Образецот кој се поднесува во Аврм се потпира токму на тој договор за вработување, не на усен договор, не на желбите на работодавачот или работникот, не на човекот на шалтер. Секој сметководител, интерен/екстерен соработник повторно треба да има копија од договорот и да биде известен за евентуалните промени кои се врзани со платата, бонусите и сите работи кои се врзани со пари, и повторно се потпираат на истиот тој договор за врботување, а не на нечие усно предание. И за последната реченица, самата го кажа, ниту еден работник не смее да си дозволи отсуство на елементарен и неретко единствен начин на заштита во услови на спор. Страници се испишани на овие теми да се отвараат сто очи кога се потпишува договор, да се чита секоја буква и да се инсистира на него. Затоа што ако нема договор, залудно се повикуваме на закони. Нема договор, нема закон.
Нема закони одамна овде, јас тоа ти го кажувам. Работниот однос ако не е во ред, има прекршувања, тоа веднаш се гледа, нема зошто да продолжи да работи ако не е платен, најмалку што треба да направи е да отвара огласи за на друга позиција затоа што овде не се истерува правда, таа е само за богатите. И со договор и без, исто ти се фаќа. А во услови кога мали фирми немаат доволно приходи да покријат основни трошоци како струја, постоење на правен оддел им е последен проблем. И не, не е тоа работа на сметководителот.
Ова е линија на помал отпор и девијација од темата. Тоа што мала фирма нема пари да покрие трошок за струја не може да биде оправдување за да не им дава договори на своите врботени или да не знае како прописно се постапува со правни документи. Знаеме колку илјадници луѓе останаа без стаж после децении работа и не ни доаѓа памет. Затоа можеме ли ние како работници да превенираме такви ситуации со тоа што ќе научиме што значи договор за вработување, што содржи, дека мора да се потпише? Нема закони, епа ај да легнеме и да умреме ако не , што ќе се мачам да прашувам за договор и за плата. Ќе дојдам на форумов и ќе прашувам непознати луѓе што пишува во договор кој не сум ни го потпишала и колку треба да земам плата и дали може да ми ја намали газдата платата која никаде не фигурира. Нема смисла никаква.
Проблематиката со плаќање на стаж е решена со месечна пресметка за плата која се поднесува во УЈП, едноставно нема опција да ти пуштат пари на сметка без да ти бидат платени придонеси, а работниците треба да си се разберат со директори, шефови за сѐ едно нешто за кое имаат дилема во нивните работни односи, посебно за договорот за работа, не е ништо страшно ако прашаш и ако си побараш.
Не е решена баш така бидејќи сѐ уште има газди кои исплаќаат еден денар плата на сметка. Значи за сѐ постои дупка во законот. Ние мораме сами себе да си помогнеме со тоа што ќе се бориме за елементарните права, а тоа е договор за вработување.
Е па ако ти стигне еден денар на сметка сигурно нема да молчиш и да продолжиш со работа, барем за тоа има лек и се пријавува. А ние овде друго зборувавме, ти би пријавила затоа што немаш договор а ти се плаќа повеќе од договореното? Инаку и 1 денар да ти стигне, тоа значи дека придонесите се платени на основица за минимална плата, затоа и нема проблем во УЈП.
Денар плата значи дека плата сепак не си земала, без разлика што придонесите се платени, затоа што ако фирмата мора да исполни обврски кон државата, мора и кон работникот? И кога дупките во законот или системот се на "наша" страна, тогаш е во ред, а кога не е тоа случај, полна нѝ е устата коментари како системот не чини. Интересно размислување. Ама системот го правиме ние, така што ако денес земеш поголема плата од таа во договорот, утре може нема ни таа што ти е во договор да ја земеш, ако немаш договор, така што сѐ се сведува повторно на елементарно право на договор.
Јас не ти пренесов мое размислување туку како стојат работите на терен. И никој не го оспорува правото на договор, само што според работите како стојат ако треба да се даде основен договор ради реда, сакам да ти укажам дека пак ќе важат истите одредби од законот дури и да го нема, а ако има неправилности од страна на работодавците пак не е потребен договор за истите да се утврдат и санкционираат.
Првичното прашање кое ја потегна мачнава дискусија беше дека членката зема поголема плата од таа што стои во договорот (настрана тоа што ете договор не е потпишан, но пак постои) и прашањето беше дали може да ја вратат на основната плата, која сепак стои во договорот без разлика што не е потпишан и никој не знае зошто не е потшишан? Да, можат. Дали постои начин тоа да се санкционира како што велиш ти, бидејќи да ми намалат плата е неправилност и треба да биде санкционирано. Не, не може да се санкционира во случајов бидејќи сумата која ја добива бога питај како, ја добива иако никаде не фигурира. Затоа договор за вработување, еве да се дополнам, во кој сите податоци и информации се комплетни, е битен. И затоа не, не си го "прешла" системот со тоа што си пријавена на помала сума од таа што ја заработуваш, затоа што на стаклени нозе е ситуацијата и во секој момент усниот договор може да се прекрши.
А мислиш дека платата не може да се намали ако е поголема пишана во договорот? И како би се санкционирало тоа, баш ме интересира?
Сега веќе малку се правиш дека не разбираш дека се тоа две различни ситуации. Платата е секогаш подложна на промена. Но, ако една сума стои во договор, а ти се исплаќа помалку, без анекс или решение за тоа, ете тогаш имаш бекап во форма на договор да докажеш дека нешто е неправилно и тогаш можеш да се надеваш дека може да биде санкционирано.
Примерот е за пуштање плата под минимална и трудов инспектор би ја казнил фирмата на лице место. За прекршување на договорот ќе треба работникот на суд да се докажува. Тоа е разликата.
Прекршување на договор на суд, ова сериозно? Неоправдано неисплаќање плата е исто како и исплаќање помала плата, истиот орган прв мора да реагира доколку постои пријава. Непопуларните мислења овде дека договорот не ви вреди ништо и обидите да се одвратат луѓето од своите елементарни права ич не е океј.
Ок, ти сѐ знаеш, објаснив убаво што е што и никој во ништо не одвраќа. Муабетот почна од непотпишан договор иако сите други законски прописи се запазени. Стопати ти објаснив како стојат работите и не е сѐ црно и бело ти упорно по твое ја вртиш. Еве ти аплауз ако за тоа си дојдена
Јас немам потреба ти да ми објаснуваш што е што, многу убаво знам какви се правилата. И не, не се запазени сите прописи бидејќи не е потпишан договор, а тоа е елементарниот законски пропис. Самата членка пиша страници наназад дека нејзина познаничка добила 1 денар плата, па еве нека каже дали фирмата добила казна од некого за тоа што не исплатила плата. Тебе ако не ти е важен договор за вработување, ти не потпишувај, ама не ги убедувај другите дека не е страшно.
Не убедувам никој дека не е страшно непотпишан договор, кога со самото пријавување се докажува дека е заснован работен однос, спорно е правото и сигурноста од него што ти толку сакаш да ја прикажуваш. Ниту е гаранција, ниту е сигурност.
Никаде апсолутно не реков дека е гаранција, пишав дека без него нема ама баш никакви шанси ништо да се добие, а со него, можеби. Мали шанси, ама сепак подобро од никакви. Има причина зошто воопшто постои како правен акт таков документ.