Ништо нема од тоа... ова е се државни институции... дури мислам дека и ќе име мерак што ми дале отказ
Затоа и пишав погоре, нема универзално решение и универзален одговор кој ќе биде апсолутно точен. Секоја ситуација е различна.
Ајде еден совет. За мајка ми се работи. Вработена беше во градинка на договор, година дена како работи, а еве два месеци ја држат ниту на договор ниту плата и даваат. Сабајлево отишла кај директорката и ја прашала до кога мисли да ја држат на црно и без плата, она и рекла слободно оди си дома. Искрено, ми падна многу криво што можам да постапам? Ја држеа ниту пријавена ниту плата со ветување ќе биде ќе биде а сега?
Они можат многу да ветуваат, ама реалноста е друга. Џабе е, ништо не може да направе мајка ти, освен ако нема некои многу јаки врски за да ѝ дадат решение кога ќе објават оглас.
Ништо не може да направиш. Ако договорот истекол мајка ти е слободна, а тие не се обврзани да и го продолжат договорот ако немаат потреба. Жал ми е
Штом и завршил договорот и не прима плата нека не оди на работа, барем нека не се мачи, нека не работи за џабе. Ако се отвори оглас, може да конкурира повторно. Нека следи дали и кога ќе има оглас за нејзиното место и нека прати се што се бара во рокот за пријава. Ветуваат сите, ама дали ќе биде тоа никој нема да и каже со сигурност. Во меѓувреме би и било добро да си бара работа активно и да си конкурира и на други места. Ако не ја примат повторно, барем да има други опции.
Смениле или не, секој кога му завршува договорот на определено време може да не влезе во игра за истото место нареден пат. Ризикот да не ти го продолжат договорот повторно (или при нов избор да примат некој друг место тебе) постои, независно дали си во јавна институција или во приватна фирма.
Сега ништо. Нека трча наредни избори кога ќе има, ако ѝ дадат решение пред изборите, супер. Ако не, тоа е.
Единствено да пријави во инспекција не знам дали ССМ се замараат со тоа и да ја прочешлаат градинката т. е. анонимно да пријави од друг број дека имаат непријавена жена што им работи.
Mnogu mi e zal za majkati rabotam vo slicna institucija Ne veruvam deka ke i dadat dogovor ili ke i go prodilzat. Vo javnite instituci prosveta i gradinki e taka samo zuvci da kines.Sve e partiski .Jas bas rabotev nesto kako covecki resursi ama vo postapka sun da dadam otkaz poradi pritisok . Nema sto da se pravi i da viknete trudova ke napravat navaka nataka zapisnik i nisto majkati ke bide kriva Taka funkcionira drzavata toa e. Ako ima vrski ke ostane ama so ogled na toaa sto ja macat dva meseci ne veruvam . Sekako za toj period nemoze da i se plati znas
Како може она да излезе крива, а работела непријавена и без договор. Знаете колку ги казнуваат приватните фирми кога ги фаќаат со непријавени работници? Проблемот е што и да ја казнат институцијата, во овој случај градинката нема да ѝ се реши статусот, за жал. Градинките се под надлежност на општините, а таму зависи која партија е на власт, тие свират. Иако, пред 4 години сите кои беа со нерешен статус затекнати во мојот град, и со договор на дело по градинките, добија договор на неопределено - решение, а скоро сите беа од опозицијата.
Ne mislev bukvalno ona kriva.Nieden inspektor sto zima pari od budet ke kazni budetar Go imam videno toa milion pati na rabota a privaatnite gi kaznyvaat za da se pilni budetot . Toa e za zal
Луѓе во четвртокот на 30-ти декември ни дадоа договор со истата плата како и досега а ни ветуваа дека ќе ни ја зголемат платата за 3000 ден. плус ќе имало бонуси... Се побунивме и ни направија нови договори на 6 месеци кои важат од 01.01.2022 со покачена плата како што ни ветија. Во петокот не известуваат дека нема да ни исплатат к-15 затоа што фирмата наводно била во загуба. Вчера на 3 јануари се собравме сите колеги што не следува к-15 бидејќи сакавме да знаеме зошто до последен момент се криеше за тоа дека нема да се исплати к-15, сеуште не ни е исплатена декемвриската плата и за слични неправилности кои се случуваа во последните неколку месеци. Откако заврши разговорот се вративме да работиме како ништо да не се случило. После 2 саати откако заврши состанокот со директорот, не повикаа сите 9 работници за да ни соопштат дека сме избрзале, суспендирани сме и дека отказот ќе го добиеме преку пошта. Ни донесоа и организиран превоз до следната автобуска станица(бидејќи самата фирма се наоѓа во индустриска зона и нема автобуски превоз во близина на фабриката). Фино лепо ни кажаа да ги оставиме униформата, картичката и обувките и да си одиме дома. Свесна сум дека к-15 нема да добиеме и големи се шансите дека нема да ни ја исплатат декемвриската плата. Прашањето ми е дали во овој случај работодавачот има право да не тужи? Дадениот отказ не е спогодбен туку ќе добиеме писмо преку пошта. Откако дојдов дома дознав дека сеуште не сум одјавена од биро за вработување.
Нема основ да ве тужи, а вам ви е должен плата и К15. Исто така фирмите не се ослободуваат од неплаќање К15 така лесно, прво треба инспектор за труд да им потпише во консултации со синдикат, инаку си ризикуваат казни. Можете слободно да ги пријавите, на страната на државен инспекторат за труд има опција и за анонимно пријавување, па ќе им оди инспектор во контрола. Дури и да се ослободени од исплата на К15, платата мора да ви ја исплатат до денот кога сте осигурани. Штом не ве одјавиле сеуште мене ми стои на блеф, јас да сум на ваше место би побарала правна помош, има организации кои нудат бесплатно за кршење на работнички права. И тоа испраќање на сред работно време без предупредување е кршење на вашите права. Сега за да излезат чисти пред инспектори може да ви пратат писмо односно опомена пред отказ поради неисполнување на работни обврски, по што ќе можат да ве одјават без проблем, затоа треба што поскоро да делувате преку инспекторат, синдикат, или ако може некој адвокат да ви помогне.
@Dark artist за да добиеш отказ кој веднаш стапува на сила, не знам што треба да направиш. Мислам дека и по закон е усна опомена, па дисциплинска и кратење од плата како казна, па дури потоа отказ. Проверувај си во аврм дали си одјавена, иако ако ви праќаат отказно решение по пошта можно е да се игра на картата три дена непојвување на работа по што ти следува автоматски отказ. Но, преварантите најдобро ги познаваат дупките во законот и може да најдат начин како да изведат отказ. Ако постои начин да се организирате и како група да испратите адвокат кој писмено ќе испрти допис со барања за вашите права, јас така би постапила. Со среќа.
Се додека не го добиете отказот одете на работа или земете боледување, за да не испадне на крај 3 дена последователно не одење на работа да ви го откажат договорот за вработување без отказен рок, во другиот случај ви следува отказен рок од 30 дена, или ако ве одјави од деловни причини тогаш ви следуваат други права кои ќе ги немате доколку ве одјават без отказен рок. Инаку вие имате право да тужите за неоснованост на отказот. Регрес и плата задолжително треба да ви исплатат.