Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Отказ во писмена форма?!

Дискусија во 'На работното место' започната од SiMpAtIcNaTa, 18 мај 2012.

  1. Fontana

    Fontana Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2018
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    596
    Пол:
    Женски
    @Justicija јас работам во книговодство и ги терам овие работи. Нема да и направи никаква замка на мајкати, напротив, ја тера да потпише дека своеволно си отишла, што е многу значајно за кога ќе се вработува во други фирми во иднина.
    Во секој случај, такви работи се тераат најубаво со адвокат, најсигурно ќе те посочи што како.
    Што и да ја тера да потпише секако убаво да прочита ако веќе не оди со адвокат.
    Со лесно
     
    На Justicija му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Kala22

    Kala22 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2014
    Пораки:
    937
    Допаѓања:
    1.200
    Ве молам за информација од поискусните и запознаени со законот за отказен рок. Доколку во договорот стои 3 месеци и има клаузула за спогодбено што ако работодавачот не сака да се спогоди на еден месец. Кои опции постојат за со цел да се спогодиш на еден месец и не се испушти новата понуда за работа, бидејќи и на самите интервјуа реакцијата е ауу многу. Не би сакала да испуштам понуди и токму отказниот рок да влијае на одлуката при нивниот избор..
     
  3. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.287
    Допаѓања:
    137.049
    Договорот ти е спротивен на закон. Ќе се повикаш на законот за отказен рок од 30 дена
     
    На SummerGirl, victoria, eliesaab и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.253
    Допаѓања:
    31.205
    Пол:
    Женски
    Кажи му дека со сила неможе да те држи, дека ќе забушаваш, нема да работиш и ќе си правиш така како што ти сакаш. Ако му одговара за тоа да те плаќа ок. Кога сакаат некого да шутнат ќе го направат тоа преку ноќ ако треба а кога зависат од некој со сила ќе го задржуваат. Такви штетници се скоро сите газди и затоа човек со нив со сила треба да се прави идиот.
     
    На hermosa и Kala22 им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.267
    Можеш да не се појавиш на работа, ама може да те тужат.
    Седни со менаџментот разговарај и најдете компромис.
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.331
    Допаѓања:
    158.471
    Не може да ја тужат за нешто кое што ќе падне на суд.
    Свесни се и сами, а сепак некои работодавци по принцип на манипулација ставаат вакви членови.
    Ова најчесто во ИТ индустрија е.
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Melanija Meli

    Melanija Meli Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2016
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    здраво, ми трева мислење ваше.
    Договорот за работа ми завршува другиот месец, дадов отказ меѓутоа отказен рок е 3 месеци. Дали мора да се одработи тој рок бидејки договорот ми завршува?
     
  8. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.253
    Допаѓања:
    31.205
    Пол:
    Женски
    Нормално дека немора. Договорот ти истекува и тоа е тоа.
     
  9. Melanija Meli

    Melanija Meli Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2016
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Бидејки они ми рекоа дека мора да ги обработам без разлика што ми завршувал договорот
     
  10. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.287
    Допаѓања:
    137.049
    Отказен рок е 30 дена максимум не три месеци и е платен. Нека не те лажат, во закон си пишува
     
    На SummerGirl и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  11. Bibi30

    Bibi30 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2017
    Пораки:
    602
    Допаѓања:
    1.180
    Пол:
    Женски
    И јас да прашам. И мене ми е отказен 3мес, ама договор имам до следна година потпишано. Во случај да најдам работа, што тогаш? За 30 дена знам и ферски е така, а што во договорот пишува 3 мес?
     
  12. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.287
    Допаѓања:
    137.049
    Таков ти е договорот и ако си потпишала на тоа, така е. Законот вика 30 дена, освен ако не си потпишал договор на Макс 3 месеци.
     
    На Bibi30 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. ani23

    ani23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    909
    Пол:
    Женски
    Ве молам одговор од правник или сметководител.Мајка ми има договор на 6 месеци,усно и дадоа решение за одмор,пред истек и не и даваат во писмена форма ,бараше и викаат што ке ти е.Договорот не и го продолжуваат ама ,има шанси и да ја одјават порано ,за да не и дадат регрес.Дирекорот кажува 1 ден порано дека е договорот ,ама нели се рачуна од датум исти до датум за 6 месеци.Може и да ја одјвави порано ако нема решение,и нема добива ни плата ни регрес?
     
  14. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.331
    Допаѓања:
    158.471
    Истекот на договорот е 1 ден пред истиот датум.
    Може да ја одјават ако нема решение, ќе ја одјават како 3 дена да не дошла на работа.
     
    На ani23 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Принцес❤️

    Принцес❤️ Активен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2022
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Ве молам дали некој може да ми помогне или каже како можам да напишам писмено барање за предвремен отказен рок поради здравствени проблеми
     
  16. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    2.095
    Пол:
    Машки
    Изјава за отказ на договор за вработување

    Треба да наведеш твое име и презиме, адреса и работна позиција, исто и деловоден број на договорот за вработување.
    После изјавуваш дека со оваа изјава даваш отказ на договорот за вработување со деловоден број тој и тој, сметано од датум, и на крај своерачно се потпишуваш.

    Нема потреба да се наведат одредби од ЗРО.
    Отказен рок е најмалку 30 дена до 3 месеци зависи што ти пишува во договорот.
    Изјавата ја даваш во 2 примерока еден е за тебе со нивен деловоден број со датумот кога ја примиле изјавата за отказ.
     
    На Принцес❤️ му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Принцес❤️

    Принцес❤️ Активен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2022
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам
     
    На Forca му/ѝ се допаѓа ова.
  18. skyfly 5

    skyfly 5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2022
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    111
    Дали се прифаќа изјава за отказ пратена преку мејл адреса до управител на фирмата и сектор за човечки ресурси?
     
  19. angieangie

    angieangie Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2015
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    71
    Пол:
    Женски
    Ако само се јавам на сегашната раб дека нема веќе да доаѓам да ли ќе ме одјават без да ми прават проблем зашто си најдов друга работа и неможам веќе да продолжам на сегашното работно место бидејќи си најдов работа сигурна во државна служба. Не ми се стапнува више таму а дог. ми е на 3 месеци до крај на март
     
  20. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    2.095
    Пол:
    Машки
    Отказот треба да биде во писмена форма, но проблемот кај е-маил е дали ќе биде уредно доставен, тоа може лесно да злоупотреби од страна на работодавачот.

    Најдобро е во хартиена форма отказот и пратено преку пошта со препорачано писмо со повратница, или лично да се однесе кај работодавачот и да стави на твојот примерок печат со деловоден број со датум на прием, сепак живееме во држава каде што за вакви работи е пожелно да бидат строго формални инаку не можеш утре да докажеш дека работодавачот го примил е-маил пораката ако тој негира дека примил е-маил порака (да ја избрише).
     
    На skyfly 5 и Anika55 им се допаѓа ова.