1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Отказ и сè околу тоа

Дискусија во 'На работното место' започната од CinnamonBambi, 15 јули 2016.

  1. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.189
    Пол:
    Женски
    Е така, пишете ги работите до крај, да не фантазираат други кои читаат и се во слична состојба дека со отворање боловање ќе се вратат на работа од која ги избркале. Тоа можда во некое фирмиче трговец поединец кај шо газдата е бетер од работникот.
    А тебе, со среќа понатака. Да си најдеш подобро. :)
     
  2. Dark artist

    Dark artist Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2017
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    366
    Пол:
    Женски

    Hmm I don't know who wants to go back there but it's definitely not me. :shake: (wtf) Никој не фантазира туку едноставно сите сакаат да знаат кои им се правата во таков случај.
    Али како и да е, фала ти.
     
  3. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.261
    @Dark artist Најважно е дека ги пријавивте и дека во инспекторатот постои пријава за вашиот случај.

    Јасен ми е револтот и разочарувањето од институциите, и тоа како заслужено ја изгубиле довербата кај граѓаните.

    Институции на кои им се исклучени телефоните за контакт и со вакви вработени како во твојот пример што им го направиле оној муабет за "осилото" од типот на муабети што се прават пред селска корпорација, треба да не постојат веќе.

    Во секој случај пријавувањето и да нема моментален ефект, многу е важно да го има што повеќе.

    Како прво, ако има било какви резултати од инспекцијата, мислам дека инспекторите немаат обврска да ве известат околу нив, и освен ако не разберете од некои од старите колеги може и да не разберете ништо.
    Поверојатно е дека ќе тегнат врски и ќе успеат во тоа, но и тоа не е бесплатно. Познавајќи некои примери од инспектори и нивните апетити, тоа на газдата може да го кошта и повеќе отколку што ќе ви исплатеше К15 а штом го болело за тие пари, ќе го боли и за овие. Секако му е поевтино да ја закопа или фалсификува пријавата отколку да треба казни да плаќа.


    Второ, сите пријави се регистрирани, сите решени и нерешени случаи се забележани. Државата е обврзана преку меѓународни спогодби, договори, дури и при процеси како што е земање кредит од организации како Светска банка, ММФ и слични, да мора да дава извештаи околу ефикасноста на своите институции, поточно се земаат параметри преку кои се мери нивото на корупцијата во една земја по кои се калкулира нејзиниот рејтинг. Секогаш кога ќе видиме некој објавен извештај каде се рангираат земјите по било каков стандард, тоа значи дека податоците се добиени и обработени преку некој канал. А дното сеуште не ни е стигнато во некои од нив..
    СДК колку повеќе се пријавуваат нерегуларности каде институциите потфрлиле, толку повеќе ќе има поголем притисок и за нив.

    Сериозно мора да почне да се прави притисок за нивното постоење и реална потреба во јавноста.
    Пример, во држави како УСА институција како АВРМ не постои, поедноставена им е регулацијата така што воопшто не им ни треба. [\SPOILER ]
     
    На Dark artist му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.060
    Пол:
    Женски
    Дали сериозно се потребни вакви зајадливи коментари?
    Честитки девојко, ти беше во право, да ти издаде Фемина сертификат треба. Ме интересира дали си вака борбена за туѓи проблеми и дрска и надвор од анонимен форум. Чуму е потребно?
     
    На Dark artist му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.060
    Пол:
    Женски
    На Dark artist му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Orchidea

    Orchidea Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2017
    Пораки:
    955
    Допаѓања:
    2.156
    Пол:
    Женски
    Не знам со која дејност се занимава фирмата, само како предлог - прашај во Гласен текстилец, не сум сигурна дали се само за текстилна индустрија. Ако не се, мислам дека можат да ви помогнат.
     
    На Dark artist му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Dark artist

    Dark artist Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2017
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    366
    Пол:
    Женски
    Гласен текстилец ги заштитува правата на работниците во државава од приватниот сектор, со акцент на оние од текстилната, кожарската и чевларската индустрија. Со оглед на тоа дека 90 % во тие индустрии се жени... Ќе им пишам и ќе видам што ќе ми вратат. Фала за предлогот.
     
  8. honey.11

    honey.11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2013
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    972
    Пол:
    Женски
    Договор на определено време, ме интересира колку е отказен рок да им најавам? Која е процедурата и дали може да биде пр. до 3 мееци тој отказен рок?
     
  9. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.060
    Пол:
    Женски
    Што ти пишува во договорот по тоа прашање? Имаш договори на определено време од 1,3,4,5,6 месеци, година дена итн. Би требало да имаш таков член, што во случај на откажување договор, од твоја страна или од страната на работодавачот.
     
    На honey.11 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Lotus Girl

    Lotus Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2021
    Пораки:
    796
    Допаѓања:
    3.794
    Пол:
    Женски

    Тоа треба да ти е регулирано во договорот за вработување што си го потпишала.
    Ако нема ваков член тогаш според ЗРО е еден месец .
     
    На honey.11 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.103
    Пол:
    Женски
    Може да биде 3 месеци ако така ти е наведено во дог. за враб. што си го потпишала. Ако не е наведено си иде според ЗРО, 30 дена однапред се најавува отказ.
     
    На honey.11 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. *Mariposa

    *Mariposa Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2016
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    183
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите, за три недели ми истекува договорот на определено од 3 месеци и јас не сакам да го продолжам, дали треба претходно да ги информирам или кога ќе ме повикаат за продолжување да ги известам дека нема повеќе да работам таму?
     
  13. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.060
    Пол:
    Женски
    Тоа е твое дискреционо право. Што и да одлучиш, нема да биде погрешно. Што ти одговара најмногу тебе, тоа направи.
     
    На *Mariposa му/ѝ се допаѓа ова.
  14. JoanaS

    JoanaS Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2016
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    3.969
    Пол:
    Женски
    Дали може да ме одјават утре, а одјавата да е со датум 21.02.2022?
    Дали е можна таква опција?
     
  15. Lotus Girl

    Lotus Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2021
    Пораки:
    796
    Допаѓања:
    3.794
    Пол:
    Женски
    да може, може да се одјавува 7 дена унапред од датумот на одјава. Си пишува таму датум на престанок односно одјава ќе го напишат датумот 21.02 и автоматски ќе бидеш одјавена со 21.02
     
    На JoanaS и Abel им се допаѓа ова.
  16. MiTea

    MiTea Нов член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2022
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Здраво воедно фала на сите,
    Незнам како незнам и зошто не сум се замарала околу договорот ама ете се деси....

    Работам во фирмава 4г + меѓу тоа во тие 4 години незнам од кој причина ама газдава дека има 3/4 фирми и не има префрлано од една во друга на извесен период ама ние си работиме, си ја работиме работата плата си доаѓа на сметка одмори дрн мрн тоа е тоа ....
    И дојде денот да ме побараат на телефон од сметководство архива канцеларија или како и да ја наречам небитно и да ми кажат дека ми завршува договорот утре, нема да ми биде продолжен да не доаѓам веќе на работа.... так так баш туку така, немам коментар ...
    (Отказниот рок е од денес за утре)?
    (Во врска со пријавување за во завод)

    Фала уште еднаш на сите некој ако знае нешто околу ова нека пише што да се прави дали да се прави, дали може нешто дали не може ... :)
     
  17. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.261
    Значи сте биле пријавени на определено време штом ти рекле дека нема да ти го продолжат. Не знам како сте биле договорени и дали е тоа истото што си потпишала, бидејќи ако ве одјавувале и пријавувале по други фирми, провери во која си пријавена и со која фирма си потпишала договор и каков, на определено или неопределено.
     
    На Lotus Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  18. MiTea

    MiTea Нов член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2022
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Немам ништо потпишувано во последно време бар 2 години, отказот уште не ми го дале нр сум го потпишала, ни анекси ни договори....
    Нема причина некоја, баш туку така тоа е тоа ти престанува ми кажаа на телефон и толку ....
     
  19. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.060
    Пол:
    Женски
    Последниот договор што си го потпишала на колку време ти е? Во фонд за здрваство која фирма ти дава плата? Данок годишен пријавуваш, таму кои фирми гласат? Ако те префрлаат од една во друга фирма мора да потпишеш.
     
  20. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.261
    Па ако е договорот на определено нема да добиеш отказ туку со самиот истек ќе те одјават. Затоа ти велам да си го провериш договорот со која фирма ти е потпишан и како е склопен. Можеби имаш право на денови од одмор и сл. Ако нешто не е во ред можеш да им кажеш и да си бараш платен одмор, бар ќе бидеш покриена дури бараш нова работа.