Ако е поставена тема само за да се одговори на прашањето која е процедурата, тогаш не поставувајте теми. Имате теми за прашања па таму поставувајте. Кога се отвора тема за вакво прашање очекувајте плеада коментари околу за и против истото.
Абе нека ги посвојат и геј парови.... подобро да да растат во топол дом со сите можности отколку в дом за деца
И јас истото го велам. Живот пише романе, којзнае во каква ситуација се наоѓаат тие кои ги оставаат децата па не гледаат друг излез. Една мајка која посвои девојче, јавно си зборува како на ќерка и ја учи дека биолошката мајка ја оставила во дом пошо ја сакала и мислела најдобро. Таа не можела да и го пружи тоа најдобро, па ја дава на друг да и го пружи бидејќи среќата на детето и е на прво место. За да не се осеќа девојчето отфрлено. И дека таа лично ќе и помогне еден ден да ја најде ако посака. Колку ми е мерак кога ја слушам. Ептен свесна личност. Без трошка осуда во нејзе. И ќеркичката ќе ја порасне таква
Да размислив и од таа гледна точка, што доколку е силувана и после завршило со бременост, ама сепак во тој случај абортусот е најдобро решение. И многу луѓе што имаат деца не заслужуваат да ги имаат, ама сепак не ги фрлиле. А ова свесно го носиш толку време и го раѓаш, за после да го оставиш не го разбирам искрено.
Види и јас сметам дека абортусот е најдобро решение доколку е несакана бременост. Но пак ќе речам не можеме да осудуваме додека не ги знаеме причините поради кои не го направила и сега се откажува од детето. Инаку за болдираното ми е многу погрешен став. Особено описот фрлиле. Не, не го фрла, го згрижува во установа наменета за тоа. Читаме на форумов еден куп различни приказни за родители кои психолошки, емоционално и физички им напакостуваат на сопствените деца и им оставаат болка и лузни за цел живот. Како е тоа поисправно?
Imam slusnato deka porano odelo preku majcin doma na primer devojka ostanala i sea nejkat da go cuvaat.. Sedela tamu nz od 5mesec negde do kraj si potpisuva deka se otkazuva od bebeto i posle poragaj zaminuva bez da prasa nisto za deteto.. Ali ja ne bi mozela ova da go napravam bi poludela skroz
Da se nadovrzam Zalno e sto gospod dava na tie sto ne treba... Pred da ima pricina za koja bi go napravile toa, treba da misli dodeka im e ubavo... I uzivaat
Подобро да го роди, да му даде живот и да му овозможи живот со луѓе кои ќе го сакаат и ќе го посвојат, отколку да го абортира односно убие. Секое зачнато дете има право на живот. Абортусот е суров, раѓањето не е. Конкретно за прашањето заинтересираните нека се обратат во Меѓуопштински центар за социјална работа, кој порано се наоѓаше пред Железничка во бела ниска зграда а сега се префрлени на рекорд.
Не замислувајте дека сите прават деца без да пазат и си ги даваат после во дом, немаат гајле. 1 процент дали се такви. А ти ако си толку побожна и го спомнуваш господ, не треба да судиш кој што прави
Ме стави во мисла со ова, не сум чула за ова досега. И после како функционира, се носат во дом претпоставувам тие деца? Вака на прв поглед ми звучи како поприфатлива идеја од тоа какви се случаи на оставање деца постојат, ама мислам дека во Македонија истиот концепт нема да функционира. Мислам, некни читав некоја од темите, имаше прашање што да правам, а да не одам на гинеколог, ја знае мајка ми гинекологот. Така ќе е и за ова мислам, да не ме види некој, ова она. Иако изгледа доста изолирано вака Иако, морам да признам многу се растревожив цела кога видов како изгледа на нет, не знам дали се такви стварно. Многу ми изгледа, како да кажам, како за предмет што ти е вишок дома да го донираш оставање Многу сум слаба на деца, тешкичка темава.
За несакана бременост обавезно абортус! Без разлика дали е ненамерно! Знам, има жени шо останале бремени од силување, ама и тоа не е оправдување, детето е израснато со омраза и во сосема нездрава околина шо не ни смееш да помислиш да воспиташ така дете! Здрави прави родители да се одлучат да го дадат детето во дом е за осудување! Луѓе шо никиогаш не биле во дом ни еден ден не знаат шо се се случува по домовите! Има премногу психичко, физичко дури и сексуално насилство врз децата! Повеќе на пик за сексуалното насилство се женските деца! Тие деца не учат ништо во т.н. основни училишта наменети стрикно за нив, никакви вредности не знаат, не знаат шо е родителска љубов, не се воспитани на бон-тон, не знаат шо е милост, не знаат ништо! Никој не се замара за нив воопшто! Тие деца претрпуваат секакви малтретирања! Сите го знаеме оваа! Оваа јавна тајна шо се дешава во домовите, само се правиме дека не гледаме и не слушаме! Единствено малку милост гледаат кога ќе дојде некој од партија да им даде поклони за Нова година! Црвен крст им носи износени алишта шо би требало да се користат за прашина бришење, не за секојдневна облека! Најмногу шо можат да им помогнат на тие деца се самохраните мајки шо живеат во домовите! Единствено само тие жени гледаат да им помогнат со совет или со домашна! И тие жени по домовите се премалку, не можат на сите еднакво да помогнат! Претстави имаат еднаш во три месеци! Воспитувачките не се замараат! Битно им е да си го испијат кафето и ако некој части да се наместат први да земат! Социјалните работници не се ни трудат нешто да сменат! Оваа е вистинската слика за децата по домовите! Дали е нормално во вакви услови едно дете да порасне? Сите знаеме какви гнасни работи се случуваат во домовите и ако пак минимална фамилијарна криза ви претставува огромен проблем за да го дадеш во рацете на ѓаволи треба да се засрамите! Тие деца додека некој се одлучи да ги посвои поминуваат години!
Ме натера да истражувам за историјата на ова, праксава постои безмалку иљада години во некаква форма. Немам чуено да постојат домови, знам постојат згрижувачки семејства и посвоители. Децата не треба да бидат по домови, треба да се вдомат, да се посвојат. Не би ја должела и ширела понатаму. А ако се од друг град? Или ова е за цела држава центар?
Најдобро е да се обратите до социјалниот центар, сигурно ќе ви објаснат се. Меѓутоа малку да се распрашате за некој "подобар" социјален работник, бидејќи како што изнапикаа една купа луѓе, половината така зимаат плата по социјалниве установи. Инаку јас сум и против АБОРТУС (освен во случај на силување) . Повторно е бебе (зигот, ембрион, фетус - само фази на развивање), и му се развиваат органите. Само што е помало и не го гледате. Познавам многу личности што останале бремени бидејќи сакале авантури, или имаат повеќе деца, или немаат финансии. Зошто воопшто го правите тоа доколку не сакате деца? Користете заштита или воздржете се од секс, не е крај на светот. Жално е како некои што многу сакаат да имат деца не можат... И со среќа на сите што сакаат да посвојат дете! Патот е долг и болен, но се исплаќа. И дане ги заборавиме децата кои не се бебиња, а чекаат да најдат топол дом. Кога ќе се омажам, ако имам доволно финансии, животна желба ми е да згрижам барем едно такво.
Не се сложувам дека децата што се во дом кај нас или бебињата што се во дом за новороденчиња ги клукаат со дијезапами. Децата во Детско село во Скопје имаат подобри услови од 95% од вас дома што имате и ги чуваат две воспитувачки прва смена две воспитувачки, втора смена две. Кога влегов првиот пат таму со другарка која беше таму мислев дека влегувам во некоја луксузна куќа, па плазма телевизор, компјутери за секое дете, туш кабини, кревети за секое дете посебен, ако добро се сеќавам тие што беа над 10 години беа и во посебна соба иначе се по двајца. Секогаш имаат облека која не е искината, имаат и нови патики што не се искинати, имаат телефони. Имаат кујна за која воспитувачката им вика земи си ако ти се јаде нешто од таму, значи се имаат во буквална смисла. Децата што беа во 11 октомври, во исти групни домови се во куќи на Водно. НА ВОДНО! Исто имаат добри услови за живот како и во детско село јадење, пиење, облека, телефони, компјутери. Баш ми е жал што повеќето од вас се во фазон ќе живееме во сиромаштија нема да го дадам во дом, значи океј е вие ако сакате да живеете во сиромаштија ама детето не е должно да трпи. Сега можеби има некој домови што се исклучоци од ова, ама јас тие што ги знам не се такви и не може да се прави генерализација. Е сега можеби некој ќе каже ама нема мајка и татко таму, што дека има се кога нема родители. Благосостојбата на детето подразбира и многу други работи освен да има само родители.
Дај боже да е вака ко што велиш. За сос детско село и јас исто знам, за другово не знам, но искрено не би предавала преголемо значење само на тоа што се работи за куќа на Водно, мислам дека од најмало значење е каде се сместени се дури се добри условите. Настрана од тоа памтам многу сомнителни ситуации за 25ти Мај, кај што штитенички бремени остануваа на 13тина години, од кои ако добро се сеќавам едната се потврди дека била злоставувана. Може и да грешам, ова ми е од вести во сеќавање останато, дали имаше разврска не знам. Во секој случај, имаа 3 бремени малолетни штитенички во исто време, што е доволен аларм за да се појави сомнеж. Исто, не знам како стојат со услови домовите во внатрешноста. Да се редактирам, мислам дека многу полесно згрижувани ќе беа децата да не бевме корумпирана држава, зошто знам дека има огромен интерес за посвојување. Ама треба доста пари за мито, од ситуација на блиски луѓе знам дека сума колку еден просечен стан дадоа за тоа и чекаа многу долго. Исто, има голем проблем за згрижување поголеми деца, зошто интересот е најмногу за посвојување бебиња. Ова генерално, не само кај нас.
Можеби биле злоставувани не викам не, но не сите тие штитенички што остануваат бремени се злоставувани. Низ разговор со девојчиња од дом за деца без родители, не детско село туку друг ми имаат кажано дека и самите воспитувачки немаат понекогаш контрола врз девојчињата посебно ромките. Вика колку и да внимаваат на нас во дом, не можат и во школо и кога сме искочени да внимаваат. Една девојка ромка од тој дом до 16 години имала два пати останато бремена, од што така и било убаво да си има секс без заштита. Еднаш и прогледале низ прсти, втор веќе не ама нема да коментирам што биднало потоа бидејќи може да најдам на осуда затоа што сметам дека било ригорозно но океј. Да се вратам на темата, не знам каква е ситуацијата во другите домови ама во тие што јас сум била има услови за пристоен живот на тие деца.
Јасно, ама еве и да не се злоставувани, случајов каде ромките не можат да ги контролираат укажува дека едукацијата некаде потфрлила во најмала рака, зошто и ромките и македонките иако доаѓаат од различна националност во домот ги имаат истите услови и истото воспитување. Јас би се прашала зошто само ромките во такви услови и дали нив им е посветено доволно, да не речам еднакво внимание? Избегавме малку од темата, може да се префрлат мислењава во соодветна тема, сепак е ок дискусијата и треба да се зборува на оваа тема.
А мислиш дека децата во домовите се некако повеќе заштитени, напротив тие деца и многу повеќе болка и страдање гледаат секојдневно, не се заштитени од никој, девојчињата често се мета на сексуално злоставување а никој не поведува постапка или одговорност за тоа. Ова го знам бидејќи имам отидено во дом за згрижување деца и сликата таму е очајна. Ама ете ние сме биле само на еден ден и не можеме да ја знаеме реалната слика како е да си внатре постојано, прашај ги тие деца дали тоа ги исполнува и се среќни што имаат компјутери и туш кабини. Иако јас кога бев во 11ти октомври сликата воопшто не беше како што ја опиша. Додека бев таму за неколку часа се ми стана јасно, децата немаат никаква контрола од никого оставени се сами на себе, воспитачките не се замараат, ама додека има некој од надвор они се мед и млеко спрема децата. Кога разговаравме со нив кажаа дека до 18 години се згрижени таму, потоа тие што се земени од дисфункционални семејства ги враќаат кај семејствата, а тие што немаат семејство државата им доделува социјален стан. А за ова за куќиве на водно прв пат слушам.