Сите работодавци се исто ѓубре во глобала. Затоа немај жал ниту обзир према никого и искористи се што можеш да искористиш и ти следува законски. Газолижачите секогаш биле и ќе бидат број еден по фирмите без разлика дали нешто работат или не. Интересно е како глупавите газди по дифолт ги преценуваат иако и самите се свесни дека истите тие најмалку вредат. Ради нив губат квалитетни кадри кои им носат пара ама ете, чудна работа. Не дозволувај никој да те нервира и малтретира, баш кога си во отказен период не ти можат веќе ништо и отвори им уста, покажи заби. Секој работодавец си ја гледа само сопствената корист и не му е гајле за работникот.
Само консултирај се со некој правник ако си во можност, или види закони. За во случај да пробаат да те маткаат.
Така е зашто во речиси сите фирми владее лицемерие и секој секому прави политика зашто има корист од другиот. Кога даваш отказ знаат дека веќе немаат корист од тебе и си го покажуваат вистинското лице. Не очекувај нешто подобро ни во новата фирма кај што ќе одиш. Едноставно не треба премногу емоции во колегијалните односи. Сработи го тоа за што си платена и пријатно.
Секој што губи добар вработен така се однесуваат со него. Не е до тебе до нив е ама дај боже утре истите тие да зависат од тебе доколку би се вработиле во твојата фирма па да ги заебаваш ти и да се иживуваш.
Што ако работодавачот те има пријавено во агенција како вработен, а не ти дава договор за вработување. Знам дека следи казна и за вработениот и за работодецот ако нема потпишано договор. Што да се прави во ваква ситуација?
На кој основ те пријавил работодавачот во агенција, без договор и без твоја согласност? Не ја разбирам баш ситуацијата, секој договор се внесува во деловодна книга и има печат и број, ако нема, тоа е незаконски и можеш да пријавиш секако.
Од страна на личноста што пријавува и од кога ќе не пријави праќа договор и во фирма треба потпис и печат ама не е потпишан, а во аврм бев и гледам дека сум пријавена и мене тоа ми е чудно.
Ќе си побараш копија од договорот (договор мора да постои штом и аврм процесира вработување или продолжување на договор, во тој случај обично анекс се потпишува и датумите мора да се совпаѓаат) и објаснување од фирмата, навистина тука не може многу да ти помогнеме, одговори мора од фирмата да побараш. За секое продолжување на договорот или промена на некој негов член (на пример продолжување на времетраење, промена на плата, работно време, опис на работно место и слично) мора да има анекс, а секој документ во фирма има печат, архивски број и број во деловодна книга, значи не може фирмата туку така да не издава документ или да го прави тоа без твое знаење. Ако сакаш евентуално да има трага твоето прашање, обрати и се на фирмата на службен мејл со прашањето, мада не гледам каде е проблемот тука, може само доцнат со процесирање на папирологија, а имале рок во аврм, па прво средиле таму. Ако не прашаш, тука секако нема да добиеш прецизен одговор, може само да погодуваме.
Со години фирмата не им дава на вработените да потпишат само не знам сметководство по кој основ пушта плата кога нема потпишано договор. Малце тоа ми е чудно. Треба точно да се прецизира колку плата е основна. Од каде знае сметководство која плата ја земам јас ако не сум потпишала затоа е и во 3 примероци.
Договор може да побара само Инспекција ако дојде, ако им текне да побараат. Кога ја прави сметководителот платата директорот може да ја каже само платата и според тоа ќе ја изработат. На сметк не му треба договор освен М1М2 образец, судска одлука ако има задршка за 1/3 од плата и слично, другото се вработените треба да си го бараат за себе.
Апсолутно неточно. Договор за вработување (или договор на дело, консултантски договор) МОРА да постои, во тој договор се напишани обврските на двете страни, меѓу другото и висината на платата и адвокат или лице задолжено за пријавување на вработените мора да има копија со себе, УСЕН договор за вработување не постои, плус ти како лице одговорно за пријавување должна си да испратиш анекс до сметководствдното биро и да известиш за промената на плата (сѐ друго е тешка импровизација и не е точно дека усно се соопштува плат, сметководителот мора да ги има сите податоци на папир з ад аможе да направи пресметка на плата, бонуси, прекувремени итн итн). Сѐ додека е на сила првиот потпишан договор кој има почетен и краен датум, не е потребен нов договор или анекс на почетниот договор. Значи ако јас имам договор на определено од една година кој важи до 12.10.2022, и не добијам нов анекс за продолжување или известување по тоа пршање, имам право да побарам објаснување или како крајна истанца да пријавам во Инспекција дека немам добиено копија од таков договор, ништо не може да се подразбира во случајов. Некаков договор со деловоден број мора да постои. @Brpbrp Кога почна да работиш, потпиша договор? Ситуацијава е во крајна линија чудна, не ме сфаќај погрешно, ама ова се прашања за фирмата каде работиш, не за форум, очигледно дека не ги споделуваш сите информации. Ако си се вработила без договор, тоа е и на твоја одговорност, после ќе ве зафркаваат како сакаат.
Тоа не е прописно. Треба да се врачи копија или лично или по пошта или макар по мејл ако се многу вработени. Во најмала рака е некоректно да се соопштува нечија плата по телефон, особено кога има промени или постојано има додатоци. Истото важи и за сѐ што е платежна потреба на фирма, сметките од фирма (струја, вода, телефон, патни налози) не ѝ ги кажувам на сметководителката по телефон, ѝ ги носам на нога или кога имало многу во циркулација, делиме google sheet и ги испраќам исто така електронски за да имаме дупла евиденција. Истите јас ги заведувам во архивска книга. Апсолутно истото важи и за договорите за вработување.
Во тој случај јас од каде да знам на колку сум пријавена? Значи он еден месец може да си пушти 50 а во другиот ако сака 18 со оглед на тоа дека нема договор потпишано не е знае точно.
Јас почнав и ме пријавија одма и испратен е договорот од авокат меѓутоа директорот не го потпишува, за сите има договори ама не се потпишани не ги дава едноставно. Не знам ни зошто а многу ме интересира. И за државен празник дали смее да работи? Мислам дека сега дозволија само еднаш во година да пријави и да работи или грешка сум?
Прашањето не беше дали те пријавиле. Прашањето беше дали ти дома имаш копија од договор во кој ти ги пишува условите за работа и меѓу другото и висината на нето платата со која работодавачот потоа мора да те пријави во Аврм кој е потпишан од двете договорени страни. Ова е единствениот законски начин на кој се почнува вработување. Упорно прашуваш работи кои никој на форумов не може да ти ги одговори, шефот мораш да го прашаш.
Види го огласот во АВРМ што го пуштил според тој би требало да си пријавена. Кога беше на интервју не се договоривте за која плата ќе работиш? Принцип на работа? И дали е дог на определено месечен, ако е секој месец може да добиваш нов, мислам 2г макс може да си на определено пример прво 1м, па 3м, па 6м па 1г па уште 1г.. како што знам вака по зоните работат