Штом си со договор на дело, тогаш твојот однос не претставува работен однос и не важат правата кои се предвидени во ЗРО, туку твојот однос претставува облигационен однос кој е регулиран со ЗОО, тоа значи, во твојот случај дека важи тоа што што е наведено во договорот на дело, и/или секое подоцнежно писмено или усно договарање со нарачателот затоа што фирмата не е работодавач во конкретниот случај.
Imam edno prasanje za tie sto povejke se razbiraat od pravni raboti..kolku najdolgo vo edna firma zakonski moze da ve osiguraat na opredeleno rabotno vreme ( na dogovor),pred da moraat da vi dadat resenie za neopredeleno rabotno vreme.vi blagodaram
Бремна сум, имам договор до средина на март. Може да не ми го продолжат договорот доколку сакаат така, и да ме одјават?
Ако си на договор на определено време, да, можат. Разбери си на време, ако не ти продолжат, да најдеш фирма сама да си доплатиш придонеси до породилно, за да не го изгубиш, секако ако ти се исплати. На пример, просек се зема од последните 12 месеци на колку си била осигурана, а услов е 6 месеци да бидеш осигурана без прекин до моментот на отварање на породилното боледување.
Да, да ги знам законите за колкав износ се исплаќа..... Како и да е со договор на дело не сум заштитена.. Ти благодарам во секој случај
Со договор на дело ти плаќаат само персонален данок, што значи не си осигурана во АВРМ, а и не влегува во просек за породилно да земаш преку Фондот.
Извини, се измешав. Пријавена сум, ама на определено.... Толку сум нервозна, страшно. Дадов отказ од сигурна работа, зошто им требаше девојче за постојано (неколку пати прашав дали е за привемено, ми рекоа не)... Сега јас бремена (цела година сум тука), се враќа др колешка од трудничко... Еее сега не се знае, нема потреба од двете... Да не можам да уживам во бременоста.. Тоа е што е, морам да мислам на бебуш во меше, да сменам ништо не можам...
Здраво Извинете можеби прашањето е поставено во несоодветна тема бидејќи се работи конкретно за истекување на договор на определено време. До сега работев во фирма со договор на определено (имам непрекинат стаж 4 години и 9 месеци). Меѓутоа договорот ми завршува за еден месец и истиот нема да ми биде продолжен.Ако може некој да ми даде подетелна информација дали во овој случај ме следува паричен надоместок од АВРМ? Ви благодарам однапред
Да, те следува надоместок минимум 6 месеци и повеќе зависно од вкупниот стаж кој го имаш. Не знам колку е сега сумата, ќе си прашаш таму, за време на вонредната состојба беше покачено, може уште траат тие мерки. Инаку, законски кога се работи за договор на определено, кога исполнува работникот 5 години, автоматски преминува во договор на неопределено време. Сакам да кажам, ептен до крај дочекале да не ти продолжуваат договор.
Моментално, имам корона,а сакам да си дадам отказ од раб. Е сега, како да направам а да е фер за двете страни?
Подобро е од кога ќе ти заврши короната да дадеш отказ зошто ако дадеш отказ сега ќе немаш здравствено осигурување
Може, но не значи со таа намера, ако сака да ти даде отказ ќе ти даде уште во истиот момент, не да чека ти сама да си дадеш.
Ако е на неопределено игра улога, зошто ако ја избрка нејзе не смее друг да вработи на нејзина позиција две години.
Здраво, јас бев вработена во приватна фирма на неопределено време и дадов отказ, дали би можеле повторно да ме пријават во истата фирма? Фала однапред