1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Отказ и сè околу тоа

Дискусија во 'На работното место' започната од CinnamonBambi, 15 јули 2016.

  1. bella24

    bella24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2014
    Пораки:
    563
    Допаѓања:
    789
    нема врска дали се по цел ден, коа ќе поднесеш барање во трудова ти заверуваат со архивско бројче, еден примерок за тебе еден за инспекторот, по тоа барање инспекторот е законски обврзан да постапи во рок од 15 дена, со тоа што треба да добиеш и известување за спроведен надзор. инспекторот ќе го задолжи работодавачот во рок да ти исплати плата, па по тој рок ќе направи контролен записник, ако нема постапено го праќа на комисија па комисијата одлучува за казна или порамнување, али ќе ти исплати, поднеси си ти реуларно барање и немај мака
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Anaouou

    Anaouou Популарен член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2014
    Пораки:
    665
    Допаѓања:
    2.247
    Ве молам за помош значи ми се нуди нова работа за од месец Jули но сакам овој месец да го гурам заради регрес дали на пример ако одам до 30,06 тој сам може да ме одјави порано да не ми даде регрес?
    Имајте убав ден :D
     
  3. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.561
    Пол:
    Женски
    Отказ се дава 30 дена однапред.
     
  4. monnii-4

    monnii-4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2011
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    60
    Пoштo oткaз се дaвa пoрaнo еден месец тo знaчи декa дo 6ти aвгуст требa дa идaм aкo дaдaм oткaз утре. Е сегa бидејќи гaздaтa мoј е мнoгу рaзбрaн ќе ме држи дo 6ти aвгуст a јaс требa дa сум oдјaвенa дo 31 oти ми се oтвoрa мнoгу пoубa рaбoтa. Прaшaњетo ми е кaкo дa дaм oткaз без дa е спoгoдбенo зoштo немa тaкoв избoр и дa имaм рoк пoмaлце oд месец, дa гo дoрaбoтaм јули a дa не ми скрaти oд плaтaтa?
     
  5. TiaMarta

    TiaMarta Активен член

    Се зачлени на:
    30 август 2016
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Би сакала нешто да прашам околу мојата ситуација. Се вработив во април во еден хотел но не ми се допаѓа и сакам да дадам отказ. На договорот што го потпишав ми пишува дека ми важи еден месец но газдарицата ми рече не се секирај ќе го продолжиме или не го глеј тоа не ми текнува точно но во тој контекст. Е сега во делот со отказпт пишува 30 дена отказен рок па моето прашање е дали затоа што немам потпишано нов договор можам да си одам одма или мора месец дена да седам. Фала ви
     
  6. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    13.640
    Допаѓања:
    152.409
    3дена не се појавувај на работа и при тоа не се јавувај да кажиш дека не идеш самите ке те одјават
     
  7. bella24

    bella24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2014
    Пораки:
    563
    Допаѓања:
    789
    ќе си поднесеш писмено барање дека сакаш да бидеш одјавена поради X причини и ќе си го завереш во архива на фирмата/хотелот, значи да има приемен датум, од тогаш ти течи отказен рок од 30 дена па да бидеш одјавена.
     
  8. cinderella7

    cinderella7 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2014
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    1.588
    Пол:
    Женски
    Вработена бев во една фирма еден месец и потоа сакав да дадам отказ со што усмено го известив работодавачот дека од утредента нема да одам на работа, иако тој ми кажа да поднесам писмено барање, не го сторив тоа. Во аврм сеуште ме водат како пријавена, а веќе поминаа 2 месеци... Дали може кривично да ме гони?
     
  9. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.317
    Допаѓања:
    10.428
    Пол:
    Женски
    Како бе два месеци не си одјавена?
    Ти стига уште плата? :o
    Инаку, законски, три дена ако не се појавиш на работа без било какво објаснување, должни се да те одјават. Да се замара да те тужи не верувам, но ако најдеш нова работа нема да можат да те пријават од таму.
     
    На rolulika му/ѝ се допаѓа ова.
  10. rolulika

    rolulika Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2018
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    Не може да те гони, реагирај кај трудова инспекција одма ќе те одјави кога ќе му дојдат.
     
  11. Dzevelekova

    Dzevelekova Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2016
    Пораки:
    343
    Допаѓања:
    1.325
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите! Вработена аум во фирма веќе 5 години, меѓутоа имам здравствен проблем и моментално си земав неплатен одмор, е сега заради мојата сериозна здравствена соатојба сакам да си дадам отказ ама не знам како, осигурана сум на неопределено. Секој совет би ми бил добредојден. Ви благодарам однапред.
     
  12. Espadrila

    Espadrila Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2013
    Пораки:
    1.143
    Допаѓања:
    20.736
    Прочитај си го договорот за вработување како ти одредено. Како е предвиден отказниот рок. По ЗРО, по правило би било да треба најмалку 1 месец порано да најавиш дека бараш да го прекинеш РО.
    Прочитај го и размисли си.
    Не знам како ти се релациите на работа, ама предлагам и усно да ги известиш, пред да доставиш писмено Барање за прекин на работниот однос.
     
    На Dzevelekova му/ѝ се допаѓа ова.
  13. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.208
    Допаѓања:
    23.989
    Пишуваш писмо во кое наведуваш дека даваш отказ и тие се должни да те одјават. Чим си на неплатен одмор, не би требало да чекаш еден месец за да те одјават.
     
    На Dzevelekova му/ѝ се допаѓа ова.
  14. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.252
    Допаѓања:
    21.765
    Пол:
    Женски
    Да ве прашам нешто: постои можност да не ме вратат на работа после породилното отсуство во приватна фирма. Не сум сигурна уште, ама големи се шансите да добијам отказ. Осигурана сум на неопределено. Прашањето ми е кога најрано може да ме отпуштат ако сакаат? Дали сум заштитена некој период да треба да ме држат на работа или веднаш после породилното може да ми речат да не се враќам на работа?
     
  15. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.208
    Допаѓања:
    23.989
    Ако си со договор на неопределено мора да те врати на работа.
    Еве го законот:
    Исто така работодавачот не смее да го откаже договорот за вработување на работникот за време на бременост, раѓање и родителство, за време на сместување на дете кај посвоител, отсуство од работа за родителство од страна на татко или посвоител на дете и слично. Отказот на договорот за вработување е ништовен, доколку на денот на врачувањето на отказот работодавачот бил запознаен со околностите за бременоста, или доколку работникот во рок од 15 дена од врачувањето на отказот го извести работодавачот за постоење на околностите за бременост со доставување на соодветна потврда од овластен лекар или надлежен орган.
     
  16. RosettaStone

    RosettaStone Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2019
    Пораки:
    853
    Допаѓања:
    9.993
    Пол:
    Женски
    Освен ако откако се вратиш на работа и направиш во работењето нешто за да има основ да може да ти го прекинат работниот однос во обратен случај не смеат да ти врачат отказ по враќање од породилно отсуство, а ако се случи евентуално можеш да тужиш и да ја добиеш тужбата на суд.
     
  17. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.252
    Допаѓања:
    21.765
    Пол:
    Женски
    А колку време после враќањето од породилно се должни да ме држат на работа? Еве ако не направам грешка при работата и немаат таков основ.
     
  18. RosettaStone

    RosettaStone Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2019
    Пораки:
    853
    Допаѓања:
    9.993
    Пол:
    Женски
    Ако си на неопределено време договорот ти трае, не се тие ништо должни, нив договорот и закон за работни односи ги обврзува да не смеат без причина да ти врачат отказ, а уште помалку во случај на бременост и по породилно.
     
  19. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.418
    Допаѓања:
    42.806
    Пол:
    Женски
    Ако најдам нова работа која повеќе ми одговара, како да го искомбинирам се тоа за да немам прекин во стаж?
    Треба истиот ден кога ќе ме одјават, на новото место да ме пријават, или како оди тоа?:?:
     
  20. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    1.943
    Пол:
    Машки
    Прекин на стаж имаш со самото одјавување, и повторно почнува да тече по ново засновање на работен однос т.е. пријава во АВРМ, инаку треба да те пријават најдоцна еден ден пред да започнеш со работа, а по склучување на договор за вработување, во секој случај за вработување на работник работодавачот е должен претходно да објави оглас со рок на траење од 3 дена, така што не е возможно веднаш истиот ден да бидеш одјавен и повторно пријавен.
     
    На Luminary му/ѝ се допаѓа ова.