Форумџика на годината

Отказ и сè околу тоа

Discussion in 'На работното место' started by CinnamonBambi, Jul 15, 2016.

  1. pianogirl

    pianogirl Популарен член

    Joined:
    Jul 14, 2018
    Messages:
    768
    Likes Received:
    1,114
    Gender:
    Female
    Да прапам нешто.Јули месец бев на одмор до 03.08 2021 година.На 29.07 пуштив писмо во фирмата каде се најавувам нљ еден месец дека ќе напуштам од фирмата.Се враќам на работа на 04 и газдата ни вика или смени си го решениетп за одмор да ти биде една недела помалку (за да ме заебе) или од утре веќе не идиш нљ работљ.Јас викам неможљм да го сменам решението бидејќи на први септемвти потпишувам на друго место договор и дотичниот ми вика тогаш од утре не си веќе нљ работа.Ме одјавува нљ 09.08 со образложение дека 3 дена не сум се појавилљ на работа.Сеа прашањето ми е за нова година кога ќе се пушта к-15 доколку не ми пушти ќе може ли да го тужам?
     
  2. Abel

    Abel Популарен член

    Joined:
    May 23, 2020
    Messages:
    3,706
    Likes Received:
    9,308
    Gender:
    Female
    Решение за одмор имаш? Копија за тебе требале да ти дадат. Како образложил дека не си била три дена на работа? Ти одеше на работа? Имате видео надзор, се куцате некаде? До кога ти е договорот?
     
    pianogirl likes this.
  3. Forca

    Forca Популарен член

    Joined:
    Feb 21, 2016
    Messages:
    795
    Likes Received:
    2,177
    Gender:
    Male
    Ви следува К-15 за 2021 година, одјавени сте во 8ми месец, за К-15 потребно е да сте работеле годинава најмалку 6 месеци значи го исполнувате условот.
     
    pianogirl likes this.
  4. Sanja s.petreska

    Sanja s.petreska Нов член

    Joined:
    Aug 30, 2021
    Messages:
    1
    Likes Received:
    0
    Gender:
    Female
    Zdravo sakam da ve prasam za sovet. Od cetvrtokot ne sum poveke na rabota dadov otkaz, treba da pocnam na drugo mesto ama ovie nesakaa da me odjavat i me pustija na odmor. A od novoto rabotno mesto me brzat ne im se ceka. Moze nekoj sovet? Fala
     
  5. Forca

    Forca Популарен член

    Joined:
    Feb 21, 2016
    Messages:
    795
    Likes Received:
    2,177
    Gender:
    Male
    Се додека не заврши отказниот рок од 30 дена, а во тој рок и користењето на неискористениот годишен одмор не можат да ве одјават, односно ќе ве одјават најверојатно - најкасно 8 дена по завршување на отказниот рок.
    Ако ви се брза пробајте да се спогодите да дадете наново отказ без отказен рок и не го барајте годишниот одмор туку да ви дадат само надоместок наместо отказен рок, и веднаш наредниот или по наредниот ден да ве одјават, друго решение нема.
     
    tina2018 and Idedemja like this.
  6. Abel

    Abel Популарен член

    Joined:
    May 23, 2020
    Messages:
    3,706
    Likes Received:
    9,308
    Gender:
    Female
    Искрено, не знам како договарате отказ и ново работно место без да си ги расчистите овие работи. "Овие" што не сакаат да те одјават се обидуваат да го следат законот очигледно, затоа што мора да ти дадат одмор. Мораш со нив да најдеш начин да се договориш за спогодбен отказ, нема друг начин штом ти тече веќе одмор. Не најави на новото работно место дека имаш денови одмор, или отказен рок законски? Евентуално да те пријават новите на пола работно време, ама ќе им треба согласност изјава од фирмата во која си пријавена.
     
    tina2018 likes this.
  7. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Joined:
    Aug 9, 2019
    Messages:
    9,227
    Likes Received:
    13,505
    Фирмите знаат како одат процедурите и дека и нејзината фирма не би чекала некого месец дена. Годишниот одмор не мораат да го дадат туку само потврда дека има за користење 20 работни дена годишен одмор и дека и се неискористени. Се прават од инат за само работникот да не си најде друга работа и да го извисат.
     
    Traveler91 and Idedemja like this.
  8. Abel

    Abel Популарен член

    Joined:
    May 23, 2020
    Messages:
    3,706
    Likes Received:
    9,308
    Gender:
    Female
    Не се сложувам. Не постојат процедури, туку Закон за работни односи. Отказниот рок може да биде еден месец, но и повеќе и помалку. Често гледам и 90 дена отказен рок, зависи од дејноста и фирмата. Затоа што постојат професии во кои замена на вработен не е едноставно, туку има подолг период на обука. Затоа кога се потпишува договор за вработување, прво се чита. И кога веќе ќе решиш да си одиш, соопштуваш на новото работно место дека откзниот рок ти е ху. Пренос на годишен одмор во приватна фирма е мисловна именка. Не навлегувам дали е исправно или не, но приватна фирма ретко дозволува користење годишен одмор пред наполнети шест месеци и никакви потврди тука не помагаат. Не знам зошто се очекув само од работодавецот да почитува Закон. Обврски има и работникот.
    пс. Сѐ е прашање на договор. Ама изговорот никој никого не чека не држи вода. Замисли тебе да те шутнат од работа од денес за утре и да не го почитуваат отказниот рок, тогаш ќе плукаме по работодавачот и ќе се повикуваме на закони.
     
    tina2018 and Mikha4 like this.
  9. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Joined:
    Jan 17, 2018
    Messages:
    1,899
    Likes Received:
    6,269
    Фирмата е должна да овозможи минимум дена законски денови кои работниците ги следуваат, ако не поднесе барање не може одмор да користи?! Баш спротивно е ако не ги испочитува фирмата овие обврски се подложни на казни. И како ќе ја одјават со член од закон дека 3 дена не се појавила на работа, ако она веќе дала самата отказ?!
    Да, сѐ е ствар на договор ама и взаемно почитување на обврските од веќе потпишан договор, а не само барање на сопствени права.
     
  10. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Joined:
    Jul 21, 2020
    Messages:
    3,176
    Likes Received:
    43,105
    Gender:
    Female
    Мене не ми е јасно како те пуштиле на одмор, ако не си поднела барање за одмор?
    Поднесе барање тие ти потпишаа баш за сега да ти тече одмор?
    Единствена опција ти е да се договориш за спогодбено раскинување на работниот однос, а и секогаш во игра е најрадикалната опција 3 дена непојавување на работа по кое законски се принудени да те одјават, ако не го сторат тоа си пријавуваш во трудова инспекција, ќе излезе инспектор на увид на терен па ќе видиш како одма ќе те одјават, огромни казни можно е да ги начекаат ако не постапат така.
    Ама ако ти тече одмор и ти законски си поднела и потпишала барање, а тие сега ти одобриле не ќе можеш да го искористиш ова, ќе треба да ти заврши одморот па ти да не сакаш 3 дена да се појавиш на раб. во останатите денови од отказниот рок што ти тече.
    @Brpbrp и мене ми лични на инат, а за потврдата колешка моја од конкурентска фирма така си дојде во фирмава кај што работев и на само интервју дури и рекла дека веќе однапред и е платен одморот и независно што ќе нема стекнати 6 месеци во новава фирма не ќе сака да го откаже да имаат во предвид да и дадат денови. Ним им требаше таков кадар и за се и излегоа во пресрет за да откако се смени власта си кидна на државно и пак фирмава остана во губиток, останаа без кадар од нејзин калибар. Тоа си е проблем на фирмата, затоа има алатки кои тие треба да ги користат и пред се да ги знаат, итно да пренаменат од постоечкиот кадар за одредени дефицитарни раб.позиции. Инаку вработенава заминуваше со потврда за неискористен одмор од приватана фирма и си го искористи во приватна фирма исто така и никому ништо.
    Се е ствар на договор, ама ако се сака, а ако не се сака се тера инат за ситници.
     
  11. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Joined:
    Jul 21, 2020
    Messages:
    3,176
    Likes Received:
    43,105
    Gender:
    Female
    Можат да и дадат потврда за неискористен год. одмор, ако се фер и менаџментот и таа како работник тие ќе и ја дадат таа потврда дека и е неискористен год. одмор. Друго ако си дала отказ, не и треба ни 3 дена непојавување, си дала тие ќе ја одјават во законскиот рок и тоа е. Сепак овде ми личи дека и тераат инает, ама и таа најдобро си знае.
    Како и да е не ми е јасно како користи одмор кога веќе си поднела отказ и при тоа со други договорила кој ден ќе и биде прв работен ден таму или пак тие ја притискаат за побргу, а и да ја почекаат еве до 30 дена би ја примиле, не знам. Не и е јасно дефинирано се.
    А за обврските и работодавецот ги има и работникот исто така и да се е ствар на одговор и ако се сака во законски рамки се решава со спогодбен, а ако не се сака е па тоа е, може требала да си има во предвид дека не ќе може да си замине како што планирала конкретен ден и како што и барале другиве.
     
  12. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Joined:
    Jan 17, 2018
    Messages:
    1,899
    Likes Received:
    6,269
    При секое вработување се потпишува договор и во него обично стои колку време е отказен рок. Мене не ми стои да ѝ тераат инает, туку едноставно си тераат процедури согласно законите, поверојатно ми е дека членката заборавила на договорот овде и се залетала да почне во новата фирма што побрзо да почне без да се договори овде што и како.

    Е сега штом веќе најавила отказ, и фирмата си ги тера најнормално процедурите, односно ѝ ги даваат деновите кои ѝ следуваат за годишен одмор (нема потреба она барање да праќа инаку, фирмата си издава решение), многу е опасно кога советувате право да пријавуваат по инспектори, посебно ако излезе дека членката е страната која не го почитува договорот за вработување и пријавила лажно.
     
    tina2018 likes this.
  13. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Joined:
    Jul 21, 2020
    Messages:
    3,176
    Likes Received:
    43,105
    Gender:
    Female
    Ама пишав јас дека таа најдобро самата си знае како е конкретната ситуација, каков и е договорот, досега тука ништо конкретно таа не наведе од него, таа постави само едно прашање, не даде детален опис.
    Друго еве и дале одмор и сега си тераат тие како да и тече отказен рок пример нека се 30 дена, ако таа се врати од одмор и ете не сака уште 15-10 дена колку ќе и останат да доработува никој закон не ја спречува да најави дека заминува со 3 дена непојавување на работа. Еве и не мора да каже, не иде на работа 3 дена се знае што и следи, сигурно нема да ја држат до бескрај во работен однос кога таа не се ни појавува на работното место.
    А ако не и дадат отказ кој според закон и следи јас и пишав тогаш да се обрати до трудова инспекција:!:
    Што има опасно тука, не и даваат отказ, не може насила да ја држат и тераат да им иде на работа ако не сака така?
    Е сега ако таа има некои анекси на договор, детали што не ги споделила и може да се огреши па сметам дека е разумна како да постапи и каде да се обрати или не се обрати. Пишав не споделила детали како и е срочен договорот.
    И во голема мерка претпоставувам дека е чист инат, затоа што и без тој инат или што и да им е проблемов на работодавците со спогодбен многу лесно ќе се договореле во полза на двете страни и таа на конкретниот ден што унапред го договарала со другиве веќе би била на раб. таму.
    Ама не сакаат, им се може, си тераат по закон исто така од нивна страна, и јас и @Forca најконкретно и одговори кои и се опциите, само спогодбен ја вади од ова се ако и е тесна временската рамка, а јас дополнив и која и е другата опција во случај да одолговлекуваат само.
    Сепак нејзина е одлуката бидејќи таа си го знае точно договорот ако и е во рака да си го препрочитува и јас на нејзино место ако имам ваква озбилна мака можеби не би пишала на анонимен форум да избегнам ризик да добијам ''опасни'' совети, правна помош нека си побара надвор од тука, во официјални служби.
    Да ставиме точка со тоа што би се согласиле дека не се согласуваме за намерите на нејзиниот работодавец, секој си има право за свои гледишта на темава, конкретно како е само таа знае и договорот знае според тоа што содржи тој.
     
  14. Abel

    Abel Популарен член

    Joined:
    May 23, 2020
    Messages:
    3,706
    Likes Received:
    9,308
    Gender:
    Female
    Некако не ми личи на инает, затоа што нивниот инает е на нивна штета, таа плата ќе си земе за секој ден работа или одмор. Ако веќе си дала отказ (како дала отказ, а добила одмор и уште потпишала решение за одмор не знам), фирмата најлесно се ослободува од неа без да има потреба било што да ѝ плаќа. Ѝ издаваат решение за неискористен одмор, потпишуваат спогодбен и чао. Така фирмата добива. Фирмата не добива ништо ако држи со сила работник кој ѝ онака ќе си даде отказ. Не им одговара да ѝ даваат платен одмор или да ѝ даваат отказ со надоместок за одмор. Ситуацијата ми е многу нејасна и не мислам дека фирмата единствено е одговорна во случајов. Башка што, во новата фирма, таа била очигледно многу нејасна во врска со нејзиниот статус. Да треба да ја договорам за работа и да не ми каже каква е ситуацијата, да одбивам други кандидати, да трошам време и пари за реобјавување огласи и интервјуа нови, јас не би ја примила искрено.
     
    Mikha4 likes this.
  15. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Joined:
    Jul 21, 2020
    Messages:
    3,176
    Likes Received:
    43,105
    Gender:
    Female
    Истово што си го пишала претежно го опфатив во преприската погоре, а за последната реченица во твојот коментар не можам да не се согласам со тебе повеќе.
    И еве пример да се најдам во ситуација да сум сопственик и да ми дојде вработена со потреба за спогодбен одма би и потпишала баш од таа причина што не ќе ми треба да одолговлекувам со некоја вработена што ќе ми се влече до отказно и тера низ работата ради реда. Е сега за оној дел што можеби би им требало време да и најдат замена тоа е малку дискутабилно ама ете пак да сум јас лично на позиција работодавец би го имала и ова во предвид однапред и пак одма би и дала спогодбен.
    Што е зад целава ситуација таа детално не опиша ама најдобро си знае. И колку и да им е на штета што и ги даваат сите поволности пак најмногу претпоставувам дека е огромен инат пред се делумно на нивна штета како што опиша, ама тоа е инат од типот да и наштетат за нешто понатаму. Во голема мерка кај нас се знае како стојат работите со работнава сила во одредени струки, јасно им е нив за што неа толку и се брза и мене да ми бара вработена спогодбен јасно ќе ми е што и е во план, освен ако ете заминува во странство па мора да прекине дог. пред истек на рок. Како и да е не можам да влечам сигурни заклучоци врз база на претпоставки во недостаток од детали и факти од нејзина страна и тука би застанала во понатамошнава дискусија.
     
  16. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Joined:
    Aug 9, 2019
    Messages:
    9,227
    Likes Received:
    13,505
    Секако плукаме по работодавачот. Ќе прашаш сега зошто, па да ти објаснам. Ретки се тие фирми што со убаво се испраќаат од работното место обично или те праќа на одмор иако немаш поднесено барање(а често е случува тоа) како членката погоре. Те форсираат и ти наоѓаат маани и кавги. И кога имаш поднесено за отказен рок они дента нема да те одјават или ќе те одјават на крај од работно време чисто колку да имаш престанок на работен однос. Фирма би чекала некој работник ако знае дека е во тесно и дека треба да се крсти на него и ѕвезди да му симнува за да му просперира фирмата.
     
  17. Abel

    Abel Популарен член

    Joined:
    May 23, 2020
    Messages:
    3,706
    Likes Received:
    9,308
    Gender:
    Female
    Последната реченица моја се однесува на новата фирма во која девојчево сака да работи. Ако одиш на интервју и не си транспарентен со твојот работен статус, им правиш проблеми и на тие другите, на тоа мислев. А спогодбен е најлесен, и сите што ги знам потпишуваат без проблем. Стварно секаде каде што сум работела, сум давала спогодбени буквално истиот ден и сум ги добивала исто така. Јасно дека ако некој реши да даде отказ , нема друго решение освен спогодбен. Освен во ситуации каде што МОРА да го почитуваш отказниот рок од договорот, зависи од дејноста.
     
    Idedemja likes this.
  18. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Joined:
    Jul 21, 2020
    Messages:
    3,176
    Likes Received:
    43,105
    Gender:
    Female
    Така де те сфатив за што ти се однесуваше последнава реченица и затоа ти пишав не можам да не се согласам повеќе на таа тема со тебе или да поедноставам комплетно се согласувам со тебе во врска со таа реченица. Да сум во тим за регрутација воопшто не би ја чекала кога не е конкретна и јасна кога може да ја прифати работата, а ако дала и временска рамка или датум, ден и ми остане недоследна на кажаното, одма колку и да е професионална во струката, најнеопходен кадар во новата фирма за која регрутирам би ми оставила поинаков впечаток.
     
    Abel likes this.
  19. Abel

    Abel Популарен член

    Joined:
    May 23, 2020
    Messages:
    3,706
    Likes Received:
    9,308
    Gender:
    Female
    Нема потреба да ми објаснуваш. Сум примила и испратила доволен број луѓе за да можам да направам математика. Сум се разделила исто така и со доволен број фирми јас како работник. Коректни фирми се ретки колку што се ретки коректни работници. Сѐ додека работата се доживува како натпревар кој да не остане заебан, ќе биде така како што е.
     
  20. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Joined:
    Jul 12, 2010
    Messages:
    5,214
    Likes Received:
    8,436
    Здраво
    Мене ми дадоја отказ вчера; ми заврши договорот и сега не ми е јасно дали ќе земам нешто доколку се пријавам во трудот ?
    Колку време се чека да стаса решението?
    Имам само 2 дена прекин во стажот ...