Моментално кажав што сакам.Се надевам дека ќе помини ова, еве и денес положив а отидов со намера да паднам, не учев само читав.Опишав дека не сум психички добра, и навистина ми е проблем тоа.Се надевам дека ќе се подобрам, до тогаш не знам што ќе биди.
Проблемите се проблеми.Ама барем знам дека има некој до мене.Тој ми помага, ме мотивира и да учам.Не е лесно да си сам во друг град и психички растеретен.Немаш волја, а пример тој да ми е тука би учела, нема многу да мислам(не дека воопшто нема да мислам)ама барем ќе бидам посмирена.Многу работи ми помогнал, кога не сум можела да си одам сум немала дали превоз,пари идеше ме земаше, кога плачам ме теши... значи многу е битно да имаш некој што те разбира и утешува. Не викам јас да се омажам, ама ако не сега па можеби подоцна ако продолжам да живееме во градот кај што студирам.Се е то планирање само, ништо не се знае.Јас само така кажвам.
Фала за советите, меѓутоа следи уште потешко а со ваква состојба не се продолжува.Сепак ќе размислам што и како би било...што би било понатаму итн.
Баш тоа е причина да продолжиш понатаму и да не се откажуваш. Откажување од факултет е само доколку не ти се свиѓа факултетот, таа професија или пак едноставно не те бива за тоа, но ако го сакаш факултетот и добро ти оди тогаш не смееш да се откажеш. Баба ти и дедо ти ќе те финансираат додека можат, потоа ќе паузираш, ќе поработиш некое време и повторно ќе продолжиш. Колку побрзо го завршиш факултетот, толку повеќе имаш шанси да си најдеш убава работа и да се тргнеш од татко ти. Мислам дека треба да се релаксираш малку и да се фокусираш. Пробај да медитираш, ќе ти помогне доста, ми звучиш на многу расеана личност.
Тоа е многу убава ρабота-мажењето најбитна ρабота во животот,но и фаκултетот е битен. Не гледам пρичина зошто да се отκажеш од фаκултетот. Омажи се и пρодолжи со фаκултетот. Убаво е што неκој те финансиρа твоите баба и дедо бρаво за нив. Јас што да κажам живеам од пензија,и не сум вρаботена 10 години имам Пρавен фаκултетзавρшено и што да пρавам,што ќе напρавам аκо ρазмислувам до κога ќе ме издρжуваат моите ρодители.
Абре девојче зошто да се откажиш од факулетот ако ти оди толку добро? Си вложила толку труд а и родителите толку многу за да те школуваат. Заврши си го факултетот. Ако толку многу си психички растроена ете така да се изјаснам направи мала пауза со фах. Посвети си малку време за себе опушти го мозокот. Шета,смеј се уживај малку во животот. И дечко то ти е тука ке ти дава сигурно подршка. Ке видиш дека се ке се среди.
Колку што сфатив поминуваш низ лош период.Мој совет е да не се откажуваш од факултетот иако се чувствуваш исцрпена.Зошто би се откажала од нешто што го сакаш,од нешто што ти оди,од нешто што утре ќе те одведе до твојата кариера од соништата? Ти треба само малку одмор далеку од сите.Можеби изгледа дека ова е најтешко во животот,дека сега треба да се откажеш.Но,всушност обратното е.Излези на чист воздух,диши длабоко,истерси ја фрустрацијата и стегни заби.Мисли на денот кога ќе дипломираш,колку е убаво тоа чувство.Мој совет:What doesn't kill you makes you stronger...
А зошто па да не е изводливо? За 3 години ќе го завршиш факултетот, ќе се вратиш во твојот град и ќе се омажиш. Мој совет: Не се откажувај! Баш ако останеш на факултетот, се заинаетиш и завршиш, ќе си докажеш колку всушност храбра девојка си ти. Поддршка имаш доволно. Само напред, ќе видиш дека можеш.
Ne se otkazuvaj ako go sakas fakultetot. Sega si vo krizen period i mislis deka nemas sila zasto si povredena od tatko ti. Znaj deka postojat razlicni roditeli.Koj znae i sto mu se slucuva vo glavata na tatko sto ne te podrzuva no toa ne e tvoj problem.Ako mozes da rabotis nekoja dodatna rabota da si go nadopulnis budgetot raboti. No stavi go tatko ti vo nekoj folder koj ke go otvoris koga ke zavrshis fakultet. Sigurna sum deka majka ti ke te podrzuva i deckoto.Fakultetot go ucis za sebe i za nikoj drug.I da nemas finansiski problemi i da si bo mk pak moze da te fati slicna kriza.Mene me fati na posledniot ispit.Godina dena rabotev a ne go polagav zasto mislev deka e bezcelno i nema da najdam rabota. Posle so mn trud go poloziv i najdov rabota po struka za 3-4 meseci.Znaci nekogas imame nerealni stravovi.Odi na lekar moze malku ke ti dade terapija koja ke ti gi sredi mislite.Ne e strashno i sramno toa. No ne se otkazuvaj zasto potoa ke ti treba mn poholema sila za da bilo sto odlucis vo zivotot zasto ke nemas samodoverba.So sreka.
Ќе напишам нешто офф топик. Значи ќе се понудам да помогнам на тие што сакаат да студираат а имаат финансиски проблеми,значи жиро сметка да ми дадат и се ќе биде анонимно ниту да ме знаат ниту да ѓи знам за возврат не сакам ништо едноставно само да помогнам во лп добродојдени се сите кои имаат вистински финансиски проблеми ако ѓи има повеќе само најранливите колку што можам.
Здраво, јас сакам да го оставам мојот факултет заради работа во Германија, мислам дека таму ќе имам подобра иднина (бидејќи сум била до сега во германија). Дали мислете дека мојата одлука е добра?
Ima nekoj fakulteti se priznati nekoi ne, ima posebna strana kade sto moze da se proveri dali fax e priznat vo germanija, ke probam da ja najdam i ke ja pratam ovde
Те разбирам. Кога дома ситуацијата ти е лоша, кога фамилијата ти е хаос, кога од секаде има само болка и притисоци, кога туѓи проблеми ти наметнуваат, кога не те оставаат да дишеш и да бидеш тоа што си е многу тешко. После караници ,викања, плачење по цели ноќи на книгата не ти ни текнува. Поминувам исто така низ лош период, но никогаш на памет не ми дошло да го откажам факултетот. Знаеш зошто ? За утре јас да можам да создадам мое функционално семејство, за да не зависам од никого за денар, за да направам нешто во животот, за да живеам подобро од сега. Ситуацијата е таква каква што е , ако решението не ти е да се омажиш и иселиш ќе седиш и ќе трпиш. Знам дека боли, верувај , ама нека те теши дека е само уште малце. Од се ова ти треба да излезеш посилна, а не да дозволиш да ти се уништи животот. Тоа што студираш во друг град далеку од се ти е огромна предност барем на момент да заборавиш на се што се случува дома. Искористи ја .
Не сакам да те навредам, па извини ако го направам тоа во следниве неколку реченици. Немаш реален проблем. Имаш семејство и дечко кои се позади тебе безрезервно, но одбираш проблемот со татко ти да го ставиш на прво место како приоритет по кој треба да се водиш како се чувствуваш. Факултетот не е summer camp, тежок, мачен и комплициран е. Сите сме биле студенти, сите знаеме што значи акање по потписи, чмаење по ходници, изживување од професори, неспиење, нејадење, немање пари зашто се чува за скрипти, сè. Дури, некои на форумов можат да сведочат дека онаа поддршка која имаш во четири луѓе што ги наведе, тие ни од далеку ја немале. Па што ако еден човек во твојот живот не те разбира најдобро, подобро ли ќе биде ако не постои, бидејќи многу луѓе воопшто немаат по еден родител. Починал. Немаат опција воопшто да се сложуваат или не со него. Твојот проблем и дилемата за откажување од факултетот треба да ја бараш во сопствената глава како нешто имагинарно, како ветерница со која се бориш беспотребно. Како што ти напиша Crimson, треба да посветиш малку повеќе внимание на себе и на своите желби и дневни уживања и да сфатиш дека животот колку и да се чини тежок, прво никогаш нема да биде полесен, второ секогаш ќе има убави работи во секоја лоша ситуација, нормално ако сакаш да ги видиш и искусиш.