1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Откажување од факултетот

Дискусија во 'Образование' започната од doctorgreyxo, 2 февруари 2017.

  1. Оленка*

    Оленка* Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2014
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Ако губиш волја, значи немаш желба за факултетот.
    Два и два.
    И јас немам волја и имам еден тон проблеми на грб.
    Кој е проблемот со татко ти? Кажи ќе најдеме начин да ти помогнеме тука.
     
  2. doctorgreyxo

    doctorgreyxo Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2017
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    113
    Пол:
    Женски
    Не знам.Можеби сте во право сите.Би споделила за целиот проблем, но е долго.Можеби ќе ме сфатиш.Јас би живеела и во мала куќа и би работела, само да бидам среќна.Ете, ако со дечко ми заминиме некогаш здравје.. би работела и како сестра.Ќе ми биди криво што нема да бидам доктор, меѓутоа како? Еве како да продолжам? Уште 4 години се во прашање Можеби ќе квадрирам.Тие маки нема да ги издржам.Мене многу ми сугерираа и јас прифатив се А не сакав да се запишам многу многу . Со тек на време го засакав ова.И сега немам надеж од една страна а ид друга имам.И како што кажа мислам и дека не знам што сакам воопшто Можеби само да се изолирам.
     
  3. doctorgreyxo

    doctorgreyxo Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2017
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    113
    Пол:
    Женски
    Би сакала да најдам решение.Ама размислувам долго.А здравје веќе немам.Како би продолжила?Навистина е макотрпно тука, издржав досега ама после се што ми се случи неможам некако.Станав ранлива, тоа што порано имав проблеми со дечкото една работа, тоа помина и се реши.После тоа имав уште проблеми и кажав неможам да ги пишам долго е.. пиши инбокс ако сакаш ќе напишамм кога ќе можам..
    Паднав и неможам да се кренам.А единствено сум смирена без нервози покрај дечко ми.
    Ама ќе напоменам не е причината тој.Само ете .. тој ме смирува.Тој ќе ми помогни да научам, ќе мее мотивира.. ама друг ме демотивира.И еве.. ден денес јас незнам дали да се откажам или да продолжам.Ако се откажам останувам без факултет само со средно.. друго нема.Вие што би направиле?
     
  4. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.643
    Допаѓања:
    6.469
    Е сега и ти, гледаш колку совети ти пишавме што да правиш, што да ти кажеме уште? Еве на кратко: НЕ СЕ ОТКАЖУВАЈ ОД ФАКУЛТЕТОТ! Прочитај погоре што ти пишав и за другарка ми, имаш доволно поддршка, речиси цела фамилија плус и дечко ти, наспроти татко ти еден што не те поддржува!

    Ако се откажеш сега од факултетот, после цел живот ќе жалиш верувај ми. Што ќе работиш после само со средно, ќе се задоволиш со платата што ја земаат сестрите, а како доктор би земала многу поголема? Размисли малку околу ова, па после реши дали вреди да го оставиш факултетот. ;)
     
  5. PaLaVa

    PaLaVa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    3.705
    Пол:
    Женски
    За тоа дали да се откажеш или не, ќе поразговараш со оние кои ти го плаќаат студирањето. Седни и разговарај со мајка ти, баба ти и дедо ти и раскажи им ја целата ситуација, остави го татко ти на страна. Една членка те посоветува дека можеш како опција да го ставиш факултетот во мирување. Ако ти е толкава желба да заминеш со дечкото во странство, тогаш разговарај на оваа тема и со него. Објасни му дека не се чувствуваш мотивирано за да продолжиш со факулетот и дека сакаш барем на кратко да се оддалечиш од сите и да пробаш нешто ново. Барајте понуди за работа надвор, пробајте таму. Можеби ќе ви тргне работата па ќе собереш доволно средства за кога ќе се вратиш да можеш да продолжиш со студирање со мирна глава и со свои пари. Не избрзувај во одлуките, девојки се мажат, раѓаат деца, па дури потоа го завршуваат факултетот. Имаш време за се, само размисли што ти е најбитно во моментов.
     
    На *Amethyst* и toogood им се допаѓа ова.
  6. Blue000

    Blue000 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2017
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    159
    Пол:
    Женски
    Зошто си се убедила дека немаш сили и не можеш да станеш и да продолжиш? Со такви мисли што ќе постигнеш и како ќе си го решиш проблемов ? Ова ти е вид на искушение и една препрека која треба да ја надминеш. Одлично те разбирам јас од најамбициозната личност на свет паднав сосема психички поради проблемите кои ги имав и почнав да ги паѓам испитите и потполно паднав во депресија се изгубив буквално. Ама нема да останам доле поради моето семејство кои немаат пари а сепак наоѓаат за да успеам и да ја земам таа диплома и да си ја обезбедам иднината. Како можеш да го дозволиш ти тоа? Знам колку е тешко да учиш кога поминуваш низ тежок период, буквално сум плачејќи сум учела. Ама ова ми е искушение и како ќе се изградам како личност ако паднам на ова а сигурно следат потешки работи? Се уште се борам да станам ама се борам не мислам на откажување за мојата иднина се работи. За се постои решение. Ништо не треба да те интересира ни тоа дали татко ти го сака тоа што го учиш или некој друг. Ова е твој живот и иднина која ти си ја градиш како можеш да дозволиш да влијае некој на тоа па макар и родители да ти се??? Едиствено ако финансиски не можете да издржите тоа е друга приказна ама не доаѓа во предвид откажување ни во овој случај. Ќе си го ставиш во мирување година дена и ќе работиш ќе си заработиш пари и ете ти ќе можеш да си платиш сама. За се има решение и начин само треба да сакаш. Не дозволувај никој да ти кажува за твојата иднина ако ти дал живот не значи и дека треба да ти го контролира. Ако те сака како ќерка ќе те поддржи ако не нема што да си ја уништуваш ти иднината за човек кој како родител не може да ти пружи поддршка која би требало да ја добиваш. Биди паметна.
     
    На Оленка* и AnastasiaWinter им се допаѓа ова.
  7. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.769
    Допаѓања:
    324.643
    Пол:
    Женски
    Пред време размислуваш за квадрирање аман.Зошто едноставно не си признаеш на таа во себе дека моментално не е тоа тоа,не ти се учи ,не ти прај кејф и готово.Како да цело време чекаш одобрување од нас да ти кажеме е ако де отпиши се голема работа.

    Велиш учам а не сваќам..е тоа е тоа..можеби едноставно не ти лежи медицината.Медицината е како математика не се учи на памет .

    Проблеми вечно ке имаш некакви.Неможеш нонстоп ради нив да се откажуваш од се што сакаш
     
    На kikkki, cresa-jagoda, Оленка* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Liu

    Liu Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2016
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    2.501
    Пол:
    Женски
    Аκо пρоблемот е татκо ти односно пρоблемот пρоизлегува семејството моментално најголема гρешκа ќе ти биде отκажувањето од фаκултетот. Аκо не е татκо ти сега поκρај тебе во иднина уште помалκу. Ти пρед себе κаκо млада личност го имаш цел живот во κој тρеба да стваρаш да одиш напρед и да бидеш успешна ЗА СЕБЕ СИ ПΡЕД СЕ. И јас сум на студии во дρуг гρад и мноху донρо знам κаκо е да имашжпρазен фρижидеρ и неделата да ја вρвиш со 300 денаρи вџеб. Κажа деκа имаш помош од баба ти и дедо ти. Биди благодаρна и возвρати му и нив и на мајκа ти со тоа што ќе учиш и ќе бидеш успешна. Психолошκи κρизи, неρвози и анκсиозност во теκот на студоρањето не се баш ноρмална ρабота но исκρено ги има сеκој студент. Јас лично за пρв пат во мојот живот почнав да живеам сама без моите тешκо е да но не е доволна пρичина за да се отκаж. Смогни сили, пρибеρи се и фаκултетот неκа ти биде најважен и да не ти теκнало да се отκажеш. Обезбеди си ја иднината бидејќи животот оди бρзо утρе неша да бидат поκρај тебе миту твоите ниту баба ти и дедо ти. Животот дава сегогаш шанса плус ти си млада и јас сум сигуρна деκа аκо си упоρна ќе успееш. Во овој момент фаκултетот неκа ти биде пρиоρитет. Момемталната κρиза во твојот живот κоја пρоизлегува од татκо ти и психичκи те ,,тепа" нема да ρеши аκо ти го напиштиш фаκултетот. Мапρотив ќе се вρатиш дома меѓу сите пρоблеми и ќе си ја испиштиш можеби и шансата за еден подонаρ живот. Со самото созρевање во животот ќе имаш можеби и потешκи пρонлеми но тоа не е пρичина се да оставиш и да заминиш. Ρазмисли κаде се гледаш себе си и κаκва цел имаш во животот и одлучи дали ќе се вρатиш дома илу ќе нидиш јаκа и ќе пρодолжиш напρед. ЈА ИМАШ НАШАТА ПОДДΡШΚА И ТЕ МОЛАМ НЕ СЕ ОТΚАЖУВАЈ :*
     
    На *Amethyst* му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.590
    Допаѓања:
    79.156
    Пол:
    Женски
    Подобро стави го во мирување. Нека не биде залудно потрошено времето, трудот и парите. Ќе продолжиш кога ќе помине овој период.
     
  10. lilo

    lilo Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2010
    Пораки:
    743
    Допаѓања:
    1.293
    Пол:
    Женски
    doctorgreyxo
    Оленка*
    Вие девојки сте се шекнале. Учете и само учете се друго е минливо. Јас ќе ви ја раскажам мојата судбина а вие одлучете.
    Имам среќен брак но многу протргав со болно дете.
    На 18 години се омажив со завршено средно образование(бремена). Се вработив во меѓу време и на 19 се породив. На работа ми беше плата 12,000 денари а работник сум голем и имам познавање. Родив и второ дете за 3 години после првото. Во меѓу време во мојата фирма се вработија за нишај врата земај плата. Ме фати инает земаа скоро дупло од мојата плата а јас незнам ова, јас неможам она. Со 2 деца од кои помалото немаше ни година се запишав и завршив факултет.
    А на работа бидејќи се докажувам постојано немаше потреба да ургирам(иако им доставив диплома, барање) за мојот труд веднаш ми излегоа во пресрет и платата ми стигна скоро дупло. Сега и детето ми е скоро здраво и успешен брак со мнооооооогу љубов и подршка од сопругот
    doctorgreyxo па крајно ако неможеш да го трпиш татко ти и ако тој е виновен за твојата психолошка состојба земете се со момчето и гледај да се средиш психички зошто во таа состојба тешко ќе се бориш со предизвиците во животот а и во странство.

    СРЕЌНООООООО!!!!!
     
    Последна измена: 2 февруари 2017
    На sj *O*, cresa-jagoda, mira.mira и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. doctorgreyxo

    doctorgreyxo Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2017
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    113
    Пол:
    Женски
    А со оглед на тоа дека студирам во друг град? Понатаму како ќе биди тоа? Па ако сакам да работам можам ли да ги земам документите од факс?
     
  12. doctorgreyxo

    doctorgreyxo Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2017
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    113
    Пол:
    Женски

    Имаме 20 години.Не е време за брак, барем јас така мислам, а и тој го мисли истото.Само поради лошата психичка состојба и условите во кои живеам јас и него му кажав дека би се омажила.
    Многу претприв, многууу.
    Јас цело време во постов кажувам дека сум психички истрошена поради проблемите и дека поради тоа кас станав депресивна, немам волја, овде воопшто не ми се живеј, и со оглед на тоа дека имам и австриско државјанство и пасош, јас живеам во мк.Имам еве и други шанси, можеби ќе немам факултет ама па можеби ќе бидам среќна.Не знам.
    Денес еве полагам ама јас исто ко да не полагам.Учев ама ко со сила.Колку да не е бадијала идењето и парите.Не верувам дека ќе положам, не сум спремна а психички пак 0.
    Не сум храбра да продолжам.Зборував дома на оваа тема.Мајками ме поддржува, баба и дедо не.Викаат дека тоа е грешка.Дека потрошив пари и труд.Парите секако ќе се дадат, ама здравјето ќе се врати?
    Колку и да ви изгледа како да барам да ми викате да се откажам не е така...сакам само да знам како да продолжам вака кога неможам, немам ни концентрација и сакам само дома да си одам овде не ми се живеј...колку и да звучи занесено јас реков дека навистина покрај дечкото имам мир,спокој.Сите сакаме да имаме спокој,мир.. да бидиме таму каде што сме среќни.Што ако имам желба кога нееможам да ја исполнам ако сум ваква?
    Медицината бара труд, одрекување од се,психичка стабилност и гоооолеми пари.И парите се проблем.Знам дека немаат а мора да ми дадат.Ептен е скапо, со кофинансирање сум и башка секакви други трошоци.
    Јас одам тами каде што има мир.. ..не знам дали ме разбравте.
    Го сакам ова ама вака нема да завршам можам само да заглавам и со факултет и в болница.
     
  13. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    51.800
    Пол:
    Женски
    Те читав и во другата тема.
    Мислам дека твојот проблем е што не си посветуваш доволно време на себе и не ги ставаш твоите потреби на прво место.

    Тргни на страна дечко, родители, баба и дедо. Што сакаш ти? Твој е животот, секако треба да се прават компромиси, ама не смееш да се ставиш во втор план.
     
    На sj *O*, theowndemon, mira.mira и 6 други им се допаѓа ова.
  14. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Чекајте малце другари.

    Баш пред некое време читав едно истражување, се покажало дека кај студентите во втора/трета година на факултет имало зголемување на депресијата и анксиозноста. Зошто? Затоа што мислеле дека донеле погрешна одлука, почнале да сфаќаат колку всушност чинат студиите, чувство на вина што трошат толку многу, итн. Или во превод - полека почнале да влегуваат во светот на возрасните. :)

    И јас имав еден чкљ период во тоа време, се разочарав, се случија и некои други неубави настани и сосема изгубив волја. Ме фати инает, ме нервираа професорите (па како баш тој семестар се погодија тие што најмалку ги сакав :D), почнав да не одам на предавања... ми потонаа сите бродови. Изгубив волја, интерес, оптимизам. Да бидам искрена, да не ми беа (блиските) колеги, немаше ни да одам на полагања, не знам уште зошто толкав револт ми се јави кон факултетот. Односно, сега знам. :)

    Е сега, добрата работа е што е само период, според мене. Ми требаше малку време да се стабилизирам, испити не паднав и не презапишував ништо, ама не беше тоа-тоа и не беше со толкав мерак како кога почнав да студирам.

    Ова за да те утешам, затоа што мислам дека моментално си толку збунета што не можеш ни јасно да ги гледаш работите.

    Уште нешто многу важно е тоа што ако имаме некој поголем проблем на друго место, се' друго ни смета. Пример, во лоша врска - па ти сметаат колегите на работа, ти смета работата, ти сметаат домашните, ти смета градот, државата, соседите, другарите, пријателите... сам себе си сметаш на крај. :D

    Додека не расчистиш што е тоа што тебе ти смета, мој совет ти е да не преземаш ништо. Лесно е за отпишување, ама за повторно запишување не е. Ако не се лажам, ставањето во мирување не чини ништо или се плаќа некоја минимална сума.

    Секој од нас поминал низ некоја чкљ фаза (копирајтс за зборов? :D) и тоа е тоа - само фаза е. Живот... Секој си знае со каков проблем се расправа. Не можеме да бидеме цело време среќни, ама не можеме ни цело време тажни, колку и да се трудиме. Така да, смири се, размисли убаво и со „изладена“ глава. Јас мислам дека проблемот не ти е во факултетот, туку во нешто друго.

    п.с. А види, ако планираш навистина да работиш во полето на медицината, треба да си многу стабилна личност и со многу цврст карактер, а богами и со големи предиспозиции. Како стигна до овој факултет, како го одбра? Нема да можеш сред операција да доживееш мал нервен слом и да кренеш раце, да си отидеш, па што знаат - нека прават. :)
     
    Последна измена: 2 февруари 2017
    На sj *O*, kikkki, cresa-jagoda и 14 други им се допаѓа ова.
  15. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.732
    Допаѓања:
    145.123
    Охоо кај нас од кога се употребува. :P:P:P
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Тоа мислев, ама некогаш заборавам дека не ми се сите во главата да ме прочитаат, па морам убаво да се објаснам. А доста често не се дообјаснувам, дури ни сама со себе. :rofl: Не знаев од кај ми е изваден, а едно-две - чкљ. :D
     
    На duffi му/ѝ се допаѓа ова.
  17. *Amethyst*

    *Amethyst* Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    1.778
    Допаѓања:
    9.929
    Пол:
    Женски
    Јас се согласувам со Doozy, чим велиш дека го сакаш факултетов а проблемите ти се од дома, тогаш имаш една финта која се вика IGNORE, игнорирај го татко ти, нека не постои у овој период за тебе, дечко ти ако може нека дојде у Ск или Шт кај и да учиш па ако он ти е позитив ау живот тогаш полесно ке ти биде.

    Ако се откажеш, верувај дека тек тогаш ке осетиш тортури од татко ти посебно, ако до сега те вреѓал сеа уште повише ке почне. Јасни ми се тие психологии.

    Друго е да не го сакаш ова, ако е тоа причина тогаш откажи се јер стварно доволно имаме лекари у здравство што не си ја сакаат професијата. Но, ако го сакаш ова, игнор на татко ти и сконцентрирај се на учење.
     
    На sj *O*, mira.mira, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.590
    Допаѓања:
    79.156
    Пол:
    Женски
    Документите треба да останат на факултет но мислам дека по потреба ги даваат на студентот па тој после ги враќа. Не сум сигурна за ова, најдобро да се информираш на студентски прашања.
     
  19. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    12.626
    Девојчето цело време фокусот го става на тоа дека не е добра психички, знаете ли што значи тоа? Не е она нешто што сите на моменти се чуствуваме така, туку константно да те гуши, да немаш волја да се помрднеш од кревет, а не пак да фатиш книга. Можеби пати од депресија, а може е само период. Но она чуствува, не може да учи. Е за ова дека не се учи под таква состојба во право си. Лично ја искусив и милион пати бев во конфликт со себе дека не можам, но знаеш што правев тогаш? Вложував дупло повеќе напор и положував со десетки. Сега се чудам од каде толкава сила, а и психологот за ова ми симнуваше капа, вели не сретнал таков случај. Да е потрагично се запишав и на постдипломски. Биди и ти "вториот" случај. Кај мене не беа моменти, туку депресија и знам како депресијата влијае на памтењето, волјата и колку фрустрира. И кај мене проблемите потекнаа од дома. Татко ми иако го пишува на дипломата денар ми нема дадено за факултетот. Можеби и изборот
    на факултетот тоа што треба да учиш толку години, а и плус твојата состојба ти делува демотивирачки, но не се откажувај. Финсиски не се загрижувај, колку толку те издржуваат, не се жалат, најголема желба на семејството е детето да заврши факултет. Не се откажувај, ако толку чуствуваш дека не можеш поради околностите, направи пауза, работи на себе и земи залет уште посилно. Можеби дипломата од средно ќе ти донесе пристоен живот во странство, а замисли што би било со дипломата по медицина од факултет. Мораш да имаш нешто да те води напред. :)
     
    На thelostone, kikkki, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Maja95.

    Maja95. Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    58
    Пол:
    Женски
    Значи тебе дечко ти ти е решението за проблемите што ги имаш , за мирот и спокојството што ги немаш од другите работи. Кога тој би бил покрај тебе би ти исченале сите проблеми??