1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Отказ и сè околу тоа

Дискусија во 'На работното место' започната од CinnamonBambi, 15 јули 2016.

  1. babymaybe123

    babymaybe123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2022
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    41
    Пол:
    Женски
    Dali moze dokolku napustam bez pocituvanje na otkazen rok da ne mi pustat plata...potpisav dogovor na 2 meseci
     
  2. magdencee

    magdencee Нов член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2023
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Zdravo, dali nekoj znae dokolku nekoj e vraboten na neopredeleno so otkazen rok od 1 mesec idokolku rabotodavecot go aktivira otkazniot rok i po toj osnov dobies otkaz dali vo toj slucaj moze da se aplicira za paricna nadohnada vo avrm?
     
  3. Isabela23

    Isabela23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2014
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    246
    Здраво, дали имал некој случај во Договор да му стои три месеци отказен рок, а да се договори со фирмата да се испочитува само законскиот рок од еден месец? Како оди таа процедура?
     
  4. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.500
    Правилно ти треба писмено барање да поднесеш до нив па они дати изготват отказен рок на кој се потпишувате и од тој датум стапува отказниот рок.
     
  5. Isabela23

    Isabela23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2014
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    246
    Да, но дали има шанса да се намали тој отказен период од три месеци? Дали некоја од вас се занимавала со таа проблематика?
     
  6. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.500
    Јас сум им кажувала дека за 15 дена си одам и толку. Не мораш да седиш 3 месеци.
     
  7. Isabela23

    Isabela23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2014
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    246
    Дали може да те тужат за прекршување на Договор?
     
  8. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.500
    Не може зошто ти веќе се договараш и потпишуваш отказен рок на кој го гласи времетраењето на отказниот рок потпишан и од нивна страна.
     
  9. BossGirl123

    BossGirl123 Активен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2020
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    Дали ако во договор пишува се раскинува денот на давање оставка и не е нагласен никаков отказен рок можам да си одам истиот ден или може пак да ме држат 30 дена. Прв пат имам ваков договор и затоа ми е малку чудно.
     
  10. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.500
    Отказен рок си е отказен рок. Спогодбено е ако го раскинувате договорот обострано. Според ова ти што го пиша значи дека договорот ти престанува истиот ден кога си даваш отказ. Но убаво прочитај што пишува не потпишувај сешто да не биде дека те имаат одјавено со отказ.
     
  11. Arpina

    Arpina Активен член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здраво,

    Имам потпишано договор на еден месец пред година и пол.
    После 8 месеци од потпишувањето на тој договор имам потпишано анекс кон тој договор, а во него се е исто само сменети се платата и отказниот рок од еден на три месеци.

    Според вас, дали сум обврзана да го почитувам отказниот рок од три месеци, со оглед на тоа што немам потпишано друг договор со определен временски период?
     
  12. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    2.103
    Пол:
    Машки
    Да, затоа што со анексот на договорот за вработување сте се согласиле наместо од еден месец да биде отказниот рок, истиот да биде 3 месеци, кое е законски дозволено, согласно Законот за работни односи отказниот рок може да биде од еден до три месеци, а анексот е составен дел од договорот за вработување односно негово дополнување.
     
    На Arpina му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.500
    Да, но можеш да се договориш да е помал. Ретко која фирма се води според договорот обично 2 недели до 1 месец даваат отказен рок
     
    На Arpina му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Husky lover

    Husky lover Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2021
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Здраво. Вработена сум на определено работно време (3 месеци), неколку пати по ред потпишувам договор на определено, па ме интередира која е разликата меѓу определено и неопределено. Дали побрзо може да ме отпуштат од работа, дали работодавачот вака плаќа помали придонеси за мене и кои права ми се ускратени?
     
  15. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.561
    Пол:
    Женски
    Истите придонеси се без разлика дали си на определено или на неопределено.
    Разликата е во тоа што кога си на определено време по истекот на тој период (на пример 3 месеци) може да ти го продолжи договорот како што ти го продолжува, но може и по истекот на тие месеци да те отпушти, дека договорот ти завршил и нема обврска да ти го продолжи, ако не сака.
    А кога си со договор на неопределено време, тогаш работното место ти е многу посигурно. Кога си на неопределено исто постои можност да те отпушти, ама пред АВРМ мора да се оправда дека си технолошки вишок, па дека затоа мора да те отпушти. Но, во зависност и од работниот стаж ти следува и паричен надоместок доколку те отпушти како технолошки вишок.
    • до пет години поминати во работен однос – во висина од една нето плата;
    • од пет до десет години поминати во работен однос – во висина од две и пол нето плати;
    • од десет до 15 години поминати во работен однос – во висина од три и пол нето плати;
    • од 15 до 20 години поминати во работен однос – во висина од четири и пол нето плати;
    • од 20 до 25 години поминати во работен однос – во висина од шест нето плати и
    • над 25 години поминати во работен однос – во висина од седум нето плати
    Секако може и да те избрка од работа доколку не ги почитуваш договорните обврски кои си ги потпишала или си предизвикала некоја штета во работењето, ама во таков случај не ти следува паричен надоместок.
     
  16. malecko5

    malecko5 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    1.141
    Здраво. Сакам да дам отказ во една фирма работам 1година и 4 месеци, дали ми следува годишен одмор од оваа година или мора да биде тоа од 1јули? Бидејќи лани искористив 12 работни дена и оваа година од 1 јануари 1 ден и ми остануваат уште 7дена, па дали имам право са ги искористам тие 7 дена пред отказниот рок и дали имам право на плус 20дена од оваа година?
     
  17. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.500
    Имаш право на тие 7 дена, а на нови 20 имаш право од Јуни месец, доколку немаш прекин во новата фирма ќе си ги користиш од Јуни месец
     
    На malecko5 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Artlover

    Artlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2017
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    34
    Пол:
    Женски
    Колку би бил отказниот рок на договор на 6 месеци, при тоа до истекот на тој договор остануваат уште месец и 15 дена?
     
  19. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.500
    Во договорот ти пишува колку е отказен рок. Доколку си отидеш кога би ти истекол договорот не ти ттреба отказно решение. На повеќето договпри стпи 1 месец но може да бидат и недела 15 дена зависи.
     
  20. najjacha

    najjacha Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2018
    Пораки:
    769
    Допаѓања:
    584
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите.
    Не знам дали ова прашање е адекватно за во оваа тема, ако не е ги молам модераторите да го преместат.

    Во моментот сум на тазе трудничко боледување, за некој месец треба да се вратам на старото работно место. На трудничко заминав во лоши услови поради проблеми со работодавецот во текот на целата бременост за жал, и не планирам да се вратам на старото работно место штом ми заврши боледувањето за неколку месеци.
    Прашањето ми е, дали доколку најдам ново работно место (карикирам месецов) можам да се префрлам на друго место, и друга фирма да ме пријави како вработена, со тоа што веднаш штом заврши трудничкото да почнам на новото место, да не се враќам воопшто?
    Дали можам да дадам отказ дур сум на трудничко боледување со пријава со нова фирма?
    Секако новата фирма би немала давачки за мене, трудничкото боледување ми го плаќа фондот.
    Ве молам доколку некој има познавање да ми одговори.:)