувала да го гледа, но не може да премине преку траумата?
    Што ако нема ниту доволно финансии за да му обезбеди достоен живот?

    Да, сурово е што го остава.
    Но уште посурово би било да го задржи иако не го сака и да му го направи животот пекол евентуално.
     
    На candy.cane, mula, theowndemon и 27 други им се допаѓа ова.
  19. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.016
    Допаѓања:
    16.291
    Во секоја тема, се тераш на сарказам и постои напад од твојата страна, а не конструктивни реплики.
     
    На thelittle17, lovestoneddd, Macito007 и 7 други им се допаѓа ова.
  20. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    7.220
    Допаѓања:
    50.565
    Пол:
    Женски
    Не бе не е сарказам, стварно таква идеја добив, пошо некои ми изгледате толку љубовни, никако не можете да прифатите дека постојат луѓе што ги оставаат децата, па ете греота е таа љубов да остане неискористена, дајте ја на некое дете ♡
     
    На 1209, ElenaOfRivendell и Ygritte им се допаѓа ова.