1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Отказ и сè околу тоа

Дискусија во 'На работното место' започната од CinnamonBambi, 15 јули 2016.

  1. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    8.932
    Пол:
    Женски
    Во ред. Нека се јави еве некој кој успеал да докаже, на суд или на инспекција, дека зема плата поголема од таа наведената во договорот, ако му е исплаќана на рака, ако знаеме колку лесно се правда петит кеш.
     
  2. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Каков е тој петит кеш?
     
  3. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    8.932
    Пол:
    Женски
    Пети(т) кеш, кој како милува, е фонд мал кој секоја фирма го има во сеф за помлаи трошоци. Единстцено мала цифра може да се правда "легално". Цели плати кои се надвор од договорени рамки, баш ме интересира како се правдаат, кое им е покритието.
     
    На honey.11 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Нели зборевме за плаќање на сметка, од кај сеа плаќање на рака мешаш. И тоа лесно се пријавува, ако работникот сака, секако.
     
  5. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    8.932
    Пол:
    Женски
    Значи сѐ е лесно, само договор да се потпише искочи најкомплексно од сѐ.
     
  6. Macedonianbro

    Macedonianbro Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2015
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    38
    Луѓе, не знам каде е право место за да побарам одговор на форумов но тука ќе го поставам прашањето .
    Моментално сум во фирмава со полно работно време но сакам да сменам во пола работно време заради обврски со факултетот . Ме интересира правно дали треба да дадам отказна изјава за раскин на договорот моментален или само да поднесам писмено барање за промена во скратено работно време . Од човечки ресурси ми викаат мора да дадам писмено отказна изјава . Малку ми е чудно и немам искуство .
     
  7. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    8.932
    Пол:
    Женски
    Може со обичен анекс на постоечкиот договор да се направи промена на тој член од договорот, од полно на скратено работно време и промена на плата соодветно на работните саати. Нема потреба од отказно решение.
     
  8. Macedonianbro

    Macedonianbro Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2015
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    38
    Па на работа ми рекоа дека сум требал да дадам отказ писмено од моменталниот договор за да може да аплицирам на новиот што е со пола работно време.Тоа ми го кажаа од човечки ресурси колегите. Моментално сум на 6 месеци договор со полно работно време
     
  9. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    8.932
    Пол:
    Женски
    Искрено, не знам што да ти кажам, ако е отворен оглас за пола работно време, веројатно е во ред, зависи каква е фирмата и дал работиш во некоја институција. Од искуство, во приватна фирма се решава за пет секунди со анекс, нема потреба одјава, па нова пријава, тоа е само компликација. Ако ти рекле така, тогаш веројатно знаат зошто. Можеш да прашаш зошто анекс не им го решава проблемот, друго нема што да правиш.
     
  10. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.502
    Ако секој месец ти е различна значи не си пријавена на таа плата. За покачување на плата се зема анекс договор и се потпишува, платна листа се земасекој месец. Предходно јас прашував тука ама му ја побив матемаѕиката на работодавецот и уствари сме пријавени на минималец и се друго е бонуси на додатна работа прекувремени минат труд редовност итн какви малверзации прават и во сметководствава тоа е чудо едно се е корумпирана мафија. Шѕо значи и да останеш на боледување ако му текне да ти скрати 10 000 не се ни чуди.
     
    На L.i.n.a.a му/ѝ се допаѓа ова.
  11. L.i.n.a.a

    L.i.n.a.a Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2013
    Пораки:
    1.893
    Допаѓања:
    3.381
    Пол:
    Женски
    Значи плаќаат придонеси само на минимална плата? Односно таа што е напишана во договорот? :?:


    Дали може онлајн негде да се провери тоа?
     
  12. Zorina

    Zorina Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2022
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    1.027
    Пол:
    Женски
    Најголемиот број помали фирми прават така.
    Ја прочитав претходната дискусија која се разврзала и спомна дека немаш потпишано договор за вработување па најверојатно усно ти соопштиле дека си осигурана на минималец. Само спорниот момент е како се наеднаш ти префрла на сметка:?: Да ти дава на сметка минималец а другото на рака, сфаќам некако иако ова е незаконски (на поранешна колешка вака и даваа дури ми ја кажа и висината на сумата давана на рака, па на крај ја унапредија за да севкупно и следи се на плата и законски).

    Другово види на страницата на пиом или директно кај нив.

    На тема договор за вработување треба да се потпише иако јасно ми е дека ако некој сака да те развива и унапредува ќе најде секакви начини да го стори тоа и со и без потпишан договор, а исто така ако не сака и сака да те оштети ќе го стори тоа и со и без потпишан.
    На хартија е едно во реалноста ситуациите се други.

    Сепак мене лично ако почне да ми врти муабети не потпишувај договор нема потреба, за платата секој месец различна сума да ми дава ќе ми падне многу невообичаено и најмалку што ќе направам е да разговарам со претпоставениот да ми се дообјасни се детално.
     
    На L.i.n.a.a му/ѝ се допаѓа ова.
  13. L.i.n.a.a

    L.i.n.a.a Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2013
    Пораки:
    1.893
    Допаѓања:
    3.381
    Пол:
    Женски
    Ќе разговарам во понеделник, сигурно тоа.
    Јас мислам дека со оглед на тоа што цела плата ми ја префрла на сметка, (значи преку фирма, не како физичко лице, како што спомна една членка поназад), дека на таа сума плаќа придонеси. Дека сумата што стои на договорот (што не е потпишан од која страна), нема врска со вистинската плата што ја земам, и со плаќањето придонеси.
    Сепак ќе разговарам во понеделник, и ќе пишам што и како ми кажаа.

    Убава вечер :hai:
     
    На Zorina му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.502
    Тебе ти плаќаат придонеси бидејќи на минималната плата додаваат бонуси и секако они за тоа мора придонеси да платат, меѓутоа ако останеш на боледување пример сето тоа може да ти скрати и да ти пушти 70% од минимална. Ова ти кажувам дека може да го направи не и дека ќе го направи :). Онлајн можеш да провериш на пиом али ти треба еден лист да пополниш со податоци да го однесеш таму и они да ти дадат корисничко име и лозинка. Месечната нето плата според договор не може да е ватијабилна туку таа е фиксна, а додатоците, бонусите, одморите, празниците е на овие може да додава и крати :)
     
    На Zorina и L.i.n.a.a им се допаѓа ова.
  15. Ani45

    Ani45 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2022
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    990
    Пол:
    Женски
    Здраво, ми треба совет. Вработена сум во фирмава 4 години, но поради здравствени причини годинава често излегував од работа, користев денови од одмор и вадев боледување и сега менаџерката почна да ми реагира ако не сум можела да работам да сум дала отказ. Моментално сум пак на боледување до вторник и сакам да им го однесам боледувањето и да дадам отказ..дали можам така да направам, дали ќе бидам некако оштетена не сум упатена во ова многу..
     
  16. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.502
    Зошто да даваш отказ? Нека ти смени работна позиција за по флексибилна да бидеш.
     
  17. moni.poni

    moni.poni Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2016
    Пораки:
    278
    Допаѓања:
    85
    Каде можам да пријавам бидејќи несакат да ме одјават на работа, треба да почнам на друго место?
     
  18. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.502
    Пробај со договор на дело во новата фирма додека не те одјават во другата.
     
  19. Hotwife

    Hotwife Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2022
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    1.064
    Пол:
    Женски
    https://dit.gov.mk/?page_id=208
     
  20. pipi24

    pipi24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2014
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Здраво дечки, ве замолувам за помош и совети.
    Бев вработена во бутик на неопределено до вчера, поради тоа што немаше доволно работа газдите ме одјавиа вчера со отказ. Денес бев да се пријавам во фондот за здравствено осигурување но не ми дозволија бидејки сум го надминувала лимитот, и сега не ми следува осигурување освен сама да си плаќам. Така ли е според закон не сум запознаена, ве замолувам ако знае некој дали е стварно така и дали има некои други опции, не можам сама да плаќам останав без работа.
     
    На Irlandy му/ѝ се допаѓа ова.