1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Отказ и сè околу тоа

Дискусија во 'На работното место' започната од CinnamonBambi, 15 јули 2016.

  1. QueenP

    QueenP Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2016
    Пораки:
    706
    Допаѓања:
    5.230
    Пол:
    Женски
    Здраво ако може мала помош,вработена сум во маркет колективно решивме да дадеме отказ сите вработени,отказно решение потпишавме со еден месец отказен рок кој трае до 18.08. Проблемот е што јас како одговорно лице сум принудувана да останам плус денови од крајниот рок на мојот работен однос со фирмата. Дали ако после 18.08 не се појавам на работа може да добијам тужба од страна на мојот работодавец кој остро ми се заканува или да останам или тужба. Мислам дека коректно постапивме отказ со 30 дена отказен рок потпишан и приложен кај газдите, плус е најдена и замена.
     
  2. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.038
    Допаѓања:
    1.963
    Во договорот за вработување колку ти е отказниот рок?
     
  3. QueenP

    QueenP Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2016
    Пораки:
    706
    Допаѓања:
    5.230
    Пол:
    Женски
    30 дена, што е и правилно наведено во моето отказно решение. Си пишува според потпишаниот договор со наведен отказен рок од 30 дена го известувам мојот работодавец дека мојот работен однос треба да се прекине по истекот на истиот.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.840
    Допаѓања:
    17.715
    Пол:
    Женски
    Во тој случај, твојот работодавач може само да се слика. :D
     
    На staycalm, asdas и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  5. Ani mani

    Ani mani Активен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2022
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    36
    Пол:
    Женски
    Имам сличен проблем преживувам буквално на работа, се врши мобинг врз мене, потпишав договор за 1 месец но втор договор не ми дадоа а сепак продолжив со работа , сакам да дадам отказ што можат да ми направат кога не сакам повеќе таму да работам? Ќе дадам отказ
     
  6. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Како ќе дадеш отказ ако воопшто не си пријавена да работиш. Не сте ми јасни, па и прашуваш дали да дадеш отказ?!
     
  7. Ani mani

    Ani mani Активен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2022
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    36
    Пол:
    Женски
    Знаеш како, тие каснат со договорите, тие договорите ќе гласат на пр од 1 јуни до 1 јули, и после си продолжуваш и ќе го донесат договорот одпосле
     
  8. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Кажи им дека без договор не работиш.
     
    На Justicija и Ani mani им се допаѓа ова.
  9. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.802
    Допаѓања:
    97.154
    Пол:
    Женски
    Имаш договор за работа моментално или не?
    Ако немаш договор што те спречува да дадеш отказ?
     
    На Ani mani му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Ani mani

    Ani mani Активен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2022
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    36
    Пол:
    Женски
    А дали треба да потпишам отказ или едноставно давам отказ не идам повеќе?
    Ми е страв да не ми го вметнат новиот договор за работа па 300 глупости да не настанат
     
  11. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.802
    Допаѓања:
    97.154
    Пол:
    Женски
    Ама на што да потпишеш отказ кога немаш договор?
    Им кажуваш да те одјават и толку.
    Ако не сакаат да те одјават, престануваш да одиш на работа па ќе мора да те одјават.
    Ако не те одјават ќе треба да ти даваат плата.
    А како ќе ти го вметнат новиот договор за работа, пред да ти го дадат да потпишеш ќе застанеш и ќе прочиташ се, нема како да го вметнат сосила.
     
    На cresa-jagoda и Mikha4 им се допаѓа ова.
  12. Ani mani

    Ani mani Активен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2022
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    36
    Пол:
    Женски
    Значи нема што да им потпишувам бидејки немам договор така?
     
  13. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    11.586
    Пол:
    Женски
    Ташната преку рамо и адиос.
    Нема тука што да потпишуваш отказ, кога не постои договор на кој би дала отказ.
     
    На Ani mani, Justicija и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  14. Petre gjorce

    Petre gjorce Активен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2020
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    zdravo, sakam da napustam od firma vo koja sum vraboten 6 god. imam dogovor za neopredeleno vreme,e sega sakam da napuśtam so nedoagjane na 3 rabotni dena,avtomatski firmata me ispušta( što mene mi odgovara)samo neznam dali nešto bi mozel da snosam posledici.
     
  15. pianogirl

    pianogirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2018
    Пораки:
    706
    Допаѓања:
    913
    Пол:
    Женски
    Здраво,да подтавам едно чрашање Свекрва ми бо дњкември треба да оди во пензија.Имаше прекин во стажот од 7-8 месеци и после пак се врати на работа а во фирмата е веќе 23 години. Дали ја следува фирмата да и исплати кога ќе оди во пензија 2 плати како што е законски или ќе се вади газдата заради прекинот на стажот
     
  16. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.561
    Пол:
    Женски
    И следува без разлика колку долго работи.
     
  17. Кена Рис

    Кена Рис Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2017
    Пораки:
    940
    Допаѓања:
    5.180
    Да не отварам нова тема, ќе се надоврзам тука.
    Ме интересираат вашите искуства со давање отказ. Поконкретно: како се однесувале со вас вашите работодавци откако сте поднеле отказно решение? Дали ви крателе на бенефити, бонуси, едноставно се однесувале кон вас како уште истиот ден да сте заминале од компанијата и како никогаш да не сте биле дел од неа? :D

    Кога си заминував од претходната фирма ради токсичната работна средина и секојдневни тортури од страна на менаџерката и нејзиното „милениче“, преоптовареност со работа од 5 различни сектори во исто време, па дури и паузата ја користев ретко и тоа ако и требаше нешто на менаџерката да и купам или да и проверам, сепак кога решив да не го продолжувам договорот- јас бев виновната, се налути што сум заминувала, па коментари за мене делеше на сите вработени и покрај тоа што јас буквално СЕ правев за таа фирма да оди напред и сите работни задачи (и моите и на останатите колеги!) ги решавав пред наведениот рок. Едвај ми дадоа одмор кој законски ми следуваше и морав да го пишам на зима, оти сите сакаа да си користат летни одмори. Болна, здрава си одев на работа, дури и празници и саботи сум работела за да им се најдам, не ми ги дадоа ни законските денови одмор што им следуваат на вработените при склучување на граѓански брак.
    За мене така, а за тие што лижеа (mooning) се им беше дадено кога сакаат. И работа од дома, и долги паузи, каснење наутро, слободни денови кога ќе им текне без разлика дали имаат останат одмор или не, итн. Истите тие не знаеја што да доизнаречат за менаџерите, ама им глумеа пријатели и така си проаѓаа.
    И на крај, сакаш да пресечеш и да си заминеш- ти си крив. Абе ајде.

    Во новата фирма, моментално го работам отказниот рок, бидејќи во друга компанија ми понудија 3 пати повисока плата од оваа што ја земам сега и едноставно беше прилика која не можев да си дозволам да ја пропуштам во моментот. Кога им кажав дека поднесувам отказно решение, однесувањето на тимот кон мене комплетно се промени што искрено ми падна многу тешко. Дури и со колеги кои комуницирав секојдневно и им помагав нон стоп за што и да им требаше, се дистанцираа од мене. Менаџерката дури ми крати на бонуси, со guilt trip започна веднаш штом и кажав дека сакам да напуштам. Сум ги знаела условите, сум ја знаела платата, зошто воопшто сум започнувала да работам таму и сл. Одмор ме следува и ако го земам цел буквално нема да треба ни да го работам отказниот рок, бидејќи ни ден немам искористено досега. Ама не сакав да сум ѓубре и да го оставам тимот на цедило, а тие се прават на удрени и дури ме тераат и повеќе од 1 месец да работам.
    Пред да дадам отказ, ептен ми беше тешко и не сакав да ја напуштам работата, со ептен тешко срце донесов одлука, ама сега откако ја увидов реалноста ми олесни и едвај чекам да си почнам на новото работно место. Не знам ни дали вреди да ги барам бонусите и одморот веќе, туку само да си се спасам што побрзо...

    Дали само јас си живеам во илузии дека ова ми се случува само мене или ова е честа примена во балкански фирми? Зошто се врши психичка тортура на вработените кога го работат отказниот рок?
     
    На eliesaab и LovelyGirl3 им се допаѓа ова.
  18. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.840
    Допаѓања:
    17.715
    Пол:
    Женски
    Зошто знаат дека за тие мизерни услови што ги нудат ќе им е тешко да најдат друг човек. Па пробуваат преку guilt trip да те задржат тебе и да е знак за останатите дека се нелојални ако одбиваат да робуваат за фирмата.
     
    На eliesaab, cresa-jagoda и Кена Рис им се допаѓа ова.
  19. Orchidea

    Orchidea Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2017
    Пораки:
    1.355
    Допаѓања:
    2.626
    Пол:
    Женски
    Се ова што го кажа овде да си го кажеш и на таа менаџерката. Се што ти следува да си бараш. Одмор, плати, се! Ако не сака, пријави. Оти како ти што си го испочитувала отказниот рок, така и они мора да почитуваат закони. Не знам дали можеш да бараш да ти го платат неискористениот одмор. Ако има некој правник ова да те посоветува.
    Затоа што не си сакала да ги оставиш на цедило и си ја работела туѓата работа, затоа и вака ти прави. И оваа грешка не ја прави повеќе, тоа што ти е обврска тоа ќе си го сработиш. Другите за нив. Се додека си мека ќе те користат и на крај пак ти ќе бидеш кривата. Многу се ретки тие фирми кај што се почитува работникот.
     
    На Кена Рис му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Кена Рис

    Кена Рис Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2017
    Пораки:
    940
    Допаѓања:
    5.180
    @Bezimenka90 Баш, јас кога им реков дека си одам нив им беше побитно дали сум им кажала на колегите или не. Им беше страв да не сум им кажала дека ќе одам некаде да работам за 3 пати повеќе пари и да не им влијаам да напуштат и тие. Ко не баре мали деца сме, па не можеме да увидиме кога нешто не чини. Побитно им е да направат лажна слика на репутација, отколку како се осеќаат всушност вработените.

    @Orchidea Ти благодарам. Во право си- премногу им дозволив на сите и затоа на глава ми се качија. Денес ќе си ги барам бонусите, а богами и одморот ќе им го закачам или ќе барам да ми го платат.
     
    На eliesaab, Macedonianbro, Orchidea и 2 други им се допаѓа ова.