Јас не сум сретнала договор со отказен рок подолг од 30 дена искрено. Од искуство, и јас секогаш сум се договарала со спогодба и така сум договарала други вработени. Мене ми е логично, ако некој решил да си оди и не постои начин да го спречиш, спогодбено си потпишуваш, не знам која фирма би те држела ај цел месец, ама три месеци ептен многу се. Ми се случило да потпишам спогодба истиот ден кога најавувам дека ќе си одам и да ме пуштат да си одам. Фирмите што имаат голем турновер веројатно малку поискусни се во овие работи и затоа најпаметно е четири очи кога се потпишува.
Се зависи до фирмата. Имам слушнато и за договори каде што фирмата те обврзува тој период да работиш таму. Така што, не можеш да дадеш отказ.
Тоа да. Паметно е да може да се реши таква ситуација разумно, ако не може, да сме живи и здрави. Не можеш да знаеш на кого ќе налеташ.
Девојки плиз хелп! Во мојот Договор пишува дека отказниот рок трае 15дена. Дали доколку имам 15 слободни работни денови може да ги земам веднаш после давањето отказ?
Имам едно прашање во врска со договор на определно работно време ако знае некој да ми одговори. Имено, првиот договор ми беше на еден месец, вториот на 3 месеци и сега ми го продолжија уште на 3. Во договорот во членот во кој пишува дека договорот е на определно работно време, има дел во кој пишува "Првите 6 месеци од работниот однос се сметаат како пробна работа. За времетраењето на пробната работа Работодавачот може да го откаже Договорот за вработување со отказен рок во траење од 5 работни дена.". Е сега ме интересира, дали со тоа што тој има право да ме одјави со отказен рок од 5 дена, дали и јас го имам истото право, бидејќи во ниеден друг член не пишува колку треба да ми трае отказниот рок. Исто, дали некој знае зошто ова е наведено (во сите 3 договори), бидејќи од повеќе колеги со кои разговарав кај нив во договорите го нема тој дел. Ниту кај постарите во првите договори, ниту кај оние со кој во исто време се вработивме. Се извинувам на долгиот пост, само ме мачи и сакам да знам бидејќи го приметив дека е само кај мене. Ви благодарам.
Ти го немаш тоа право затоа што пишува Работодавачот има право да го откаже договорот. Ако не се лажам, ти можеш да дадеш отказ 1 месец најмалку унапред, а најмногу 3 месеци. Ама за ова не сум сигурна, провери ја информацијава. Зошто го нема тоа кај постарите, па веројатно затоа што покасно им текнало да внесат таков член , а кај поновите не знам и никој не може да ти одговори на тоа, зошто го направиле тоа, знаат само работодавците.
И во мојот договор го пишува тоа, со тоа што потпишав договор на 6 месеци, а пробната работа трае 3 месеци.
Дали е некој запознаен околу користење на годишен одмор пред давање на отказ, дали неискористениот одмор се плаќа или пак се има право да се искористи во целост?
Ако се работи за нормална фирма, опциите се или да ти го исплатат годишниот одмор или да ти дадат да го користиш или евентуално ако се вработуваш на друго место и немаш прекин во стажот (многу внимавај во овој случај) да ти издадат потврда дека имаш ХУ неискористени денови од годишен одмор, кои стекнуваш право да ги користиш во другата фирма. Ова последново ќе успее само ако немаш прекин во стаж (одјава/пријава на време) и ако се договориш за тоа со другата фирма (обично не се расположени да примаат нови луѓе кои ќе одат на одмор). Со среќа.
Здраво, сакам да прашам дали имам право да дадам отказ без отказен рок доколку немам потпишано никаков договор?
Sakas da kazes deka rabotis na crno,neosigurana,ili..? Togas normalno deka mozes da si zamines vo sekoj moment,kako sto i tie mozat da te otpustar vo sekoj moment..
Ако работиш на црно, можеш што ти душа сака да правиш. Истото може да го прави и фирмата која те држи на црно.
Имаш ли м1м2 образец? Сто посто си сигурна дека си пријавена? Си проверила во Аврм? Во Пиом дека платени ти се придонеси? Имаш здравствено? Првпат слушам за ваква ситуација искрено, затоа што договорот за вработување го одредува меѓу другото (плата, бонуси, работно време) и времето предвидено за отказен рок. Најчесто е 30 дена, ама и не мора да значи. Ако си донела одлука дефинитивно да си одиш, тогаш побарај си спогодбен договор, гледај фино да се договорите. А ако не сакаат да потпишат спогодбен, а ти сакаш веднаш да си одиш, три дена не се појавуваш на работа и мора да донесат решение за отказ.
Колку си сигурна ако немаш ништо потпишано? Отказ можеш кога сакаш да дадеш. Ако нешто се натегаат, не оди 3 дена на работа, ќе добиеш.
@Abel @GrimTheReaper Немам ништо потпишано 100%, немам ни м1 и м2 образци добиено. Проверив на мое осигурување, пријавена сум.
@BurstBerry ти дале ли некогаш објаснување зошто немаш потпишано договор за вработување? Знаеш ли дали си на определено/неопределено време? Знаеш ли другите вработени дали потпишувале договори? Провери си и стаж во Пиом обавезно. А за отказот ти објаснив како да постапиш, прво фино, сакам да си одам, ајде спогодбен договор да потпишеме, обично за 2-3 дена се средуваат сите формалности, некогаш и истиот ден, зависи колкава е фирмата. Ако речат не, а ти сакаш да си бегаш од таму, не оди на работа три дена и мора отказ да ти дадат самите.
Законот е на твоја страна, слободно можеш да дадеш отказ, никој со сила не може да те држи. Но има една ставка во договорот во однос на отказниот рок. Некаде е 3 месеци, некаде 1 месец, некаде стои се и сешто само за да те заебат. Треба да го имаш црно на бело да го прочиташ. Можат само плата да не ти пуштат, иначе со сила не можат да те држат. Јас кога давав отказ, не почитував рок и ,,фала богу" не ме исплатија за тој месец, законски треба, ама не сакав да се замарам.