1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Отказ и сè околу тоа

Дискусија во 'На работното место' започната од CinnamonBambi, 15 јули 2016.

  1. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.261
    Треба во АВРМ прво да те регистрираат како активен барател, и таму ќе ти дадат образец за во фондот. Всушност преку бирото се пријавуваат невработени за здравствено осигурување.
     
    На tina2018 и Bunny2 им се допаѓа ова.
  2. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.398
    Не знам колкава ти била платата, но имаше некои финти глупави, ако ти е над минималната си плаќаш за осигурување. Не знам точно како беше, но знам дека ми немаше логика ако не си вработен. Инаку порано зависеа АВРМ со социјалното, пред две години имаше на некој шалтер обесено ливче баш ради тоа, едно од друго се независни, ако пак не се сменило нешто меѓувремено.
    Инаку се оди во социјалното, не во министерство за здравство. А социјалното е кај олимписки кога идеш према кисела вода од лева страна.
     
    На Bunny2 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Bunny2

    Bunny2 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    1.301
    Допаѓања:
    1.639
    Независни се едно од друго одамна,ете чисто да пишам за другите.Пред да се вработам си се пријавував во АВРМ како пасивен,а во социјално си се пријавив еднаш после дипломирање и тоа е тоа.
    Е сега слушнав дека во социјално морам секој месец и ова за плаќање не знаев околу платата.
     
    На GrimTheReaper му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.261
    Искрено не ми е јасно што би барала во социјално и што има врска со здравствено, освен помош, за која сигурно има услови некои кои би требало да ги исполниш.
     
  5. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.316
    Допаѓања:
    10.423
    Пол:
    Женски
    Одиш во фонд, кажуваш дека сакаш да ти тече здравствено осигурување, а си невработена и пополнуваш пријава.
    Е сега, за претходната година (2020) ако примањата ти биле повисоки од одредена сума (не ми текнува колку точно, стои таму член некој) плаќаш месечно 1400 денари. Ако ти биле пониски или ако воопшто си немала примања, тогаш ти е бесплатно.

    Јас 2020 едно време фриленс работев, не бев во никаква фирма пријавена и ми најдоа за 2019 висок приход, и го плаќав здравственото 1400 месечно, ми генерираа уплатници.
    Само не ми текнува до колку може да ти е приходот за претходната година за да не плаќаш.
     
    На Bunny2 и tina2018 им се допаѓа ова.
  6. Bunny2

    Bunny2 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    1.301
    Допаѓања:
    1.639
    На Фонд мислев малце со терминологијава се имам збркано од претходното мислење.Конкретно она на Југодрво.
    Се одело еднаш и тоа е тоа,само не можам да се сетам што документи требаа.Претпоставувам книшка,лична карта и не знам дали требаше копија извод или нешто сл.
    Инаку не верувам дека би плаќала зошто работев пријавена само неколку месеци во 2020 така да нема некој голем приход.
     
  7. Librarian

    Librarian Активен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2019
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    Луѓе, јас дадов отлаз на 11.1, ама декемврито бев на работа само една недела бидејќи бев позитивна на ковид, дали е можно да не ми ја испрати целата платата? Законски?
     
  8. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.760
    Допаѓања:
    17.266
    Пол:
    Женски
    За декември може да ти одбие 30% од платата за тие 5-6 дена, а за јануари треба да исплатат нормално, за тие 11 дена.
     
  9. Librarian

    Librarian Активен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2019
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    Е фала ти, се надевам дека ако одбива ќе е само толку
     
    На Bezimenka90 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.535
    Пол:
    Женски
    Во АВРМ ако сака ќе оди да се пријави. Може и како пасивен барател, не мора активен да биде.
    И за здравствено осигурување не е преку АВРМ.
    Во Социјално се оди кај Југодрво, таму се поднесува барање за здравствено осигурување како невработено лице. Потребна е здравствена книшка, копија од лична карта, копија од извод на родени и таму ќе и дадат образци да пополни.

    Да не се поголеми од 174.000 денари.
    @Bunny2
     
    На Bunny2 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.261

    Привремено невработените лица кои првпат се пријавуваат како невработени во Агенцијата за вработување и во Фондот бараат утврдување својство на осигуреник, приложуваат:

    - ЗО-1 пријава за задолжително здравствено осигурување

    - Извод од матична книга на родени (копие) односно венчани

    - Лична карта на увид

    - Здравствена легитимација (со слика)

    - Картон од Агенција за вработување (копие)

    Извор: http://www.fzo.org.mk/default.asp?ItemID=0EA1DBBF90F7C146B0BC436CF5A84E2C

    Уште не ми е јасно што би барала во социјално.
     
  12. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.535
    Пол:
    Женски
    Јас не сум пријавена во АВРМ, крај на октомври 2020 беше кога отидов во социјално да се пријавам за здравствено осигурување како невработена. Не ми бараа картон од АВРМ.
    Тоа може порано го барале, веќе не. Со сигурност кажувам од лично искуство.
     
  13. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.261
    За Министерство за труд и социјална заштита збориме? Затоа што и јас се пријавував летото, картон и пријава ми дадоа во АВРМ, и со нив отидов во Фондот.
     
  14. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.535
    Пол:
    Женски
    Не. Зборам за социјалното кај Југодрво.
     
  15. AnaSag918383

    AnaSag918383 Нов член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2021
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите,

    Дали идните фирми ке знаат дека сум добила отказ?
    Како би дознале ако не го стаам предходното работно место во СV ? Преку УЈП или преку Социјално ?....

    Зборам за приватни фирми. Државните се знаат...

    Фала ви ❤️
     
  16. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.306
    Допаѓања:
    16.767
    Можат да проверат во Агенција за вработување.
     
    На AnaSag918383 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  17. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.535
    Пол:
    Женски
    Што ако си добила отказ? Зарем треба да се срамиш? Баш напротив, треба да си го пишеш во CV, за да видат дека си работела и имаш искуство. Колку повеќе работно искуство во CV толку подобро за тебе.
     
    На tina2018 и AnaSag918383 им се допаѓа ова.
  18. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.261
    Стави си го секако како работно искуство. Сигурно дека нема во CV да пишеш дека ти дале отказ.

    Мислам дека не се јавни тие податоци, а и да се, приватни фирми секако ќе чекаат со денови за вакви глупости и најверојатно информации кои не се веродостојни. Кај нас и основ на раскинување на договор не значи ништо поради малверзации кои ги прават повеќето фирми, како што те тераат да потпишуваш празни листови уште непријавен за да можат подоцна да ти дадат отказ без последици по нив, секоја чест на исклучоци.
     
    На AnaSag918383, pamelche, tina2018 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Sunshine12

    Sunshine12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2013
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    3
    Здраво дечки,

    Ме интересира прашање во врска со користењето одмор и давањето отказ.

    Јас имам 25 денови одмор за користење во 2021.
    Со писмен договор и согласност од работодавецот решив 13 од деновите да искористам во текот на јануари 2021.
    За моја среќа, најдов подобра работа деновиве, и дадов отказ вчера, нормално еден месец пред почетокот кај другиот работодавец.
    Моменталниот работодавец ми вели дека поради тоа што секој работник има дозвола по 2 дена месечно, согласно тоа што ќе работам јануари и февруари, ми вели дека останатите 9 денови одмор што сум ги земал мора да ми се одбијат од платата во февруари затоа што не сум ги заработил останатите денови одмор, иако сум во фирмата од 2017 година и писмено се договоривме затоа.

    Ги прочепкав малку законите онлајн, и гледам дека тоа користење парцијално 2 дена месечно важи само доколку работникот сака да земе одмор во првите шест месеци додека е во работен однос.
    Патем, да споменам дека од 2019 декември сум на договор на дело, нешто што спаѓа под закон за облигациони односи и воопшто тој договор не трпи одмор, туку едноставно компанијата решила да ми даде и тоа е тоа.

    Мислење? Јас мислам не се во право, и нема зошто да ми ги одбијат тие 9 денови.
     
  20. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.760
    Допаѓања:
    17.266
    Пол:
    Женски
    Види што ти пишува во договорот што сте го потпишале. На крај краева ако не сака да ти даде денови одмор, не оди веќе на работа.

    Како што он не мора да даде денови, не мора ни ти да седиш месец пред отказ.