Постои ли таква можност, што треба да направам да одам во АВРМ? Треба ли нешто да потпишам во фирмата?
Ако имаш потпишано отказно и заверено .. тоа е тоа .. можеш да се одјавиш. Инаку ова на одмор HR и тие глупости се класично зезање.
Те задржуваат само за да останеш подолго. Може било кој од фирмата да појде до аврм и да те одјави со потпишана спогодба, не мора да е ХР. Во мала фирма кога работев пред некоја година (ни ХР имаа ни бутур) имав јас одено до аврм да одјавам вработен, а не сум ХР, ниту имавме ХР.
Па како мислиш да си одиш од фирмата ? Ги чекаш да ти дадат спогодбено ... не рабирам, ако сакаш да си одиш не калкулирај , дај си отказ и терај.
Здраво не знам дали темава е за тука но сепак сакав да прашам. Преку завод за вработување сум на обука која трае 3 мисеци обуката требаше да ми е платена јас веќе тука сум 2 месеци и немам земено никаков придонес. Преку завод потпишавме договор и во договорот гласи ако ја напуштам обуката по моја воља ги враќам сите придонеси но бидејќи јас немам земено ништо дали може само така да ја напуштам обуката.
Придонесот го „зема“ државата, и ти е платен придонес врз основа на инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа или професионална болест
Здраво, Ве молам. Некој да ме посоветува. Договорот ми е на неопределено и јас си поднесов отказ затоа што си најдов подобра работа. На 21 ви овој месец им кажав дека барам спогодбено и да ме одјават на 31ви затоа што работата ми е во училиште и на први започнува учебната година. Меѓутоа, не само што не наидов на разбирање, туку и почнаа д аме навредуваат, трпев психичко малтретирање, наредниот ден се појавив повторно со надеж дека работите ќе се средат, но беше уште полошо. Денес ми испратиле писмо дека ќе ме одјават на 30ти септември, но мене тоа не ми одговората затоа што би ја изгубила и новата работа. Одлучив да не се појавувам три дена, дали би можело да ме тужат? им испратив и препорачано писмо каде барам да сум одјавена до 31. Сакам да нагласам дека во фирмата работам само два месеци, т.е сум зела само една плата, до сега.
Теоретски се е можно , сепак не ми е јасно што значи спогодбено . Ако сакаш да си одиш даваш молба за отказ и толку, што се местиш. Ако сакаат можат да направат проблеми али тоа е на долги стази за 3 дена не одење на работа. Проработен е инатот од нивна страна и сега треба да се молиш !
Спогодбеното и е ваљда тоа што она бара да ја одјават одма. А они и даваат отказен рок, ваљда како што е наведено и во договорот за вработување.
Здраво, дадов отказ на работа, сакам да прашам дали може сам да плаќаш придонеси за здравствено осигурување или сепак треба некаде да бидеш пријавен?
Zdravo na boleduvanje od komisija sum , plata mi isplaka fondot , imam dogovor koj istekuva vo 11 mesec , dali smeat da me odjavat dodeka sum na boleduvanje ili mora avtomatski da mi prodolzat , isto dokolku me odjavat a sum so dogovor na opredeleno dali treba da potpisam otkaz?
Договор на определено е токму тоа на ОПРЕДЕЛЕНО време , што значи кога ќе истече немаат никакви обврски према тебе, нормално доколку сакаат . Е сега понатаму како ќе се договориш ..