Јас дадов отказ при што на договорот стоеше дека има отказен рок а ми рекоа нема врска, ќе те одјавиме уште истиот ден. Така да, не мора да значи дека ќе е обврзана да работи уште 30 дена.
Законот вели месец дена. А што ќе одлучи фирмата зависи од фирмата. Може веднаш да те пушти, но нема да биде во криво и да те држи месец дена затоа што така стои во законот. Фирмата веднаш те одјавила за да не ти плаќа дневница, а немала потреба да те држи, но не функционираат сите така, некаде одредена позиција не смее да не биде покриена. Тоа се работи кои се договараат на време, и не на форум, затоа што има многу точни/неточни одговори. Најпрецизно, одговорот ќе го добие ако си праша во ресурси во фирма или кај претпоставениот.
Они и законот, два различни света. Ако веќе ме присилуваат да останам подолго, има начин да ги сопрам. Секако утре ќе им најавам дека следната недела ми е последна.
Фирмава е тапа, мене после 2 недели ме пријавија, после 4 месеци добив црно на бело договор, плус други нелегални работи што ги прават. Така да мислам дека нема да им се ризикува да не ме одјават кога ќе сакам.
И да не сакаат да те одјават кога тебе ти одговара можеш да користиш одмор ако не го имаш досега искористено за тие 2 недели додека си на обука. Јас лично не би одела со “закани” и сл. зашто не знаеме што нѐ чека утре. Да бидеме реални, и ти не даде отказ на време туку кога се осигура дека ќе бидеш примена во подобра фирма. Најдобро е со договор и разбирање да заврши сѐ.
Ногу јасно, ја секако најпрво ќе одам на фин и културен начин, не ни планирам со закани. Секако им оставам простор 2 недели да најдат замена.
Не те присилуваат, стои во законот месец дена рок. Не ве разбирам стварно, сакате кон вас работодавачите да бидат коректни, исто важи и во обратна ситуација. Ти секако три дена можеш да си седиш дома, автоматски добиваш отказ. Ич не се мачи да најавуваш ако сметаш дека не заслужиле. Јас само одговорив на прашањето Отказен рок од две недели не постои.
Ако ви истече договорот и не ви го продолжат.Дали може некое време да земате пари од завод и ако да колку пари и колку време??
https://av.gov.mk/paricen-nadomestok.nspx Зависи од неколку работи. Како си одјавена, колку месеци си била вработена. Прочитај си на линкот. Ако се квалификуваш за надоместок, има табела во која ти пишува колку месеци можеш да го земаш, зависи од годините стаж, нормално колку повеќе стаж, толку повеќе месеци земаш надоместок. А сумата се одредува во зависност од платата на која си била пријавена.
Не знам дали некаде е спомнато на форумов ама да си кажам да си знаете Тоа со " не можеш сега да си дадеш отказ " "Мораш да продолжиш до крајот на договорот Ништо не важи.. само 3 дена ако не одите на работа ви следува отказ а ако не ви дадат отказ ви следува плата хехе. Бидејки ми се има случено да не ми дават отказ па да си знаете. Не должимд никому ни ден ни два
Да, ако ептен сакаш да си одиш и не се седи , всушност според тој член работодавецот има право да те одјави. Но ако имаш денови од одмор кои ти следуваат не можеш да ги користиш. Секако во некои случаи тоа и не е важно, посебно во фирми каде се гледа дека не се почитува ништо.
Даа јас на последното работно место беше јуни кога напуштив и си го земав одморот првин 15 дена па напуштив.. За само 3 дена што не одработев не ми следи к-15
Така е. Никому не должиме,. Ама си должиме себе да читаме договори кога се вработуваме, да прашаме што не ни е јасно за воопшто да не дојде до ситуација да мораме "да бегаме" од работа. Згора на тоа што во досие во Аврм пишува дека си добила отказ, а тоа за многу работодавачи не е добар знак, особено кога немаш шанси да објасниш дали во конкретната ситуација си била во право. Едноставно договорите треба да се почитуваат на двете страни. Давање отказ со непојавување на работа не е блиц решение што треба да се применува постојано.
Јас на две работни места до сега отказот сум го дала какоо своеволно напуштаење као никој не те брка сама сакаш. Дири за фирмата е лошо не сака да дава откази на сам прв ден работа пишував своеволен отказ кога напуштив само го потпишав
Спогодбен отказ и непојавување на работа 3 дена за да добиеш отказ, не се исти работи. Спогодбено потпишуваш ти во договор со фирмата, значи сте направиле како засегнати страни договор. Непојавување на работа 3 дена за законот значи дека не си го почитувала договорот за работа, и фирмата после тие три дена пишува решение за престанок на работен однос поради тоа што не си доаѓала на работа и не си ги почитувала тиеитие членови од договорот и така ти завршува работниот однос, не потпишуваш ништо. Во Аврм и во законот, тоа се многу различни работи.
Што подразбираш под "добијам отказ"? Ако ти дала отказ фирмата, а си имаш нова работа, претпоставувам сѐ е во ред. Не мислам дека е во ред да избегаш од работа и да те нема 3 дена како средство за да изнудиш отказ за да можеш да одиш да работиш на друго место, наместо да се обидеш да се договориш човечки. Таму каде што има простор за тоа секако.
Ако нема друго решение, мора и тоа е. Во Аврм секако ќе стои дека фирмата ти дала отказ поради непочитување на договор бидејќи не е спогодбен отказ. Освен тоа, не би требало да има други последици, освен ако пишува нешто друго во твојот договор за вработување, некакви посебни ставки. Некои фирми те обврзуваат да работиш за нив одредено време без да имаш опција за отказ или да им исплатиш сума која хипотетички ја потрошиле за едукација, тренинг... Тоа зависи од твојот договор за вработување.