Отказ и сè околу тоа

Дискусија во 'На работното место' започната од CinnamonBambi, 15 јули 2016.

  1. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Треба ти да ги пријавиш и за неприфаќањето на изјавата и за притисокот и уцената да работиш дури си на породилно.
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Sweet969

    Sweet969 Активен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2022
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Me tere dodeka mi trae otkazniot rok sega ne go prifakale toa od 29 juli do krajot na avgust mesec da srabotam zadaci onlajn dodeka najdele drug rabotnik da sum ispadnala fer jas i kazuvum deka nemozam ona uporno.
     
  3. maaraa96

    maaraa96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2015
    Пораки:
    700
    Допаѓања:
    389
    Пол:
    Женски
    Здраво :hai: од 25ти Мај имав потпишано Договор на определено, 1 месец значи до 25ти Јуни, почнав да си работам меѓутоа газдарицата реши да си спои 4 дена, си отиде у Грчка, јас работев по 10 саати(продавничка за козметика во мол, значи работи и Недела), дојде и првото што го кажа е Јас за 2 недели идам на одмор ти што треба да си работиш ќе си работиш јас ќе си шетам.. Ок ајде, се повеќе од 7 саати ми е платено па прифатив, пред да отиде вработува уште едно девојче затоа што отвори уште на едно место па и треба и за таму а нова е и не се снаоѓа сама за се нешто ме бара за да и помогнам, меѓутоа доаѓам до ситуација каде што се будам со вртоглавици, не можев од кревет да станам и пишувам на газдарицава Дали може двете да одиме за да не дојде до тоа да ми се слоши и да паднам таму у несвест барем тој ден да не сум сама а вечер ќе правам што ќе правам(макар и да идам на инфузии) ќе бидам до сабајле како нова од тоа добивам понашање како Ова не е играчка како се договоривме да ти платам повеќе блабла на што јас враќам Не сакам повеќе пари здравјето ми е побитно јас денес нема да дојдам и ми враќа Ок одмори се слушаме утре.
    Не поминува 1 час ме бара нејзина пријателка да дојде да ме види, доаѓа и ми носи да потпишам отказ.. Јас кажувам дека не потпишувам ништо затоа што не сум правела муабет со неа за работа и не можам на некој странец да потпишам и дека договорот ми е до 26ти а за после ќе видиме, и се јавува на газдарицата и оваа и вика Добро ќе ти биде платено до 25ти ама од утре да не доаѓаш(тоа се дешава на 21 Јуни).
    Јас сабајлето откако и пишав дека не сум способна цел ден да го изгурам отидов да проверам крв, попладнето кај докторката да ми ги види резултатите кои беа испод нормала и и кажувам дека до денот пред тој сум изработела 7 дена по 10 часа и докторката сфати дека сум преморена и ми пиша боледување. Боледувањето е затворено на 23ти а дотичната на 24ти ме одјавила од работа.
    Прашања
    1.Не сум потпишала отказ, дали е законски да ме одјави а да не се тоа 3 дена да не одам на работа па нели има право да го направи тоа(затоа што имав боледување)?
    2. Еве денес 4ти а уште ми нема пуштено плата за крваво заработените пари и изгубеното здравје, дали има дупка во законот па може да помине без да ме исплати?
    3. Дали имам право да превземам нешто ако не добијам исплата?
    Извинете за долгиот пост и фала ви однапред за советите:)
     
    На QuickBro му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.840
    Допаѓања:
    17.715
    Пол:
    Женски
    Законски не смее да те отпушти без опомена прво, т.е. да ти укаже што правиш погрешно.

    Нема таков закон, мора да те исплати. Има рок до 15ти јули да ја пушти платата за јуни, така да уште има време.

    Можеш. Или ќе ги пријавиш во трудова инспекција или ќе си појдеш кај адвокат, па ќе се консултираш што и како за да ја тужиш за неисплатена плата или за помалку исплатена од што треба.
     
    На mandrace и maaraa96 им се допаѓа ова.
  5. Melanija Meli

    Melanija Meli Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2016
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Здраво, едно прашање дали од кога ќе заврши договорот за работа и немате потпошано нов договор ве офјавуваат од завод или не? а сеуште работите со птказен рок
     
    На QuickBro му/ѝ се допаѓа ова.
  6. L.i.n.a.a

    L.i.n.a.a Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2013
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    3.334
    Пол:
    Женски
    Имам потпишано договор на еден месец, за јуни. За Јули сѐ уште немам. Ако дадам отказ пред да го потпишам новиот договор, дали ќе ми ја исплатат платата за Јули? Односно за тие денови што би ги имала обработено за Јули месец?
     
  7. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.561
    Пол:
    Женски
    Да, мораат.
     
    На L.i.n.a.a му/ѝ се допаѓа ова.
  8. L.i.n.a.a

    L.i.n.a.a Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2013
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    3.334
    Пол:
    Женски
    А дали мора да го испочитувам отказниот рок? За овој месец сеуште немам потпишано договор

    @Forca
     
  9. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.561
    Пол:
    Женски
    Штом ти поминал договорот и немаш ништо друго добиено и потпишано, значи немаш отказен рок кој би бил важечки. Ете и Форца нека ти каже подобро.
     
    На L.i.n.a.a му/ѝ се допаѓа ова.
  10. sofija014

    sofija014 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2013
    Пораки:
    849
    Допаѓања:
    3.865
    Aко си само пријавен во завод, без никаков потпишан договор, дали можеш било кога да дадеш отказ и да не си должен да одиш уште 30 дена отказен рок ?
     
  11. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.500
    Можеш, зошто ти немаш потпишано договор во кој гласи колку е отказен рок, плата, работно време, саати итн. Најпаметно ќе ти биде да напишеш рачна изјава дека го прекинуваш со работен однос бидејќи немаш договор и да си се потпише одговорниот што е таму обично се човечки ресурси не мора копија да правиш доволно е само да си стави тој/таа име презиме и потпис сликај го дека го имаат примено и готово. За да не ти пишува дека ти дале отказ во аврм зошто они можат да те одјават со 3 дена не доаѓање на работа.
     
  12. Sweet969

    Sweet969 Активен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2022
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Zdravo dadov otkaz vo porodilno otstustvo so pismena izjava deka nemozam da odam na prabota. Rabotodavacot mi veli deka trebe da odam da gi raskineme izjavite koi se dadeni po kodeksot na etika. Dali treba takvo nesto za da odam koga dadov vekje otkaz se znae toa. Pozdrav
     
  13. Srnapetra

    Srnapetra Активен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2021
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    49
    Zdravo momentalno sum.na boleduvanje , pa ke odam so patoloska bremenost , dali smeeat da mi dadat otkaz , iako dogovorot mi istekuva 11 mesec dali moze ednostavno da ne go prodolzat dodeka sum na patolosko boleduvanje?
     
  14. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.561
    Пол:
    Женски
    Не смеат да ти дадат отказ додека си на боледување. Во спротивно имаш право да ги тужиш и со сигурност ќе победиш ти.
     
  15. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.448
    Допаѓања:
    5.900
    Сакам на први септември да почнам на ново работно место. Ако отказниот рок ми е 30 дена, дали тоа значи дека треба да дадам отказ на први август за да ме одјават на 31 и да ме пријават на 31 на новото работно место за да немам прекин во стаж?

    Исто така, замислата ми беше да го искористам одморот (12 дена) во втората половина на август (што не сум го побарала официјално, меѓутоа поради распоред со колеги, имам наговестено дека тогаш би зела одмор), меѓутоа повторно би ми останале неколку неискористени дена одмор. Оттука, ги имам следниве прашања:

    1. Какви негативни последици би можела да имам доколку имам прекин во стажот, пример да има неколку дена разлика меѓу одјавување и пријавување? Односно, колку е важно да немам прекин во стажот?

    2. Некаде како да прочитав дека можат да ме одјават дури и 8 дена по крајот на отказниот рок? Јас лично сакав вака за да е на чисто - цел комплетиран месец во едната фирма, и од прв ден во месецот во новата фирма - мислам така е наједноставно и за нив за исплаќање...

    3. Тука ве читав дека во сегашната фирма може и да не ми дозволат да го искористам одморот тука. Во секој случај, и да ми дозволат и да не ми дозволат да ги искористам тие 12 дена, што се случува со неискористениот одмор - се префрлува во новата фирма, ми треба некаков документ/потврда за неискористен одмор или?

    4. Откако би се префрлила во новата фирма, доколку немам прекин на стаж, дали додека направам 6 месеци, повторно важи тоа дека за секој месец добивам по 2 дена? Односно во случајот, што би се случило:
    - Ако се префрлува одморот во новата фирма, искористувам дел од преостанатиот годишен одмор во сегашната фирма, а ми преостануваат пример 7 дена одмор што би ги користела во новата фирма до крајот на годината;
    - Ако се префрлува одморот во новата фирма, искористувам дел од преостанатиот годишен одмор во сегашната фирма, а ми преостануваат пример 7 дена одмор што би ги користела во новата фирма до крајот на годината + добивам 4 (месеци) х 2 дена одмор од новата фирма;
    - Ако не се префрлува одморот во новата фирма, морам да ги искористам сите денови одмор за да не ми пропаднат, па во новата фирма до крајот на годината нема да имам одмор;
    - Ако не се префрлува одморот во новата фирма, морам да ги искористам сите денови одмор за да не ми пропаднат, па во новата фирма до крајот на годината имам само 4 (месеци) х 2 слободни денови?
    - Нешто друго?

    Општо како мислите дека би било најдобро да постапам во однос на земањето одмор/давањето отказ? Дали пак прво да побарам официјален одмор утре, па на први да дадам отказ за да сум сигурна дека ќе можам да го земам во втора половина на август или да не е нечесно/нефер така (а и може и покрај тоа да ми го „прекинат“ првичното барање за одмор)? Или, поради одложувања со администрација да не мислите дека е подобро уште пред први да соопштам дека давам отказ?

    Општо ако имате нешто предлог/совет во ситуацијава би ми значело многу да ми кажете :).

    Прашањата се наменети кон кого било, ама ќе означам плус некои што гледам и дека се поупатени во темава: @Forca, @Mikha4, @Abel, @Brpbrp, @cresa-jagoda.
     
  16. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.500
    Искрено фирмите колку и да се океј спрема вработени кога треба да си одиш се прави хиени.

    Моја препорака ти е да бараш прво одмор т. е. решение за одмор да ти дадат па после да им соопштиш дека си одиш доколку сакаш да го искористиш одморот зошто во новата фирма дали и би ти го дале одморот одма.

    Ако имаш прекин во стаж тогаш одморот не ти се префрла во новата фирма и најглупата работа е здравственото осигурување ако имаш прекин и 1 ден да е ќе треба да чекаш новата фирма да префрли плата т. е. да плати придонеси па после тоа да имаш здравствено.

    И за тоа што прашуваше дали ти следи одморот и плус тие по 2 дена одговорот е, не. Зошто ти веќе имаш одмор, новата фирма после 1 месец треба да ти даде да можеш да го користиш одморот со тоа што првата половина треба да биде 12 работни дена непрекинати.

    И не мораш да се префрлаш и да започнеш на почеток на месец тоа на фирмите не им е проблем, повеќе е проблемот од сега кога ќе известиш дека си одиш може ќе ти кажат за 15 дена да е отказен рок можеби ќе ти кажат од утре не доаѓај потпиши спогодбено па дали новата фирма ќе сака утредента да те пријави. :)
     
    На chadorche16 и pdb123 им се допаѓа ова.
  17. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.448
    Допаѓања:
    5.900
    Значи како што сфаќам, ако јас ги земам тие 12 дена одмор во оваа фирма, а ми останат уште 7 дена, до крајот на годината за одмор си се рачунаат само тие 7 дена од старата фирма, новата нема обврска да ми дава плус денови одмор оваа година, така?

    Ако е така, тогаш општо прашувам за да знам за натаму: треба минимум 6 месеци од годината да си во одредена фирма за да го добиеш одморот од неа, без разлика дали без прекин во стаж претходно си работела во друга фирма?

    Прашувам затоа што новата фирма нуди и повеќе дена одмор и не знаев како би се регулирало сѐ ова..
     
  18. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.500
    Ако си со прекин во стаж тогаш мораш да чекаш 6 месеци за целосен одмор од 20 дена да користиш, но доколку немаш прекин во стаж и немаш нов одмор од годинава користено тогаш ти се префрла во новата фирма. Еве сега ти сакаш од новиот одмор да искористиш бо старата фирма 12 дена ќе ти останат уште 8 дена за користење во новата фирма, но ако фирмата нуди и повеќе сигурно понатака би ти искочиле во сусрет да ги искористиш дополнителните што ги нуди :) али обавезно да си земеш потврда за останатите денови!
     
    На pdb123 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. once

    once Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2013
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    3
    Од завчера потпишав договор за вработување од денеска почнав, ме пријавија од денес, е сега ми се јавија дека сум примена на местото на кое што од секогаш сакав да работам ќе може ли уште денеска да ме одјават од понеделник да започнам таму со работа?
     
  20. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.500
    Можеш ако сакаш само треба да ја известиш фирмата за да те одјават.