Отказ и сè околу тоа

Дискусија во 'На работното место' започната од CinnamonBambi, 15 јули 2016.

  1. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.450
    Допаѓања:
    8.748
    Пол:
    Женски
    За другарка прашуваш или тролаш? Ако си пријавена на минималец, тоа е платата која треба да ја зимаш, не е битно дали ти ги носи газдата дома лично останатите пари, ти ги плаќа на сметка како физичко лице или како било. Не знам како да ти објаснам дека има врска која сума ти стои во договорот, некој попаметен од мене еве нека ти објасни.
     
  2. L.i.n.a.a

    L.i.n.a.a Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2013
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    3.332
    Пол:
    Женски
    Тоа ме интересираше. Фала ти
     
  3. L.i.n.a.a

    L.i.n.a.a Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2013
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    3.332
    Пол:
    Женски
    Тролам. Досадно ми е, и се занимавам тука |(
    Тоа што ме интересираше, ми одговорија тие што го разбраа прашањето.
    Имај си убав ден :hai:
     
  4. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.450
    Допаѓања:
    8.748
    Пол:
    Женски
    Препорака за четиво, да пролисташ кога ти е вака досадно, Закон за работни односи. Убав ден и ти да си имаш :hai:
     
    На L.i.n.a.a му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Грешка си, договорот е битен и задолжителен од правен аспект, но нема врска дека е врзана со него висината на платата. Секој месец може да е различна, важно е да е на сметка бидејќи на таа сума се плаќаат придонеси.
     
    На cresa-jagoda и L.i.n.a.a им се допаѓа ова.
  6. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.450
    Допаѓања:
    8.748
    Пол:
    Женски
    Платата мора да биде внесена во договорот, а ако е подложна на промени се потпишува анекс, но не може една сума да ти стои во договор, а друга да ти се исплаќа на плата, освен ако не се бонуси и други додатоци кои треба да се регулирани со посебен член, или посебен анекс/договор. Секој месец може да има различна плата некој што работи по учинок, но и тоа треба да е наведено во договорот.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Така е, ама еве се договориле или постои договор на помала висина, меѓутоа работодавачот е коректен и ја качил платата во меѓувреме со усен договор или според други критериуми без да даде анекс, што ќе прави, ќе го тужи ли?
     
    На L.i.n.a.a му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.450
    Допаѓања:
    8.748
    Пол:
    Женски
    Не е коректен работодавачот воопшто, да не си играме играчки сега, ако не е пријавена на полна плата значи дека плаќа помалку придонеси и тој просек е важен и за пензија, и за помош од аврм во случај фирма да отиде во стечај, ликвидација итн. Да не било толку битно, газдата ќе ја пријавел на целата сума која ѝ ја исплаќа како плата. Усен договор не може да покрие или разреши никаква евентуална некоректност во иднина.
     
  9. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Ќе ти кажам само од искуство дека договорите се само на хартија кај нас, колку има само вработени кои се оштетени според договороти но џабе е бидејќи решавање спор на суд кошта не само ненормални суми на пари, ами и нерви. Затоа најдобро е штом има вакви неправилности во однос на неисплатени плати и придонеси, прекувремено работење итн, да се пријави и да се бара друга работа, затоа што не вреди да се докажуваш со недоделкани и неписмени директори.
    А додека сѐ е во ред но формалности не се запазени, човечки е да се укаже и да се бара да се поправат.
     
    На L.i.n.a.a му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.450
    Допаѓања:
    8.748
    Пол:
    Женски
    Пак не се сложувам дека тој конкретен газда постапува исправно или коректно, не постои апсолутно оправдување зошто работник да биде пријавен на минималец ако во реалност зема поголема плата. Писмениот договор не е само формалност и да, колку што може да те оштети, може и да те заштити. Ама се сложувам дека ако работодавачите се несовесни, ние можеме макар да бидеме информирани и елементарните наши работнички права да си ги знаеме за да не бидеме во ситуација некој да не искористува или манипулира. Одговорноста е апсолутно и наша како работници.
     
  11. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    11.586
    Пол:
    Женски
    Како што сфатив и тие плус и ги исплаќаат на сметка, ама во секој момент тој може да и исплати помалку од тоа, пошто црно на бело има за 18к. :?:

    @L.i.n.a.a побарај договор да ти стои 35к нето за ти да ди бидеш спокојна, ако за таа нето веќе плаќа придонеси, не би требало да му биде проблем. Зошто вака на договор ти стои дупло пониска.
     
    На cresa-jagoda и L.i.n.a.a им се допаѓа ова.
  12. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Ако е пријавен на минималец а зема поголема плата тоа може само на рака а не и на сметка, така да сумата која ја добиваш на сметка е основицата на која си осигуран тој месец односно пријавен
     
  13. L.i.n.a.a

    L.i.n.a.a Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2013
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    3.332
    Пол:
    Женски
    Јас нигде не спомнав дека сум пријавена на минималец. Пријавена сум на таа плата што ми ја дава. Секој месец е различна.
    Така да, не ми е воопшто битно која сума стои на договорот.
     
  14. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.450
    Допаѓања:
    8.748
    Пол:
    Женски
    Мене ми е јасно, ама гледаш дека членката секој коментар има различни тврдења, така што да баталиме, и онака темава е за отказ, а не за нечиј договор за вработување. За сѐ друго си има адвокати.
     
    Последна измена: 13 октомври 2022
  15. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.450
    Допаѓања:
    8.748
    Пол:
    Женски
    Мора да има основ на кој фирма решава да ти даде плус пари кои се различни од она што стои во договорот и тоа на сметка, плус за нив мора да се плати данок ако се префрлаат од правно на физичко лице. Ама џабе ние расправаме, гледаш дека на крја искочи сѐ супер, плата и у договор и на сметка :)
     
  16. L.i.n.a.a

    L.i.n.a.a Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2013
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    3.332
    Пол:
    Женски
    Ај вака за да ти биде појасно
    Цело време зборувам дека цела плата ми ја пуштаат на сметка, значи од правно на физичко лице, што значи дека за таа цела сума плаќаат придонеси.
    Договорот е тука, само што никогаш до сега не е потпишан од моја страна. Така стои без потпис. Како, што, зошто, не знам. Е на тој договор, на таа хартија стои напишано минималец, меѓутоа јас минималец никогаш немам земено.
    Значи сепак твоите тврдења паѓаат во вода.
    Пс. Не знам кај читаш различни тврдења од моја страна
     
  17. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.450
    Допаѓања:
    8.748
    Пол:
    Женски
    Договор за вработување значи дека двете инволвирани страни потпишале документ кој го прочитале, разбрале и се согласиле на условите во него, тоа е заверен документ, со печат и број, и секој си има копија за себе. Сѐ друго е спротивно на закон. Не знам што сакаше да дознаеш уствари, дали може да ти плаќаат плата каква што ќе одлучат во моментот? Апсолутно да, може и да те избркаат од работа, може и да не ти исплатат плата, може да те одјават без да знаеш, може да не ти платат прекувремени, викенди, празници, може ако се разболиш да те одјават за да не мора да ти платат боледување, сѐ може. Така што, ти наместо да се надмудруваш тука на форум, обиди се да разбереш што ти објаснуваме тука и обиди се да ја решиш ситуацијата со фирмата во која работиш.
     
  18. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Ова и со потпишани договори фирми го прават на вработени. Никаква гаранција не ти пружа договорот кај нас.
     
    На СуперДевојка, Bezimenka90 и L.i.n.a.a им се допаѓа ова.
  19. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.450
    Допаѓања:
    8.748
    Пол:
    Женски
    Во ред, го разбрав тоа, јасно ми е, но ситуацијава конкретна не е опишана како таква. Напротив, нема потпишан договор на законски начин и уште не е јасно дека сѐ е можно, бидејќи и таа минимум сигурносна мрежа наречена договор за вработување е непостоечка.
     
  20. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Можно е затоа што договорот за вработување е интерен документ и не зависи пријавата во АВРМ од него, ниту фигурира при поднесување на месечна пресметка на плата.
    Во отсуство на истиот, доколку дојде до спор меѓу двете странки ќе важат ставовите од Закон за работни односи, исто како да потпишале основен договор.
     
    На L.i.n.a.a и Bezimenka90 им се допаѓа ова.