Прашав на работа , и ми вика можело као демек само зимскиот одмор да се искористи и тоа 5 дена … вика неможел цел одмор
Здраво девојки. На породилно сум до 24 април, со одморот до 4ти мај се водам на работа. Прашањето ми е за материјално. Каде треба да се упатам и кои документи треба да ги доставам? Ако може некоја скоро што ги средувала овие документи да ми каже? Благодарам
Треба да се пријавиш во трудот како активен барател на работа и секој месец да се пријавуваш (ако ти се јават за да почнеш негде и одбиеш мислам дека смеат да ти го укинат). Мора да си одјавена со завршен договор, а не со отказно решение. Откако ќе се пријавиш чекаш решение
Ќе прашам две работи во едно, зошто не знам за првово во која тема да прашам. Моментално сум на боледување од четвртокот поради оперативен зафат извршен во петокот, и матичен лекар нели може само да ти даде 2 недели боледување. Е сега, прашањето ми е дали тие 2 недели се заедно со викенди, или се рачунаат само работните денови? Ако се заедно со викенди, како оди тоа комисиски да се продолжи боледувањето за уште 2-3 работни дена? Второто прашање ми е за отказот. Имам договор на определено што ми трае до половина на мај, и сакам кога ќе се вратам од боледување да дадам отказ. Дали треба да дадам notice или само кога ќе ми истече договорот да кажам дека не сакам да го продолжам?
Во врска со второто прашање да ти одговорам. Без разлика до кога ти трае договорот, отказот треба да го најавиш. Често се бара да се почитува 30 дена отказен рок, сепак зависи се и од компанијата може да се договорите за по краток отказен рок со оглед дека до средина на мај ти е договорот. Најави си на време за секој случај.
Дали би имало проблем ако се почне со работа во конкурентска фирма, ако во спогодбата за раскинување на договор пишува дека особено останува во сила одредбата за конкурентска клаузула и забрана за штетно однесување?
Во врска со првото прашање и викендите влеваат во боледувањето. За време на корона матичен аплицираше онлајн па продолжуваше комисијата сега незнам дали има промени, ама матичните би требало да имаат информација.И доколку можат да не ти прават прекин на боледувањето е најдобро за да земеш 90% плата, што следува над 15 дена боледување.
Здраво, дадов отказ вчерс, револтирана од газдите што не реагираа за колешката, за нејзинато однесување, а претходно неколку пати сум им укажуваа. Вчера им кажав, рекоа во понеделник,т.е. Утре да потпишам. Имаат ли такво право?
Доколку е спогодбено може било кога само прочитај си дали е спогодбено и дали така и ќе те одјават, да не те одјавуваат како они отказ да ти дале
Ако ти даваш треба да е спогодбено. Ако не нема да потпишеш и готово ќе си одиш на работа, секој даден отказ треба да биде во писмена форма и они ако имаат отказен рок треба да ти дадат да потпишеш на колку дена е и од кога важи т. е. стапува на сила. Доколку и они се согласни дека треба да го раскинете договорот треба да е спогодбено.
здраво, ми трева мислење ваше. Договорот за работа ми завршува другиот месец, дадов отказ меѓутоа отказен рок е 3 месеци. Дали мора да се одработи тој рок бидејки договорот ми завршува?
Кога ти завршува договорот. И крај . Ако сакаш одма прекин на договор,не се појавувај 3 дена на работа. Автоматски ќе те одјават
Не ми можат ништо кога веќе договорот завршил нели? Кога го пишував барањето за прекин на работен однос ми рекоа да пишам по истекот на отказниот рок, кој на договорот е 3 месеци. ама ми нема логика кога договорот си завршува..
Zdravo saakam da prasam nesto. Na porodilno otstustvo sum i mi vazi do 28 juli ovoj mesec jas. Jas im rekov prethodnata nedela deka nema da mozam da dojdam na rabota posle porodilnoto. Im dadov pismena izjava za otkaz ne mi ja prifatija. I sega mi rece deka za otkazniot rok deka da srabotam zadaci preku onlajn 2 3 casa za da nadoknadam. Fizicki nemora da se pojavuvam na rabota. Dalo moze da mi napravat nesto kako tuzba ili slicno jas ne go prifakam toa.