1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Отказ и сè околу тоа

Дискусија во 'На работното место' започната од CinnamonBambi, 15 јули 2016.

  1. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.259
    Поентата е дека не може договори да се склучуваат доколку истите не се во согласност со законот, ако е така фирмите може свашта да ти подметнуваат.
    Инаку, нема дупки во законот, има нефункционални институции, а на институциите мора да им се врши притисок, и секако мора работниците почесто да пријавуваат. Колку и да имаат врски газдите, ако има чести пријави не може сите инспектори да ги пикаат под тепих.
     
    На Dark artist му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Dark artist

    Dark artist Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2017
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    366
    Пол:
    Женски
    Потполно си во право. Ние групно ја пријавивме фирмата во вторникот. Во сабота ќе отворам боледување и ќе мора да ги известам во фирмата дека е отворено боледувањето иако се поминати 3 последнователни дена откако не одам на работа, а во понеделник ќе одам до АВРМ со стариот и новиот договор и ќе ја објаснам целата ситуација. Досега имам пуштено 2 анонимни пријави преку страната на државниот инспекторат.
     
    На Mikha4 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.189
    Пол:
    Женски
    Сега касно ти е за боледување. А и да отвориш пак ќе бидеш одјавена по истиот основ.
    Интересно како овде се советува да лажира боледување за да се искористи дупката во законот, а кога фирмата го прави тоа се критикува.:)
     
    На prashinka и Cyclop им се допаѓа ова.
  4. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    695
    Допаѓања:
    1.928
    Пол:
    Машки
    Заради справедливост затоа ја советував така членката, секој работодавач го интересира само профит, и заради профит ,,без око да му трепне" го експлоатира работникот како да е негов ,,предмет", умешно работодавачот знае како (не)функционира мк системот и го користи тоа, знае дека заради големата сиромаштија и нискиот стандард може во секое време да го замени било кој работник, и тоа му дава лажно чуство на ,,моќ" на работодавачот да си проба да си прави баш што сака (особено ако има и пари).
    Луѓето не си ги знаат правата затоа треба некој да им помогне па макар да им укаже на ,,дупки" во закон, кога работодавачот игра не фер и некоректно во конкретниот случај тогаш и работниците имаат право реципроцитетно да играат не фер и некоректно, како што работниците чуствуваат стрес заради изгубеното работно место, така и работодавачот треба да го ,,боли глава" за да го оправда отказот, оти сепак не може да си прави што сака особено да си игра со нечии судбини, а загуба на работно место е токму тоа играње со нечија судбина...

    Тоа е тоа ;) :)
     
    На mari_sa, Idedemja, темјанушка и 7 други им се допаѓа ова.
  5. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.059
    Пол:
    Женски
    Па фирмата "почна прва". Тоа е знак дека не се коректни и немале намера да бидат. Сигурно нема да ги жалиме.
     
    На VDT2906, Bezimenka90, Just.do.it и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Dark artist

    Dark artist Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2017
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    366
    Пол:
    Женски
    Знам дека е доцна да отворам боледување. Но сепак ќе се обидам.
    Само да те потсетам дека 9-мина не избркаа само заради тоа што побаравме валидна причина поради која не ни е исплатен к-15 и заради други нерегуларности. Ние сме тие кои што сме изиграни, а не фирмата! Кога веќе фирмата игра на педерски начин тогаш кажи ми во овој случај како да постапам? Пошто по пат на правдина не можам да си го земам она што ми следува! Сум работела како "коњ" цел месец за мизерна плата и фирмата нема да ме исплати само заради тоа што така и се може. Тука се игра со обичните смртници како што се сака. Работникот не е заштитен, постарите велат ќути да не биде полошо. Кое полошо? На 30 степени сме кастреле, под сијалица која што е 60 сантиметри над глава. Жива вода сме се правеле додека храневме растенија и чистевме по соби со 30/35 степени и такви не праќале во триминг каде што температурата во просторијата е 10 степени. Болни сме иделе на работа, па никој не не прашувал. Сме останувале прекувремено до доцна, не не прашувале дали можете да останете, дали имате планови после работа, дали имате живот, туку едноставно вие живеете за фирмата! Не може да си одите се додека не се заврши со работа. Мн пати сме останувале без втора пауза, само за да се заврши работата и да не главите многу. Преку глава ми е од ваквите коментари и ваквиот менталитет. Сега разбирам зошто луѓето бегаат од милата ми татковина!
     
    На Oneofakind, Idedemja, темјанушка и 8 други им се допаѓа ова.
  7. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.189
    Пол:
    Женски
    Ако се сеќаваш на моите претходни коментари знаеш кој ми е ставот. Може ти звучи сурово, но ај што ништо нема да добиете вие 9, евентуално плата за декември туку и “криви” ќе испаднете. Пошо овде на форумов е све супер и по закон, таму надвор не е дотолку розево. Пак ќе повторам, се знае чии фирми добија лиценци за канабис. Да беше сѐ во ред, вие немаше да сте во оваа ситуација.
    Мојот коментар беше упатен кон други членови кои се претставуваат во друго светло, критикуваат фирми кои не работат по закон, а те советуваат да извадиш лажно боледување и ако се постапи по закон и матичниот да го вмешаш во тие “дупки”. Инаку, касно ти е пошо ти веќе 3 дена не си појавена на работа и џабе дискутираме. Ако ти треба работата и ти ќе молиш ко колешката, ако не, ќе си најдеш друга, а ова ќе остане заташкано ко и сѐ досега. Среќен Божиќ.
     
  8. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    6.625
    Пол:
    Женски
    Па нормално ќе советуваат што да направи. Сигурно нема да и кажат дека е во право фирмата.
    Не можам да ве разберам. Според вас вината секогаш е во работникот. За жал дури ова гледиште опстојува, газдите ќе се однесуваат како со робови.
     
    На Idedemja, cresa-jagoda, Orchidea и 3 други им се допаѓа ова.
  9. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.062
    Допаѓања:
    18.028
    Пол:
    Женски
    Ова е трик кој го прават газдите за да излезат "чисти" ако ги пријавите. Ако поминат повеќе од 3 дена, а вие не одите на работа притоа не сте потпишале отказ и не сте одјавени тие денови. Автоматски ви следува отказ заради неодење на работа без да имате причина и доказ за тоа. И мене ми имаа така направено кога дознаа дека сум бремена.
     
    На Dark artist и tina2018 им се допаѓа ова.
  10. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.189
    Пол:
    Женски
    Не, јас и дадов и друг совет. Да извршат медиумски притисок. Да викнат телевизии кога веќе немаат што да изгубат. Ама таа, гледаш, нема храброст ни да поднесе пријава до инспекторат со име и презиме, иако според пишаново сите 9 работници се во право. Зошто анонимно и со задкулисни игри и лажни боледувања?
    Јас да бев на нејзино место ич око немаше да ми трепне да пријавам и да се знае кој пријавил. Што ќе изгубам? Освен шансата да молам да се вратам назад ништо друго.
     
    На riba79 и Dark artist им се допаѓа ова.
  11. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.059
    Пол:
    Женски
    Но, не си на нејзино место. Зашто ја осудуваш кога ништо не направила погрешно освен што останала без работа. И не можеш да знаеш што може да изгуби. Медиумски притисок важи три дена, исто ко и секоја друга правда во државата. Па новинарите се први дудлачи на политичарите.
     
    На Just.do.it, VDT2906 и Dark artist им се допаѓа ова.
  12. Dark artist

    Dark artist Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2017
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    366
    Пол:
    Женски
    Wow живееме во држава каде што работникот е виновен и во случај кога не е виновен. Што ќе направам со медиумски притисок? На крајот се ќе се заташка и ќе се заборави. Познато е дека кој има пари тој има и моќ. Зошто би се вратила на местото од каде што ме избркале???
    Да имам потреба од пари, меѓутоа имам и достоинство и почит кон себеси. На многу педерски начин не изиграа и јас пак да се враќам на тоа место?! Нема шанси! Ќе си барам работа на друго место.
     
    На H.VAGA, tina2018, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  13. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.189
    Пол:
    Женски
    Ај баш ќе видиме анонимнава пријава да не случајно потрае 4 дена.
    Боли кога некој ја кажува вистината…
     
  14. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.059
    Пол:
    Женски
    Не разбирам. Која вистина ја кажуваш ти, меѓу другото, на анонимен форум, исто како и анонимната пријава што толку ти боде очи. Не можеш да зборуваш за туѓата " вистина" кога не си во нејзините чевли.
     
    На Dark artist и Just.do.it им се допаѓа ова.
  15. Dark artist

    Dark artist Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2017
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    366
    Пол:
    Женски
    Вистината не е субјективна работа туку објективна. Ти не ја кажуваш вистината туку само своето мислење си го изразуваш и тоа е се. Како луѓе треба да научиме да прифаќаме различни толкувања од нашите. Не барам да ме подржуваш, ниту пак ме иритира фактот што размислуваш поинаку и ја кажуваш "вистината". Јас најубаво си знам како ми е и што и да направам тоа е мој живот. Сите други можат само да осудуваат и критикуваат.
     
  16. ♤the girl&

    ♤the girl& Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2022
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    255
    Пол:
    Женски
    I na mene istoto mi se desi posle dva dena slobodni odam 3 den na rab mi vikat ti zavrsi dog od utre ne si na rab ni izvestuvanje ni nisto ic , i zgora na toa ni zimski odmor nema da mi se presmeta bidejki sum trebala baranje da napravam , a jas ne ni znaev deka posle nova god nema da mi prodolzat dog nikoj ne me izvesti , to e
     
    На Dark artist му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Dark artist

    Dark artist Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2017
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    366
    Пол:
    Женски
    Абе идиотска работа е тоа со повеќето македонски фирми. Добро е барем платата ни ја исплати. За друго не сакам да се замарам веќе, сега си барам нешто друго.
     
    На ♤the girl& му/ѝ се допаѓа ова.
  18. ♤the girl&

    ♤the girl& Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2022
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    255
    Пол:
    Женски
    Daj boze po ubava i polesna rabota da si najdeme :)
     
    На Dark artist му/ѝ се допаѓа ова.
  19. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.189
    Пол:
    Женски
    Џабе лажното боледување и анонимната пријава, а? Ништо не помогнаа?
     
  20. Dark artist

    Dark artist Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2017
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    366
    Пол:
    Женски
    За среќа не отворив боледување и го баталив тоа. Само собравме податоци да го пријавиме случајот во брзо време откако не отпуштија и тоа само така остана. Случајот ќе биде заташкан како и многу други случаеви. Денес неколку колеги отидоа во трудов инспекторат за да го пријават случајот со адвокат, меѓутоа некои вработени во Агенцијата за вработување им спомнале "да не го чепкаат осилото" бидејќи се работи за NYSK Holdings, а извршен директор е Златко Кеско. Дури и адвокатот им кажал "Вие сте во право, но да знаете дека на крајот ќе ве изгори". Хахахахаха мојата ми чудесна земја Македонија полна со полтрони, камелеон, дудлачи, шпиони...
    Сега гледам да си најдам друга работа и да не се замарам со случајов. Периодот полн со нервоза ми помина, иако justice is blind сепак си најдов мир и конечно ќе можам да си одморам од глупости.
     
    На Dpokahontas, Mikha4, ♤the girl& и 2 други им се допаѓа ова.