Здраво на сите. Имам едно прашање, доколку има некој стручен да ми одговори. Се надевам ќе најдете време да ми одговорите. Јас си дадов отказ регуларно на 25.10 со најава на маил, но ми останаа уште 8 дена неискористен одмор. Работодавачите не сакаат да ми го дадат целиот одмор туку ми даваат 4 дена пред завршување на отказниот рок. Мене отказниот рок ми завршува на 25.11 ми рекоа дека они не се должни ниту да ми ги дадат деновите во отказен рок (што е право) ама ниту да ми ги платат. Мене прашањето ми е што се случува со тие 4 дена кои ќе останат неискористени? Дали треба да ми ги плати работодавачот? Јас не сакам да ги земам да ми се префрлат бидејќи причината за мојот отказ е заминување во странство.
Здраво, кој е поупатен по ова прашање да замолам за одговор, на пријателка пред месец дена и кажале дека ќе и дадат отказ, односно нема да и го продолжат договорот кој истекувал за месец дена. И дале документ на кој пишувало спогодба, набрзина го прочитала и потпишала. Истиот не бил потпишан од директорот бидејќи во моментот не бил во државата. Откако се распрашала и сфатила дека не требала да потпише реагирала кај HR от зошто раб однос не и е прекинат по основ на истек на дог за да може да користи надомест од завод, добила одговор дека тоа било само известување да знаела да си бара работа и дека секакони следува 3 месеци надомест од завод. Вчера била да ги подигне документите за да оди во завод и хаха биле сменети, место спогодба на документот пишувало одлука во која убаво е наведено зошто и се прекинува раб однос и дека и следуваат сите права законски како невработено лице. Прашањето ми е зошто сакале да и подвалат спогодба? Што губи работодавецот ако неа раб однос и е прекинат по истек на дог и може да користи 3 месеци надомест од завод? Зошто се оди на варијанта спогодба? Ако не реагирала, претпоставка е дека ќе и подметнале спогодба.
Нека провери во аврм по кој основ ја одјавиле. Ако и стои вака - спогодбено, тогаш не и следува. Ако и стои дека причината е истек на договор за вработување тогаш и следува, без разлика што потпишала со фирмата.
Одјавена е со истек на определено време, сабајле се пријавила уредно во завод за надомест. И како тоа не е важно што си потпишал? Не сум се нашла до сега во иста или слична ситуација, сем вака што читам и слушам искуства од други. Како тоа потпишуваш едно а добиваш друго, која е поентата работодавецот да сака да те лиши од тој надомест кој законски ти следува. Спогодба и одлука за прекин на раб однос колку што ми е мене познато не е исто. Неа и ја промениле само првата страна од документот, ставиле одлука откако валда увиделе дека сфатила кон што целат.
Аврм гледаат како е одјавена. Ако е одјавена со истек, тогаш ок, документот што го потпишала со фирмата не мора да го приложува кога аплицира во аврм за надоместок. Ако е спогодбен отказот, работодавачот ја приложува спогодбата при одјавување и тогаш стои спогодбено во аврм, како мојот пример што ти го покажав погоре. Така да, дури и се уште да и стои спогодба на документот кој и го дале, не ја одјавиле со него туку по основ истек на договор на определено
Јасно, фала ти на инфо, чисто ме интересираше дали работодавецот има некој бенефит да и го заврши раб однос со спогодба, затоа што потпишала едно, а вчера друго земала. Нормално откако претходно реагирала па направиле промена
Исто им е, не губат тие ништо дали ќе одјават со спогодбата или со договорот. Едино губат во случај каде испуштаат некој, а не му истекува договорот за вработување, тогаш покрај последната плата, мора плус уште плата или две да му исплатат во зависност колку долго работел таму. И во таков случај многу фирми форсираат потпишување спогодби за да испадне дека работникот доброволно си оди, за да не му ги исплатат тие плус пари. Во случај на истек нема потреба од спогодба, ниту се обрвзани према работникот после тој договор.
губи само работникот ако убаво не прочита што потпишува, сите знаеме за бланко спогодби. Баш затоа и прашав која е поентата да пробаат да ти увалат спогодба кога регуларно ти истекува дог за месец дена
Не може друг да вработи на иста позиција ако е одјавена ради фирмата, а доколку е спогодбено може друг да дојде на таа позиција. И ако е спогодбено не може да зема пари од аврм.
Ако и истекол договорот а не и го продолжат што е причината за тоа. На нејзе и даи истече договорот мора да ја одјават и да нагласат какво е одјавувањето не може бланко да стои. Во случај ако не е добар работник би следело отказ а не спогодбено. Или ако пишат поради завршен договор, а во меѓувреме вработат друг на иста позиција има право да ја тужи фирмата зошто на нејзе не и е продолжен договорот а друг вработиле. На страната на аврм пишува под кои услови можат да се земат тие пари. Ако стои спогодбено тоа значи дека она доброволно си заминала од фирмата и не и следи.
Главната причина е кратење на вработени ради зголемени трошоци, веќе некое време во нивната фирма има откази, одговорот за отказот бил ради намалување на обем на работа мора да намалат вработени. Моментот е, како што првично пишав, и дале документ на кој пишувало спогодба, набрзина прочитала и потпишала. Нареден ден откако се распрашала, и сфатила дека згрешила реагирала играјќи на тоа дека документот уште не е потпишан од директорот. Вчера кога ги подигнала, видела дека не е истиот документ ни по наслов ни по текст. Стоело одлука на истиот и образложение за отказот, а во завод е одјавена со истек на определено време. Не гледам логика во тоа што и ги смениле документите, затоа и ми е прашањето кој е упатен нели повеќе што би бил мотивот на работодавецот да постапи така
Ова мислам дека фирмата може лесно да се огради со пуштање на друг оглас преку аврм за да го пријави новиот вработен на сосем друга позиција, а технички тој би ја работел истата работа. На пример, работникот кој си оди бил пријавен како "Маркетинг агент" во аврм, а огласот за наредниот да биде "Советник за маркетинг",и двете постојат како различни занимања во аврм. А да речеме и двата вработени во фирмата работеле како SEO Specialist (ова бидејќи го нема во аврм, обично под некоја маркетинг позиција ги пријавуваат ). Така да, и да тужи оној кој си оди ќе биде тешко да докаже дека новиот вработен е баш за истата позиција.
Баш затоа се корисни овие теми, мн малку од нас се запознаени со своите права кои се однесуваат на оваа проблематика, за пуста плата мн се трпи и преќутува а работодавците се секогаш во право и секогаш имаат начин да го изиграат работникот на негова штета, генерално зборено.
На вработениот ако не го бива за таа позиција му се нуди заменска позиција негде каде би се пронашол. Она спомнува ради пад на работа не се продолжуваат договорите. Ако не се продолжува, а он после тоа вработува друг значи фирмата прави дискриминација. Не е се така еднноставно. Како што е во документите потпишана поради таа причина мора да се одјави работникот и не може по друга нека оди до аврм и нека си праша на шалтер.
Да да, разбрав, во нејзиниот случај отпуштаат на големо без да вработат некој нов. Јас се надоврзав на муабетот за вработување нов вработен за работа за која на претходниот не му бил продолжен договор, и дека фирмата може да го пријави во аврм под друга позиција, а тој да ја работи истата работа ко претходниот. Кој ќе докаже дека новиот ја работи истата работа? Други вработени кои се се уште таму не би го ризикувале работното место за да сведочат и да потврдат дека новиот ја работи истата работа како претходниот.
Малку од искуство: Намалување на работници се прави врз основа на нова систематизација,односно се укинуваат раб.места или се вика тех вишок.За тоа се информира АВРМ со писмен допис во архива, 30 дена пред отказот.Во меѓувреме фирмата дава образложение, писмено, и има таблица според стаж, колку плати ти следуваат.Тоавсе вика отказ поради деловни причини или прочуениот тех вишок. После укинувањето на раб место, точно е не може да има исто раб место.Ако е со тех вишок следи апсолутно надоместок од АВРМ. Јас 3 тех.вишоци имам "преживеано".
И ова е добро да се знае, иако кај нив е малку подруго, не им ги продолжуваат дог кои им беа мислам на 3 месеци, ок да она беше спремна дека може да биде следна за отказ, ама не очекуваше дека ќе пробаат од само за нив позната причина, да ја зафркнат со документите околу отказот. Пред некој ден разговаравме, се слушнала со бивша колешка отпуштена летоска, истата шема со документите, само што кај неа пробале да и ги скратат деновите од одморот. Па откако кажала дека не ги потпишува док без консултација со адвокат, веднаш и пуштиле други