Ако им е земена униформа и картичка за влез, немаат пристап до работното место. Треба веднаш адвокат или инспекторат.
Смислено им е земена картичка и ќе ги одјават по оснос 3 дена непојавување на работа. Декемвриска плата ќе им исплатат, а К-15 исто ама 1000 ден пошо работат со загуба.
Тоа не можам да знам. Сигурно постои начин да се интервенира имајќе предвид дека инспекторите и државата спијат и дозволуваат нов, модерен фашизам.
Да најверојатно ќе играат на таа карта да не се појавиме 3 дена на работа за да го испратат отказот преку пошта и комотно да не одјават. Без картичка воопшто не можеме да влеземе во фирма, се е тоа однапред смислено. Денес се собрани лични податоци од 6/7 работници за да го пријавиме случајот во АВРМ. Само 2/3 работници не се согласија да ја пријават фирмата бидејќи сакаат да се вратат назад . Од една страна ги разбирам бидејќи сите сме различни случаи, но сепак после се што се случи не ми паѓа на памет да стапнам таму. Една колешка што не присуствуваше во понеделникот а ја следува к-15, самоволно дала отказ откако дознала што се случило. Во меѓувреме и отворила боледување. До последен момент збореа дека уствари ќе ни исплатат и к-15 и плата пред нова година за на 31 декември да ни соопштат дека наводно фирмата била во загуба. Само да напоменам дека се работи за фирма која произведува масло од канабис и е првата во Македонија која добил лиценца за извоз на сув цвет од канабис...
Имав слушано за таква фирма дека ептен педерски играла само не знам која е. Ако можете да тужите и да добите супер би било. Само не разбирам зошто некој би се вратил повторно да работи таму кога ќе му биде дупло полошо кога ќе се врати.
Само 7 работници се согласија за да ги пријавиме за давање на неоснован отказ и неисплаќање на к-15. Една колешка денес отиде да ги замоли да ја вратат да работи бидејќи семејството го издржува со таа плата, и ја вратиле на работа. Декемвриската плата им е исплатена на новите работници, а на нас 9-те работници што не избркаа уште не ни е исплатена. Бидејќи таа плата ни е изработена и сме биле пријавени тој период мора да ни ја исплати, ама со вакви фирми човек да си нема работа. Мизерија невидена се!
Не може да поминат плата на кој ќе одберат они, декларацијата за плата се издава од Ујп на основа на податоци од АВРМ и список на вработените во една фирма. Проверете си да не ви пуштиле 2-3 денари, за да може да ја поминат платата и на другите. Со тоа можете да ги пријавите слободно, бидејки е прекршок фирма да исплаќа износ понизок од минимална плата.
Жално до кој степен се некои луѓе дојдени, да молат да се вратат кај шо ги направиле подолу од ѓубре, кај шо ги згазиле… Жално е што сами ние како народ дозволивме ова да ни се случува. Инаку, среќно во лавиринтите на правдата иако не сум оптиминст дека ќе се докажете пред надлежните ако земеме предвид дејноста на фирмата, а јавна тајна е кој добива лиценца за тоа. Само медиумски притисок сега помага. Викање телевизии и кревање галама.
Проверивме преку електронското банкарство дали ни префрлиле плата, воопшто ниту еден денар не ни е префрлен на сметка. Не знам што и како направиле. Обично на сите вработени во ист ден ни стига платата ама ова ќе да е за инает бидејќи се побунивме.
Искрено верувам дека џабе е поднесена кривична пријава против фирмата бидејќи тие имаат "дебели" врски. Не би се вратила на местото од каде што ме избркале и ги прегазиле моите права. Но понекогаш човек е приморан да се врати на такво место, иако има и други решенија но сепак ете...
Можно е некој бонус да им пуштиле на другите или да користат две фирми, нема шанси да е по основ на плата, а да не се пушти на некој кој е веќе пријавен, системот е автоматски и нема да добијат налог за да извршат уплата во банката. Еве ти линк https://dit.gov.mk/?page_id=202 има и опција за анонимно иако се знае кои сте, но по овие пријави инспектори се должни да одат на терен и да состават записник.
Немаат врски, имаат многу пари, срамот и бруката е на службите, во право е членката погоре, можете и новинари и некои организации да контактирате, чисто да дигнете галама.
Мора да се исплати платата бидејќи сме биле пријавени и сеуште се водиме како пријавени до утре (бидејќи утре е третиот ден како не одиме на работа). Само знам дека нас 9-мина не не исплатија денес, а сите останати вработени имаат прилив на средства во износ од нивните месечни плати. Можно е да користат и две фирми како што спомна погоре. Вчера пишав една детална анонимна пријава. Денес ќе пишам уште една ама во врска со платата. Е да имаат мн пари од таму и мн моќ. Голем број на работници како доаѓаа, не се задржуваа повеќе од 3 месеци, додека да разберат на кој принцип работи фирмата, и после самите си даваа отказ.
Прочитај го пак договорот. Зошто со договор на дело има една ставка што ја додаваат работодавачите за да се заштитат т. е. работодавачот има право да не му ја исплати последната плата на работникот во случај тој да добие отказ. Убаво прочитај го договорот ако ти го пишува ова не ја ни очекувај платата.
Јас веќе се откажав од последната плата бидејќи сите работници се исплатени само нас деветтемина не не исплатил. Но сепак ќе го проверам договорот.
Ова е незаконски, без разлика што ќе им текне да вметнуваат, плата те следува според Закон за работни односи ако си ги исполнувал работните обврски во тој период. И нема шанси фирма да се ослободи од таа обврска пред Ујп и пред трудов инспекторат.
Вади боледување и извести ги во фирмата дека си на боледување за да не се вадат на тие 3 дена. Ако ви дадат отказ од деловни причини мора да ви исплатат одреден број плати спрема стаж.
Знам дека е незаконски ама така функционираат фирмите во Македонија. Институциите премолчуваат на ваквите незаконски дејствија, а фирмите ги користат дупките во законот. Ќе морам да отворам боледување, ама тоа ќе треба да го сторам во сабота бидејќи денес и утре не работи матичниот лекар.