1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Откажување од факултетот

Дискусија во 'Образование' започната од doctorgreyxo, 2 февруари 2017.

  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    Ако се сака се може....незначи дека првиот ако бил погрешен избор или лош пристап кон факултетот дека Вие сте лоши студенти дека не сте за факултет дека друго ништо не ви оди. Јас одев на правен - искрено не многу озбилно но пола ги поминував пола оставав....можеби младост лудост мислев така е, НО и финансиски неможев да издржам. Изгубив 1 година (тоа беше единствено нешто што изгубив) НО добив голема лекција. Запишав друг факултет спротивен на правен - економски смер. И ете завршив. Секој заслужува втора шанса.
     
  2. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Ne mi e jasno zosto sakas da se otkazis od fakultet koga sve ti e polozeno,smirise I ne dramatiziraj....
    Se studira 4godini I poveke, vo tekot na tie godini normalno deka ke ima I problemi I podemi padovi I sto deka se karas so tvoite site se karame I sega zaradi tvoite ti ds se otkazis a babati I dedoti tolku vlozile vo tebe,prestani da si tolku sebicna I negativna...
    Tvojata sreka ne zavisi od nikoj samo od tebe ,nekoj nema voopsto sansa da studira ti imas sednigo gazot na stol I nikakvo otkazuvanje,tvoite roditeli treba sami da si gi resat problemite I ne da ti se isturaat tebe,koga baba ti I dedoti te podrzvat glavata gore I nikakvo otkazvanje,ne bidi psihicki tolku labilna bidi gorda na sebe I samo napred....
    I dosta so tie izgovori majkami tatkomi,tvoe e da odis napred I da zavrsis ne ti da mu gi resavas problemite...
    Ako si umorna nauci da se odmoris a ne da se otkazis...
     
    Последна измена: 3 февруари 2017
    На sj *O*, mira.mira, *Amethyst* и 3 други им се допаѓа ова.
  3. InWonderland

    InWonderland Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2016
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    420
    Пол:
    Женски
    Ахх, малечка, ми се здожали искрено.. Стварно многу ти е комплицирано, ама гледаш од друга страна имаш волја да учиш.. Тоа е многу добро. Сега за тешко тешко е стварно, факултет заувек е таков, многу ретко за тие што можат без проблем да го решат. Би ти рекла да издржиш уште колку и да ти останало, оти го сакаш она што го учиш. Сепак ти си знаеш, нормално и до возможностите е од секоја смисла на зборот :)
     
  4. BlondPrincess

    BlondPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2016
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    125
    Пол:
    Женски
    Ти имам пишано и приватно.Најголем проблем од се во целава приказна е тоа што дечкоти ти се лути и тоа е тоа.Не драматизирај тука психичики проблеми незнам што.Најпрво беше проблемот зошто ти се лути поради секс и дека не се гледате често а ти дека студираш во друг град. Крај краева ако не ти се учи и не учи.Има и онака премногу кадри незапослени со завршени факултети.Не го држи местото на некој друг во таа квота во која си.
    Еден ден коа ќе раскинеш со дечкоти ќе се каеш што си се врзала ко него како да нема други.И доста веќе со 400 теми отварање зошто тој не ти праи муабет.
     
    На kikkki, okcenzi, Olgica.bu и 7 други им се допаѓа ова.
  5. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    51.800
    Пол:
    Женски
    Сега тек ова го гледам.
    Ти девојче други работи треба да решиш прво.
     
    На sj *O*, okcenzi, Zlatna12345 и 10 други им се допаѓа ова.
  6. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.346
    Допаѓања:
    6.799
    Пол:
    Женски
    Не сакав да коментирам, ајде да не грешам, ама во право си. И јас приватно разговарав со неа, и мислам дека тука најголем проблем и е дечкото, кој постојано и е лут и ладно се однесува кон неа, и вероватно мисли дека ако се врати во својот град ќе и се среди врската.

    @doctorgreyxo незнам дали самата си се залажуваш, ама многу поинаку ја претставуваш ситуацијата во оваа тема, велиш дека дечкото те поддржува, и дека не е поради него, а сепак се се врти околу него.
    Јас мислам дека немаш никаков психички проблем, ниту пак се работи за татко ти.
    Ти треба поддршка да го оставиш факултетот, да слушниш дека тоа е во ред, за да немаш грижа на совест, иако знаеш дека е погрешно.
    Според се она што си напишала, врската не ти е воопшто стабилна, и со дечково неможеш да направиш ни нормален разговор, а размислуваш за брак. Те притиска за секс,али не ти верува дека ќе ти биде прв.Ти се тресиш дали ќе има крв, оти ако нема, ќе те остави. И дали сериозно за овај истиот, размислуваш да го напуштиш факултетот?
    Од дома те поддржуваат, финансиски најдоа начин да ти помогнат, и сигурно се жртвуваат за ти да имаш добра иднина, а ти за некој кој не те ни почитува, сакаш да го отфрлиш сето тоа?
    Незнам кој е проблемот со татко ти, бидејќи одбегнуваш да кажиш, ама сигурна сум дека ти е многу подобро да живееш сама и во мир, отколку да се вратиш дома кај него, штом еве таква е ситуацијата.

    Што се однесува до факултетот...Никој од нас не бил постојано мотивиран и концентриран, сите сме имале тешки денови, сме паѓале психички, сме биле разочарани..Ама сепак не сме се откажале.
    На крај краева, кој сака да учи?
    Секако дека е тежок целиот тој процес, ама ако имаш доволно голема желба и ако си упорна, не е невозможно.
     
    На sj *O*, eliesaab, okcenzi и 8 други им се допаѓа ова.
  7. BlondPrincess

    BlondPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2016
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    125
    Пол:
    Женски
    Абе ајде крај краева нека се омажи за него чим толку незнае што да прави со животот ако го нема него т.е грешка, И СЕ ЛУТИ И СЕ ПОНАША ЛАДНО.
     
  8. doctorgreyxo

    doctorgreyxo Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2017
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    113
    Пол:
    Женски
    Тоа што се расправам со него е друго.Никаде не сум спомнала дека ми се лути ако не можам да излезам или слично.За други причини се имаме скарано или налутено.Можеби до некаде сте во право, ама до некаде.
    Јас ја претерувам во некои работи и покасно се свестувам.Можеби и јас си имам некој филм направено врска со тоа што пишав за сексот и лладното понашање.Ладното понашање беше друга причина и ја решив.И ова ќе го решам.Прифаќам се што кажавте и ќе речам пак дека до негде сте во право и @crimson е во право дека не си посветувам доволно време за мене.
    Не е проблем дечкото за ова со факултетот.Навистина.Настрана тие работи што се карам јас со него.Ако некогаш неможам да си одам дома, нема да си одам.Иначе јас сакам да си одам дома и си одам редовно, бидејќи сакам а не дека сиум приморана.
    Ако се случи нешто со него во врска со темата за "прв однос" ќе ви кажам.Тогаш ќе ви речам дека сте потполно во право.Јас навистина имам психички проблем и нервози и расеаност, и тоа не ми дозволува да бидам доволно сконцентрирана.Одлучив да продолжам на факултет па што биди биди.Здравје.
    Сепак фала и на разбирање и критики.
     
    На Someonespecial, krEM4Eto, mira.mira и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. doctorgreyxo

    doctorgreyxo Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2017
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    113
    Пол:
    Женски
    Немам 400теми отворено.
    Повеќето во инбокс сум правела муабет.
     
  10. krEM4Eto

    krEM4Eto Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    4.274
    Пол:
    Женски
    Поќето коментари ги читам и сите почнуват ама јас не сфаќам ама не разбирам зошто сакаш да се откажиш од факсот. Клајте си прст на глава и кога не разбирате зошто воопшто се трудите да солите памет??
    Не може да зНаете како е, ако не сте се нашле во таква ситуација ниту па знајте да дадете одговор! |(
    @doctorgreyxo јас те разбирам потполно. Имаш притисок од сите страни, а најлесното е да се откажиш од она шо те прави тебе среќна, а не делува на никој друг и никој не е повреден.. Немој да се откажуваш свесна си дека ќе згрешиш ако го направиш тој чекор. Не кон мајка ти и баба ти и дедо ти, туку кон себе. За се ќе дојди време и се ќе помини. Јасно ми е дека ти е ск*рчено од се, ама најверојатно ова ти е само период.. можда подолг период можда ќе трае кратко. Не си во безизлезна ситуација. И убаво е шо наоѓаш време за се. Пробај да се дистанцираш од татко ти. Знам дека боли секој негов лош збор. Знам дека никогаш нема да заборавиш. Ама мораш да стегниш заби барем дур да застаниш на свои нозе. Пробај некако да најдеш баланс, мене тоа секогаш ми успева кога сум на крај на живци се дистанцирам не разговарам воопшто со таа личност се има случено цела недела еден збор да не лрозбориме на секоја критика ќутиш така побрзо ќе заврши, во спротивно ќе следат уште повеќе критики :!:. Жалам за ситуацијата во која се наоѓаш верувај дека ќе помине се. Откажувањето од фах кој стварно го сакаш толку многу не е начин. И јас некни се разочарав толку многу шо паднав болна со температура, повраќања и главоболка. Ама не се откажувам имам цел и ќе докажам дека сум достојна па макар и за една е*ена диплома дека тоа по че го полнам ќе го завршам. Така и ти. Една наставничка најдобрата личност на цел свет која ја обожавам еднаш ми рече вака. Докажи му на сите дека ти Крем не си обична и просечна. Дека ќе успејш и ќе ти се восхитват, а нема да те гледат под око. Можда звучи глупаво претерано ама во право е то ме држи. Сега јас тебе ти кажувам доктор докажи дека си достојна и дека можеш со се да излезиш на крај и дека ќе победиш се и нема да се откажиш од она шо стварно го сакаш. :wasntme: гушки до тебе добро е да се знае дека не си единствена нели? ;)
     
    На kikkki му/ѝ се допаѓа ова.
  11. doctorgreyxo

    doctorgreyxo Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2017
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    113
    Пол:
    Женски
    Фала ти што ме разбираш.Не сакам постојано да се преповторувам и враќам на едно исто.Тоа е причината.Нели би било поубаво да имаш поддршка од најблиските, од сите.Да те поддржуваат во се? Нели би било поубаво кога ќе згрешиш да те поучат и помогнат а не да ти викаат не ми си повеќе ќерка ...Боли и тоа многу.
    Не ме сфаќате.Ме нападнаа дека дечкото е причина.Види вака би било и тоа поубаво да сме блиску еден покрај друг, кога ќе ми е тешко да е тука.. а не да плачам преку телефон.Не е воопшто лесно.Не се откажувам јас дека неможам ни него да го гледам кога ќе посакам.Ако имам проблеми со него ( сега се многу ретки) ќе се спречкаме за нешто ама поминува, никогаш сериозни работи.Од денес повеќе време си посветувам на себе.
    Решив да продолжам ЗАРАДИ СЕБЕ И ЗАРАДИ СОНИШТАТА.
    A за тешко ми е претешко.Не знам како ќе биди понатаму ама за сега еве се трудам.
    Фала на разбирање.
     
    На sj *O*, *Amethyst*, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  12. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Не се откажувај штом полесно ги поминуваш испитите. И јас не сум блиска воопшто со татко ми. Не зборуваме со години. Кога сакав да запишам факс тој ми кажа дека и средно било премногу за мене затоа што су немала мозок. Тоа никогаш нема да го заборавам. Стигнав некако до третата година иако ми одеше тешко секое полагање и спремање на испит. И јас се чувствувам уморно од се. Оваа година ми беше тешка имав проблеми со бившиот а еден близок другар се самоуби. Тешко е и боли кога немаш подршка од родител знам, затоа најважната подршка нека ти биде од самата себе. Онаа личност што ја гледаш секој ден во огледало. Мене тие зборови на татко ми ми дадоа поголема мотивација да го завршам факултетот. Да докажам дека можам. И да си докажам и себе си. Докажи си и ти себе си дека можеш да го завршиш факултетот. Болката е привремена, но откажувањето е засекогаш...
     
    На sj *O*, kikkki, eliesaab и 4 други им се допаѓа ова.
  13. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Ако полагаш се, а учиш малку продолжи и заврши го. Викаш ти плаќаат баба ти и дедо ти.
    Заврши го заради тебе и заради нив. Не се откажувај ако си полагаш се многу ќе се каеш верувај :)
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Jovanotti

    Jovanotti Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2016
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    322
    Пол:
    Машки
    За било што да успееш во животот треба да имаш цел, а таа цел бара максимална жртва. Факултетот ќе ти биде само еден голем плус во животот, затоа што пи арот продава. Поголемиот дел од луѓето што денес завршуваат факултети на еден или друг начин се жив просек, затоа што и образованието денес е жив просек, но сепак е бенефиција плус. Имам другар ИТ. Разбива компјутери, програмира системи, програми, решава компјутерска математика, но нема пуста диплома и затоа е 3-4 скалила подолу од тоа каде му е местото. Квалитетот во професионални приватни фирми се цени и тоа како, но пак недостатокот на диплома те кочи да добиеш поголема плата, унапредување и слично.
     
    На kikkki и crimson им се допаѓа ова.
  15. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.148
    Допаѓања:
    13.513
    Пол:
    Женски
    Абе што ти е тебе ќе се откажуваш? Ти со ова психичка ситуација и со малку труд положуваш, па што станува збор ако се набубаш убаво ? Не биди будалче!
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Maja95.

    Maja95. Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    58
    Пол:
    Женски
    Девојче тоа што го кажуваш за татко ти не е воопшто причина за да го напуштиш факултетот, ако ти навистина сакаш да студираш. СИте немаме поддршка од некого но тоа не е причина за да се откажеме од работите кои ги сакаме.
    Твоите и порај тоа што велиш дека немаат , не е битно како ама се снашле и тебе те пуштиле на факултет . Оти девојче некои и тоа што го имаш ти не го добиваат од родителите . Познавам доста примери каде некои и сами се нафатиле да работат за да можат да се студираат. ЗНачи ако се сака се се може. А тебе што ти фали во случајов? Да те гушне некој и да ти рече немој мила да плачеш откажи се од факултетот.. ??? Дај ти се молам не драматизирај толку, и свести се не си веќе мало дете.
     
    Последна измена: 4 февруари 2017
    На Annora и crimson им се допаѓа ова.
  17. Zlatna12345

    Zlatna12345 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2016
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    842
    Пол:
    Женски
    Jas na pocetokot na moite studii doziveav psihicki kolaps od koj zavrsiv na psihijatar i terapii tokmu poradi fakultetot i celokupnata tranzicija, NO vo nieden moment ne pomisliv da se otkazam bidejki znaev deka toj fakultet i taa nauka e praviot izbor za mene i navistina sakam da ja proucuvam. Taka da so sila ubavina ne biva.
    So samoto toa sto kazuvas deka i so mal trud polozuvas mi dava doznanie deka tvojot interes kon taa oblast sto ja proucuvas, ne e pogolem od zimanjeto diploma. Sakam da kazam deka interesot ti e kolku da polozis i da zemes diploma a ne stvarno da se nadograduvas i ustrucuvas kon taa nauka.
    Taka da dokolku stv ne ide podobro nasoci si go trudot kon druga oblast ili pak kon rabota, kraj kraeva ne treba site da se so diplomi i magisterski...
     
    На Anababe му/ѝ се допаѓа ова.
  18. doctorgreyxo

    doctorgreyxo Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2017
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    113
    Пол:
    Женски
    Не, грешка си.Учам за да знам, ама факултетот бидејќи е таков мораш услов да фатиш, мораш за секој поен да се бориш.Така налагаат условите овде.И да не сакаш мораш.
    Не трчам само за дипломата! Просто мораш да се бориш да не падниш година за еден е*ан предмет.
     
  19. martiiinna

    martiiinna Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2016
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.356
    Пол:
    Женски
    Откажувањето на факултетот беше најдобрата одлука што некогаш ја имам донесено во мојот живот. Одкога го направив тоа многу убави работи почнаа да ми се случуваат и моментално сум многу повеќе мотивирана од било кога за пробување на некој друг. Не охрабрувам никој. Пред нешто такво да направите размислете убаво. Доколку не се пронаоѓате во тоа, не го гледате како идна професија тоа што моментално го учите и повеќе ви носи стрес од радост и мерак за да научите нешто ново, тогаш си го знаете одговорот. Да напоменам јас бев прва година и многу е полесно да се изгуби една година отколку 4 па да ви останат уште 3 испити и да се откажувате. Колку порано, толку подобро.
     
    На okcenzi и Zlatna12345 им се допаѓа ова.
  20. Zlatna12345

    Zlatna12345 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2016
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    842
    Пол:
    Женски
    Malce si kontradiktorna so toa " odam na ispit nespremna" i " za sekoj poen se boram" no ne mi ni bese toa poentata vo argumentot. Ti sekamo si znaes sto e najdobro za tebe no nemoj da se macis sebesi samo za diloma. Vo sekoj slucaj ti posakuvam se nandobro i se nadevam ke napravis pravilen izbor.