За престанување на договорот нема потреба од известување едноставно не го продолжуваш, а за отказ најавуваш
Здраво имам прашање. Сакам да знам што се случува во ситуација кога немаш дадено потпис за спогодбен отказ, а веќе не одиш на работа? Дали може сами да те одјават и на кој начин? Иначе потпишав договор на дело! Благодарам.
Па не си пријавена штом си со договор на дело. Од кај да те одјават? Кога ни здравствено ни пензиски не си осигурана.
zdravo denes pocnav na rab no ne ni dadoa dogovor ne se znaelo koga kje dojde gazdata za toj da se potpisal e sea ja proveriv dali sum prijavena zdravstveno gledam samo pisuva lice so plata firmata kako se vika no x pjsuva za pravo na zdravstvo e sea koga kje ne prijavat?
Ако си била пријавена тогаш тоа не е договор на дело, туку договор за вработување на определено време.
Кога потпишуваше зарем не прочита како гласи договорот? Нема врска дали секој месец си потпишувала или не. Важно е што пишува дали Договор на дело или Договор за вработување на определено време. Ако те интересира можеш да одиш во АВРМ или во ПИОМ за да видиш дали си била пријавена, дали ти течел стаж.
зависи како ти е потпишан договорот во делот околу отказен рок. наполни 6 месеци, земи си одмор, па ќе видиш за отказ, извести ги писмено дека сакаш да напуштиш од лични причини, а к15 законски е да ти исплати и да те одјави ќе мора да исплати со сите други кога ќе исплаќа
Дали треба да се работи денот кога истекува договорот? Станува збор за договор на 1 месец, пред време најавено за не продолжување на договорот од страна на работникот .
Пријавена сум во завод за работа од 1 месец, сега тој 1 месец истекува за 7 дена и јас известив дека не сакам да продолжам и газдата вика дека мора да работам уште 1 месец од откажување, како ќе го изведе тоа ако јас немам ни договор, само пријава на 1 месец која си завршува за 7 дена?
Штом си само на 1 месец пријавена, како што газдата има право да не ти го продолжи договорот, така и ти имаш право да дадеш отказ и да немаш обврска уште еден месец да работиш. А ти примерок од договорот што го потпиша имаш ли? Прочитај што пишува.
Луѓе пријавена сум од пред една недела ама работам 2 (првата недела бев вработена преку агенција, студент сум) На еден месец сум пријавена. Дали агенцијата првата недела ќе ми ја исплати? Фирмата каде работам ме пријави во таа агенција. Потоа истава фирма ме има пријавено како вработена, од 12ти навака. Јас го имам и договорот што го потпишав со фирмава ама неможам да сфатам конкретно некои детали. Ама у кратки црти. Има мобинг и љубомора кон мене. Цели две недели со плачење идам дома. Ова не се издржува, односот им е НУЛА.
Инаку да се дополнам, ако толку сака да ти прави проблеми, тогаш имаш опција со 3 дена непојавување на работа, самиот тој ќе трча да те одјави, зашто ќе нема корист од тебе ако не идеш на работа, а ако не те одјави ќе треба плата да ти даде.
Да првата недела ќе те исплати агенцијата, а остатокот од фирмава кај си пријавена. Кратко кажано секој го исплаќа делот за периодот кој си пријавена кај нив. Секој почеток е лош додека да се прилагодиш и запознаеш со луѓе, не се сите добронамерни. Дај си шанса уште еден месец па пресечи дали можеш да се носиш со ситуацијата или не. Верувај во ниту една фирма на почеток нема да се праат среќни шо имат нова колешка и некое глуматење се шо ти треба тука сме. Ретко а и во мн случаеви е било дволично. Може и некој од колегиве да те гледа како потенцијална ,,закана,, за нејзиното работно место. Али не се замарај гледај си ја работата имај коректен но не близок однос уште од почеток. Близината довербата и колегијалноста се ствара со тек на време, нормално доколку си решиш да останеш. Само не се откажувај толку лесно и брзо од работа.
Жени ајде малку хелп. Во фирмата кај што работам ќе одиме на колективен одмор две недели а после не планирам да се враќам. Прашањето ми е што можам правно да искористам најмногу од фирмата, одвен боледување да извадам па отказ... Дали знае некоја