Мора од фирмата или може и друг адвикат, бидејќи не кажаа ништо такво дека они ќе го пишат туку сама требало
Тебе да не ти побарале некаква изјава, затоа што отказното решение мора да ти го врачи фирмата, мора да биде назначен член од закон според кој е донесено решението. Самото име ти кажува, решение. Одлука на фирмата. Нема логика тебе да ти бараат сама да си го напишеш. Истото важи и за спогодбен договор, го составува фирмата. Тоа се документи кои имаат терк, но се адаптираат во зависност од видот на договор за вработување, дејноста, статутот на фирмата и други фактори кои ни јас не ги знам пошто не сум правник. Иако имам работено ејч ар, никогаш не сум ги составувала лично, секогаш сум ги добивала од правник/адвокат. Убаво распрашај што точно сакаат да им пишеш во тоа "решение", не сте се разбрале убаво. Не може фирма да ти бара сама да си составиш решение.
Си пишала отказно решение. Од барање до решение има многу голема разлика. Барањето се вика барање за престанок на работен однос. Ќе пишеш до ху фирма, наслов барање за отказ и во текстот дека ти, со твоите лични податоци од договорот (име, презиме, адреса, ембг), како што си била ангажирана со број на договор ху, од датум ху, бараш да ти биде прекинат договорот заклучно со датум ху, наведи причина ако сакаш, ако не, не наведувај. Пиши датум, потпиши се со полно име и презиме и краток потпис. Имај заверна копија од изјавата и за себе.
Ако можеш на компјутер е подобро, з ада имаш примерок за севе кој ќе го предадеш исто во фирма за и тој да ти го заверат, ти пишав погоре пред некој ден.
Сакам да прашам,ако може некој да ми одговори. Колега беше избркан од работа(не му имаа дадено отказен рок туку 2 опомени и трето беше дирекно бркање). Бркањето од работа беше заради тоа што ич не си ги завршуваше обврските што требаше да ги сработи(си идеше како на гости),спиеше кога сакаше. Е сега,тој има поднесено тужба до фирмата заради тоа што го избркале од работа без отказен рок. Врз кој основ би добил на суд? Зарем не е доволно секој ден по 1 ипол саат да спие да го избркат?
Нема да добие на суд бидејќи веќе има 2 опомени. Е сега мислам дека по ново е ако имаат наведено причина зошто е избркан дека нема да може да се вработи на иста позиција 2 години. Се зависи под кој основ е избркан и тоа може да се види на аврм. Со отказен рок се брка ако нема опомена пуштено при бидејќи фирмата веќе има пуштено тоа правило не важи.
Адвокатите и судот ќе утврдат по кој основ ќе ја добие или изгуби тужбата. Ем колега, ем бивши, не му се секирај толку
Септември има триесет дена, октомври 31 ден. Или нешто смучкале со дати, ти си одиш на работа до 31.10, до последниот датум од договорот.
Епа кај гледале тие што ти го пишале, кажи си таму во ејч ар дека грешка направиле. Веројатно е до 30.09, ама види со тие во фирмата, стварно нема потреба тука да пишуваш, што и да ти кажеме ние тука може да биде погрешно зашто треба да направиш така како што ќе ти кажат у фирма, со нив си потпишала
Од кога почнува да се смета отказниот рок, од денот на доставување на барањето за отказ на раководителот или од денот на доставување, односно заверка во архива?
Здраво, би ве замолил за помош. Вработен сум во државна институција и поради постојани притисоци и организиран мобинг сакам да си заминам! Но искрено не сакам да биде со отказен рок или со спогодба. Зошто во тие случаеви сум во неповолна положба во случај на судска тужба, тоа и е наведено во колективниот договор. -Спогодбен отказ дадов пред неколку години исто така во државна фирма, и се заебав... не можев да тужам. Но тогаш мораше во иста ден да ме одјават за ваму да ме пријават... следна ден распишуваа избори. -Сега ситуавијат е различна, моментално сум на боледување кои ќе го продолжам за уште 15 дена, па после тоа сакам воопшто да не се појавам на работа и за 3 дена да добијам отказ. -Би ве замолил за ваш совет... сум во комбинација за нова работа.... како би се одразило ако ми дадат отказ? Дали би можел одма да се вработам на другото место? Тоа со отказен рок од min. 30 дена е полесно законски....
Јас мислам дека ако не се појавиш 3 дена како што велиш и ти дадат отказ дека тешко е да се вработиш одма,бидејки ќе покажува.
Зошто да не може и каде се одразува? @Mateo mark можеш било кога да се вработиш сѐ додека не си пријавен на друго место. Значи откако ќе те одјават може веднаш наредниот ден да бидеш пријавен во новата фирма.