А како да не си заминеш ненајавено кога те малтретираат. Те остава сам од 7-19. Те лаже дека секој момент ќе ти дојде смена и сл. Те вработува под едни услови работиш под други.итн. Дури се чудам како викаат нема работници а колку ги малтретираат.
Здраво на сите. Сакам да прашам дали член 9 е валиден, односно дали навистина морам да останам 2 години најмалку кај работдавецот. Благодарам
Како мислиш дали е валидно? Да не мислиш дали е законски? Законски е, нема ништо спорно, тоа се неговите услови. Во моментот коа ќе питпишеш договор меѓу двајца, документот станува валиден и обврзувачки за двете страни.
Кратко да одговорам , НЕ !!! немаш обврска. Обуката нема врска со доогвор за вработување. Тоа мора да се стави на посебен договор каде се регулирааат твоите и нивните обврски . Ако веќе има обука , мора да има најмалку 3 обуки во годината . Ако сакаш да напуштиш а си профатил обука , тогаш може да напуштиш со плаќање на обуката , се разбира секоја обука има временска рамка , што значи , не моќе да плаќаш обука од минатата година .
Здраво. Сега на 25ти декември започнав со работа, ама сакам да дадам отказ и да се вработам во друг маркет. Сакам да прашам, колку ќе трае отказниот рок, и колку време ќе треба да доработу таму за да се вработам во новиот. Инаку сум вработена во Елида...
Уф тоа зависи мислам дека од договорот. Таму би требало да пишува дали е спогодбено или како и да се вика тоа коа се договораш со газдата за отказот. Или имаш обврска од две недели или колку и да е. Мислам дека зависи од фирма во форма, не мора да е секаде исто
Побарај го договорот и види што пишува за отказ. Ако не пишува ништо, тогаш отказниот рок е 30 дена унапред. Можеш и 3 дена да не одиш и да те одјават, ама може да те тужат отпосле.
Битно прашање, има некое правило за ова со 30дена унапред? Пошо и кај мене во договорот не пишува ништо. Не планирам да дадам отказ, онака ме интересира за во иднина?
Кога работев во градинка немаше отказен рок во договорот. Ја прашав правничката што во случај ако сакам да си одам. Колку треба унапред да биде отказниот рок? Она ми рече - 30 дена затоа што не е наведено. Ако пишува отказен рок, тогаш треба да се испочитува. Во маркетот кај што работев имавме отказен рок од 30 дена. Така пишуваше во договорот. И нормално, морав цел месец унапред да дадам отказ. А за тие 3 дена ненајавено отсуство... Газдите имаат право да тужат и да бараат отштета. Причина - Ненајавен отказ.
За тоа што го пишав прашав и една комшика која е правник. Истото ми го кажа. Најчесто за отказен рок пишува 2 недели. А имам читано дека некаде има и по 2 месеца.
Вообичаено е 1 месец. Но може да трае 3 дена (ако работодавачот не обезбеди повеќе од три месеци работа, ако исплаќа најмалку три месеци намалена плата, ако има забрана за вршење на работниот процес подолго од 30 дена и не исплати плата…), 7 работни дена (ако работодавачот даде отказ за сезонски работник), 2 месеци (ако работодавачот даде отказ на повеќе од 150 работници или 5% од вкупниот број на работници) и не повеќе од 3 месеци (ако со договорот за вработување или со колективен договор е наведено).
Здраво, вработена сум во приватна здравствена установа 3 месеци, меѓутоа сакам да дадам отказ. Во договорот пишува дека сум на неопределено, и имам отказен рок 2 месеци. Воопшто не се разбирам од ова, дали некој може да ми објасни? Дали доколку дадам отказ морам да ги одам тие 2 месеци и што би било доколку не ги изодам? И дали доколку не се појавувам на работа и не одам (иако на пример би морало), би ми правеле проблем и не би ме одјавиле, па да не можам да се вработам на друго место, што имам најдено веќе работа?
Хмм ова е многу чудно, никаде до сега не сум видела отказен рок 2 месеци. Во предходната фирма кадешто работев јас, бев исто на неопределено и после година ипол си дадов отказ со 30 дена отказен рок. Си го искористив одморот пред да си одам исто така. Инаку ако не се појавиш 3 дена на работа работодавецот има право да ти даде отказ и потоа да каже дека ти дал отказ пример на следната фирма. Јас би ти препорачала да си направиш спогодбен отказ и да не биде дека они ти дале отказ за да не ти прави понатака проблеми истото.