Додека сте на породилно не може да ви биде врачен отказ, но вие по ваша волја можете да дадете отказ со тоа што во отказниот рок да ви се засмета и годишниот одмор за 2023 година. Ако ве интересира нешто подетално пишете ми во порака.
Некој да ми каже што точно треба да содржи писменото барање за отказ, пр. Почитувани, барам откажување на договорот кој е со важност до ____, ве молам да ме известите колку ќе трае отказниот рок? Барањето важи од 13.03.2023 Или?
Дадов отказ како што кажав договорот истекува за месец ипол, добив одговор од работодавачот дека отказниот рок ќе биде до истекот на договорот, но јас неможам толку да чекам бидејки најдов друга работа ме чекаат да почнам. Јас мислам дека не може отказниот рок да биде до истекот, што да правам некој совет?
Види си во договорот колку ти е отказен рок, обично е 30 дена. Ако ти писмено ги имаш известено, тогаш си тече отказниот рок. А инаку ако не се појавиш три дена на работа, ќе те одјават. Само некој правник да те советува дали така можат да те тужат ако им текне. Исто, не треба ти да ги прашував колку е отказен рок. Тоа е одредено во договор за вработување.
Не се појавувај три дена на работа ќе мора да те одјават. Колку ти е по договор отказен рок, 1 месец? Прочитај убаво во договорот, а ако не е наведено се рачунаат законски 30 дена. Тој ти вика месец и пол бидејќи тогаш истекува договорот, ако добро сфатив? Ако е така, ако не сакаш да си правиш проблеми со три дена непојавување, можеш и да прашаш на новото место дали би те почекале уште две недели, ако веќе и онака месец дена ќе те чекаат посекако.
Да тогаш истекува, инаку договорот е кај нив ми го немаат дадено го потпишав минатата година кога се вработов, ми имаат дадено само анекс за последениот на 6 месеци. Незнам дали ќе ми го дадат сега.
Договор кога се потпишува се потпишува во повеќе примероци, не само во еден, требало веднаш да ти дадат еден примерок од договорот. Памет и за следно вработување да си знаеш.
Имаше 2 примероци знам дека треба да го дадат, ама ни рекоа дека директорот не е на работа и ќе ни ги дадат дополнително кога ќе ги потпише истите ама ништо од тоа.
И директорот цела годинне е на работа? Доколку ти немаш договпр кај тебе тогаш ти немаш право ни да тужиш ни ништо. Ако одиш на одмор без решение да потпишеш и ти самата барање да поднесеш пред се тогаш комотно можат да те одјават со 3 дена не појавување на работа. Памет за наредно вработување прво потпис и печат од фирма па после ќе си потпишеш ти и ќе си земеш одма примерок.
Здраво, сакам да дадам отказ од работа. Дали би останала одма дома или ќе морам да чекам додека да ми најдат замена? ( се работи за градинка )
Здраво , да прашам , сакам да дадам отказ на работното место(планирам за странство да одам) и ме интересира одморот што го имам , уште 15 дена ,дали би можел да се искористи , т.е да одам пример уште оваа недела и од понеделник да ми ги пишат тие 15 дена , и штом ми заврши одморот да ме одјават ? ПС , дали можам целиот преостанат одмор да го искористам ?
Здраво кажете ми може ли работодавачот да го одјави вработеното лице со датум од неработен ден? Треба да започнам на ново работно место од 18ти Април, па дали ќе може да ме одјават на 17ти Понеделник бидејќи тој ден е неработен, или ќе мора да ме одјават на 18ти за да ме пријават на 19ти за да немам прекин.