Отказ и сè околу тоа

Дискусија во 'На работното место' започната од CinnamonBambi, 15 јули 2016.

  1. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    2.115
    Пол:
    Машки
    Ако си пријавена во Агенција за вработување, тогаш се смета како да имаш склучено договор за вработување, инаку работодавачот е должен да ти даде договор за вработување.
    Минималниот отказен рок е 30 дена, а најмногу до 90 дена, може да дадеш отказ без отказен рок само ако така се договориш со работодавачот.
     
    На BurstBerry и tina2018 им се допаѓа ова.
  2. Librarian

    Librarian Активен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2019
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    Да се надоврзам и јас на темава, исто сакам да си заминам без отказен рок, вчера и кажав на газдарицата, не ме одјави, денес се јавувам, се чуди дека сакам да си одам. 2 недели бил отказен рок, но ни јас немам никаков договор потпишано... Дали ако не одам и јас 3 дена на работа ќе ми даат отказ самите? Да не има некој закон нас да не гони, да си напраам проблем :drunk:
     
  3. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.526
    Допаѓања:
    8.861
    Пол:
    Женски
    Провери си на Правдико, го има законот за работни односи, ако неоправдано три дена по ред не се појавуваш на работа, по закон ти следува отказ. Како седите на работа без потпис, печат и договор за вработување ми е стварно мистерија, нормално ќе ве дриблаат како сакаат. Не се лутете, ама на тој начин им олеснувате на работодавачите, им оставате многу простор за манипулација
     
    На cresa-jagoda, IRBBB и tina2018 им се допаѓа ова.
  4. Librarian

    Librarian Активен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2019
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски


    Како би можела да ти се лутам, јас еве барам ама не се снаоѓам, ако ти е прирака и знаеш каде е ќе те замолам да ми пуштиш линк
     
  5. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.526
    Допаѓања:
    8.861
    Пол:
    Женски
    https://www.pravdiko.mk/zakon-za-rabotnite-odnosi/

    Еве нешто и на тема Отказ, отказен рок
    https://www.pravdiko.mk/otkazuvanje-na-dogovorot-za-vrabotuvawe/

    Доволно е да изгуглаш на пример "отказ правдико" и ќе ти излезат резултати на таа тема.
    И другпат за памет, без договор за вработување, и тоа во барем два примероци (по правило три, за тебе, за во досие и за архива), му давате апсолутна моќ на работодавачот да прави што сака со вашето работно место. Со среќа.
     
    На cresa-jagoda и IRBBB им се допаѓа ова.
  6. Librarian

    Librarian Активен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2019
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам многу.
     
  7. Bubamaricka

    Bubamaricka Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    1.408
    Допаѓања:
    2.607
    Пол:
    Женски
    Треба да си поднесеш барање за спогодбен престанок да предложиш датум за склучување на спогодбата и на тој ден треба да се потпише спогодбата и ти и работодавачот и истиот ден треба да те одјават од АВРМ. Кога е спогодбен престанокот на работен однос е без отказен рок. Ако не се јавиш три дена на работа треба да ти водат дисциплинска постапка и кога ќе се донесе решение за отказ дента на донесувањето на решението треба да те одјават од АВРМ. Барањето за спогодбен престанок обавезно да го поднесеш писмено. Не може да те одјават само усно ако им кажеш бидејки нема акт врз основа на кој би те одјавиле, ќе испадне дека без никаков документ те одјавиле што е противзаконско.
     
    На cresa-jagoda и tina2018 им се допаѓа ова.
  8. Hilari899

    Hilari899 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2016
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    60
    Пол:
    Женски
    Девојки здраво,
    Би сакала да се посоветувам во однос на една ситуација. Сакам да најавам отказ,меѓутоа немам време за да го исполнам рокот од 30 дена. Бидејќи сме почеток на година а веќе имам 3 години работно искуство дали се стекнувам со право на целосен годишен одмор земајќи во предвид дека ланскиот од 2020 ми е искористен? Со цел да ги искористам деновите од одмор до датумот кога сакам да ме одјават и спогодбено да го раскинеме договорот.

    Благодарам
     
  9. Bubamaricka

    Bubamaricka Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    1.408
    Допаѓања:
    2.607
    Пол:
    Женски
    Да имаш целосен годишен одмор за 2021 година кој што имаш право да го користиш. Ако сакаш да го искористиш во целост тогаш со спогодбен престанок откако ќе го искористиш одморот. Работодавачот има право и да не ти го даде цел одмор да го користиш нели зависно од потребите на работниот процес. Ама во тој случај остатокот од одморот ќе можеш да го искористиш во новата фирма. Стариот работодавач мора да ти издаде потврда за искористен/неискористен годишен одмор.
     
  10. Ladyinblackkk

    Ladyinblackkk Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2020
    Пораки:
    557
    Допаѓања:
    701
    Пол:
    Женски
    Здраво, сакам да ве прашам работам во една фирма планирам да си дадам отказ не сум пријавена никаде, имам потпишано договор што всушност нема никаква вредност не е заврен нема деловиден број, таму е наведено отказен рок, можам да го избегнам тоа? Си оглед на тоа дека не сум пријавена и не е валиден договорот не би требало да имам проблеми.
    пс:еден месец работам, не ме пријавија т.е никој не е приван од цела фирма..
     
  11. Fontana

    Fontana Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2018
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    596
    Пол:
    Женски
    @Ladyinblackkk можеш комотно уште истиов миг да си одиш.
    Не само што немаш црно на бело, и да имаше можеше да си одиш ( додуша зависи колку се забегани газдите ) сум си давала отказ и кога сум била на неопределено така да... се бива ако се сака... кај нас не важат закони освен ептен ако се стигне до точка да се судите зависи колку ви се замара.
    Немаш договор - немаш проблем
    Одма можеш да му кажеш на газдата твој аривидерчи
     
  12. Ladyinblackkk

    Ladyinblackkk Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2020
    Пораки:
    557
    Допаѓања:
    701
    Пол:
    Женски
    Газдите се ептен забегани .Денес давам отказ.
     
    На Fontana му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Fontana

    Fontana Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2018
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    596
    Пол:
    Женски
    Јас од едни такви психопати уште првиот месец видов дека нема да можам да се разберам и викам ај да си одам со арно да не се расправам им викам си давам отказ дур не најдите замена ( ова го реков за да не се влечкам по судови оти само со тоа се занимаваа, а договор никаков немав потпишано, никој и немаше пред мене, повеќе од еден месец никој не седеше ) и ми вика типот знам, БОЛНА СИ затоа си даваш отказ.
    Си викам, ок, супер штом така лесно поминав, ми одреди дијагноза ми е гајле.
    Останав уште 2-3 недели дур се снајде новата ама што видов и во тие 3 недели од нив, едвај ми се врати говорот од страв, значи буквално страв во коски ми всадија. Ненормални ебатте.
    Ако се такви одма бегај немој како мене молимте
     
    На Sexychica, Ladyinblackkk и tina2018 им се допаѓа ова.
  14. Ladyinblackkk

    Ladyinblackkk Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2020
    Пораки:
    557
    Допаѓања:
    701
    Пол:
    Женски
    Јас добро поминав, со мирно смирено малку ми се нафрли на почетокот не очекуваше, со тек на разговорот многу работи му кажав што не сака да ги слушне, пребледе човекот цигара за цигара во тоа затката од канцеларија. Среќа ништо не ми рече за отказен рок не му ни текна.
     
    На Fontana му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Fontana

    Fontana Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2018
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    596
    Пол:
    Женски
    Bravo srcka, milo mi e. Sega polesno se dise neli :D:D:hug:
     
    На Ladyinblackkk му/ѝ се допаѓа ова.
  16. sever123

    sever123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    98
    Здраво.
    Договорот за работа ми истекува на 31.01, претходната недела најавив дека нема да го продолжам, односно дека во февруари сакам да си ги искористам деновите кои ме следуваат одмор и потоа да ме одјават. Бидејќи им недостасуваат луѓе усмено се согласив да работам до 10.02 и потоа да ми го дадат одморот и да ме одјават. Е сега, ми кажаа дека договорот морало да ми го продолжат на 3 месеци, па потоа да поднесам барање за отказ.
    Прашањето ми е дали можат да ме "зафркнат" со тоа што доколку го потпишам новиот договор и веднаш поднесам барање за отказ нема да можам да го испочитувам отказниот рок, иако и најавив уште пред 15.01?

    Друго, во фирмава сум пријавена од 03.07, и ми викаат дека ме следуваат само 7 дена одмор, бидејчи таква им била политиката на фирмата, зимскиот одмор бил 7 дена. Јас колку што сум запознаена ме следуваат по 2 дена за секој месец, со што доколку го продолжам договорот би ме следувале 14 дена.
    Прашањето ми е колку точно денови можам да искористам, бидејќи си заминувам од фирмава?

    Сега не знам дали да го потпишам тој нов договор и во барањето за отказ што да напишам.
    Ве замолувам доколку има некој правник да ми пише да ми објасни.

    Благодарам.
     
  17. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    2.115
    Пол:
    Машки
    Со самото истекување на времетраењето на договорот ти престанува работниот однос, ако си се согласила да работиш до 10.02 тогаш тоа може да биде како договор за дело, или продолжување на постојниот договор за вработување наместо да важи до 31.01, да важи заклучно со 10.02, во секој случај ти следуваат 12 работни дена годишен одмор за 2020 и цел годишен одмор за 2021 затоа што си го исполнила условот од 6 месеци од вработување (сметано од 03.07).
    Ако потпишеш нов договор тоа значи се продолжува работниот однос за онолку време колку што е предвидено во новиот договор, во конкретниот случај заклучно со 30.04, ако сакаш во меѓувреме да дадеш отказ по продолжување на договорот ќе треба да го испочитуваш минималниот отказен рок од 30 дена доколку не е договорено поинаку со работодавачот.
    Во сите останати случаи кога договорот сам по себе истекува на 31.01 или со анекс е продолжен до 10.02 тогаш нема потреба од дополнително поднесување на отказ.
    Секако ако не ти овозможат користење на годишен одмор треба истиот да ти го платат, ова е накратко од ова што прочитав што можев да ти одговорам, за подетално или ако те интересира друго нешто пиши ми порака, не можам да ти пишам не ми дава опција за да ти пишам порака.
     
    На tina2018 и sever123 им се допаѓа ова.
  18. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Немаш никакви обврски спрема нив, дури и ако имаш проблеми од нивна страна, можеш да ги пријавиш затоа што работиш непријавена.
     
  19. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    По 6 месеци од пријавувањето ти следува нормално цел одмор, односно прв дел од непрекинати 10 дена.
    Околу потпишувањето на нов договор, ти си знаеш, но после ќе можат да те држат додека не истече.
    Јас би им дала отказ на писмено и во него наведено дека после 6 месеци работа ќе го искористиш и одморот, за да не случајно те одјават претходно.
     
  20. Bunny2

    Bunny2 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    1.301
    Допаѓања:
    1.639
    Не знам дали е прашањето за овде.
    Не работам од 1ви месецов,одјавена.Ме интересира која е процедурата сега за здравствено осигурување.Треба во фонд за здравство да одам и исто еднаш само се пријавувам?