Се договоривме усно дека ќе бидам пријавена на неопределено и во аврм е така наведено само не е наведена платата таму само пишува неопределено и со какво школо сум пријавена. А за договорот ништо не спомна. Одпосле дознав дека на никој не дава сигурно да може да маневрира со платата зошто и кога покачува плата на некој не дава анекс туку решава плус 2000 да му дава на плата и пример ако до вчера земал 25 000 од нареден месец 27 000 и така ја пушта платата во сметковводство т. е. список само дава.
На АВРМ не им треба ниту договор, ниту податок колку ти е платата. На сметководство им е потребен само список, не и договор, тој е меѓу работодавачите и работниците. Ако ти ја менува платата секој месец, искрено анекс не ти значи, ќе ти го издава секој месец, секако ако сумата зависи од норма, бонуси итн. Договорот е битен и задолжителен за да си знаеш и други права и обврски кои ги имаш не само платата. Ако сѐ друго е коректно во работниот однос не гледам некое огромно прекршување за да треба да пријавуваш, убаво ти пишаа овде, прашањата и барањето за да ти дадат договор треба во фирмата /институцијата кај што работиш да ги поставиш. Претпоставувам дека договорот е само про-форма, најосновен и најверојатно немаат човек да им ги брка тие работи, па им е запоставена таа обврска. И ако тебе ти е проблем да им побараш, џабе ќе пријавуваш, како да ти кажам инспектор нема да ти ја решава секоја една дилема.
Јас веќе речиси 1 година работам без договор па никому ништо последниот договор ми беше до 29.01 од тогаш ни договор не потпишав ни ништо а уште работам еднаш ги прашав претпоставените и ми кажаа ако не им требаш ќе те измаваа до сеа
Ќе си го прашаш шефот за сѐ и нема што да се споредуваш со други, на никој не давал договор, ги чувал, не знам што. Муабет ко за на селска чешма. И одма инспекција. Чекај, зошто? Не си се ни потрудила прво да го решиш недоразбирањето внатрешно, меѓу тебе и директорот, газдата. Друго, зошто на тоа интервјуто ти не праша колкава ќе ти е платата? Како прифати да работиш без да знаеш за колку пари? На крај, сѐ се сведува на тоа да си прашаш на работа, ние не сме во главата на газдата за да ти одговориме.
Значи преувеличивте, напаѓате безпотребно човек не е ништо за да праша. Никој не кажа дека мене ми има пуштено помалце, платата си ја добивам што сум ја договорила. Меѓутоа и јас ја правам истата плата со него, за договорот беше прашањето ДАЛИ АКО НЕ Е ПОТПИШАН ИМА ПРАВО ДА СИ ПУШТА ПЛАТА КОЛКУ ШТО САКА ЕДЕН МЕСЕЦ 18 ЕДЕН МЕСЕЦ 25 НАРЕДЕН 19 ИТН. Бидејќи нигде не е наведено колку плата се зема т. е. нема документ, а на сметководство ние им испраќаме список со плата. Од тоа што го видов јас испаѓа дека ако не идеш 3 дена на работа он истант си крати 3000 денари помалку, а за боледување се знае дека само 30% се крати од дневница, а не 1000ка. Затоа и беше прашањето ако има некој соодветен да одговори ако не тука останува приказната јас си знам што понатака и дали ќе пријавам во инспекција или ќе тужам.
По ова што го кажуваш, платата сте ја договориле веројатно усно, а не како ставка/член во договор за вработување, а тоа отвара простор за секакви малверзации, се надевам тоа ти е јасно. Ако сте потпишале договор, а ти не одговори на прашањето дали имаш копија (се надевам дека барем си прочитала што пишува во договор на кој си ставила сопствен потпис), во тој договор не може да нема плата, тоа е еден од главните елементи на договор за вработување, не работиме од љубов кон газдите, туку за пари. Извини ако звучам дрско, разбирам дека има секакви фирми и дека секакви ситуации има и дека некогаш немаме избор и сѐ ми е јасно, ама па полнолетни и работоспособни сте па мајку му, работиш без потпис и договор, значи газдата твој има одврзани раце да прави со тебе буквално што му е ќеиф, може и да не те плати воопшто ако сака. Не се лути, но не знам каков корисен совет или помош очекуваш.
Да, пошто не знаеш што ти пишува во договорот, може. Законски минимум е 18000, сѐ над тоа не е обврзан да ти пушти. А ако на договор ти стои пр. 25 000 плата, тогаш толку и ќе земаш. Инаку за боледување земаш 70% плата. Ама треба да знаеш на која плата си осигурана за да израчунаш колку ќе земеш.
На договорот нема плата наведено треба да се допише исто како и работните денови. Копија од договор нема зошто не е ни валеден нема печат нема ништо што се вика секој може да го искуца тоа. Единствено нешто што пишува е дека е 40 неделно работното време. До сега сегде каде што имам работено сум имала договори и знам како оди меѓутоа со ваков случај прв пат се среќавам.
Нарочито те вметнале во систем и толку. Треба со надреден да зборуваш и да прашаш се околу платата. Најмалку е битно дали тој дава договори или не, дали нешто прави ти треба да го прашаш сама.
На договор не може да се допише плата и работно време/денови, дури и да може, прво се пополнува, па се чита, па на крај се потпишува, а кога се потпишува, двете страни потпишуваат истовремено и сите си добиваат по една копија, потпишана и заверена. Сѐ друго, како што еве гледаме, отвара шанса за заеб.
Ок, неколку дена овде ти се укажува да се обратиш до шеф/газда и да го решиш ова. Зошто не го правиш тоа само ти си знаеш. Не верувам дека некој може да ти помогне повеќе. Грешка твоја е што си потпишала договор во кој не е наведена платата и што немаш копија.
Јас немам договор потпишано, и скоро секој месец земам различна плата. Нели, колку плата земам тој месец, на толку сум пријавена? Или нешто сум грешка?
Пријавена си на основна плата, пример 20 000 и тоа е минимум што треба да ти се исплати тој месец освен ако не користиш боледување или да ти крати по некој основ, а ако земаш над тоа платени ти се бонуси или други додатоци кои ти следат (работа во празник, викенд, прекувремени саати итн).
Не можам да верувам што читам. Зошто немаш договор потпишано? Зошто му даваш на твојот работодавач полно право да си игра со тебе? Може секоја секунда да те избрка, да не ти исплаќа плата.
Не мора да ти се верува. Него, друго ми е прашањето Ако на пример во договорот стои основна плата 18000 денари нето плата, а јас земам 35000 денари. Дали има врска што во договорот стои пониска сума? Односно минимална плата?
Имаш договор или немаш договор? Одлучи се. Ако ти даваат пари на рака, а ти си пријавена на минималец, значи дека кога ќе дојде време за пензија, ќе имаш минимална пензија. Ти со пари на рака не добиваш ништо, само губиш, добива газдата. Така што одговорот би бил, да, има бајаги врска.
Има. И повисоката на сметка да ти ја исплаќа, може било кога да те врати на минималец бидејќи таа сума ти стои на договор. Затоа побарај си договор на сумата што ја земаш и за секое покачување барај анекс на договор
Прошол возот за такво барање, ако побара договор на сумата која ја зема, автоматски се зголемува бруто платата односно давачките на работодавецот, па не е будала тој кога веќе му е дозволено со потпис сега допрва да менува. А и да сакал , веднаш ќе постапел така, немал на рака плата да исплаќа.
Никаде не спомнав дека земам плата на рака. Целиот износ ми е на сметка. Значи сепак нема врска сумата што стои во договорот со платата што јас ја земам? Освен тоа, дека може во било кое време да ме врати на минималец?
Нема врска освен што не е обврзан тој секој месец да ти исплаќа 35, туку може наредниот да ти исплати 18 и законски е покриен.