Ова е законски само ако 50.000 евра се плаќаат ако се вработиш во конкуренција, во рок од две години од отказот.
Здраво, дали некој знае кога е потпишува Спогодба за престанок на работен однос? Со мојот газда се договорив отказниот рок да ми биде 15 дена наместо 30 како што е во договорот, меѓутоа мене ми е страв да не се премисли и го продолжи отказниот рок.
По правило треба писмено да ги известиш со кој датум најавуваш отказ. Па они ти даваат отказен рок да потпишеш, а спогодбата е на денот на завршување т.е. дента кога напушташ работа. Ако не ти дадат примерок сликај си зошто фирмите имаат право да одјават до 7 дена уназад па така ако продолжуваш од едно место на друго би имала прекин во стаж.
Прво ова е легитимна одредба, второ е врзана за непочитување на конкуретската клаузула. Конкретно ова ти е договорен износ за надомест на штета за кој со својот потпис си се согласил, како што пишав оваа одредба за надомест на штета ќе се активира доколку се прекрши конкуретската клаузула, единствено што те спасува ако работодавачот пропуштил да ја состави конкурентската клаузула според законот, и по сила на самиот закон таа да биде невалидна а со тоа и оваа одредба за надомест на штета, ако те интересира нешто повеќе пиши ми во порака.
Идиоти, работата им била за да немаат проблеми, ако решат да те отпуштат сами да си дополнат датум. Ма не им потпишувајте вакви договори, вакви ѓубре фирми не ви се потребни. Има работа, ќе се најде нова. Ако ставаат такви безобразни ставки во договор не ми се верува да се многу асални ни после тоа. Кога ќе нема кој да вработат сите глупости ќе мора да ги исправат.
Тоа е проблемот сега остана неписмениот кадар да не можеш да се разбереш, кпга ќе му текне иде на работа кога не не доаѓа и нема да го избркаат зошто нема кој да работи.
A ti si go potpisala otkazot uste so prviot cekor vo firmata Ama od druga strana pa datum moze i toj da dodade ti si legalno i taka i ovaka OUT
Да да буквално. Ама сепак фер беа и кога си отидов им кажав јас од утре не доаѓам и беше само добро и со тој датум ме одјавија ама во секој случај можеле одма кик
Се убаво отказот прифатен, до крај на месец, ама некако се во план и тие две недели да ми ги направат пеколни.....
Неправда има во секоја фирма. И да си најдобриот и да работиш како за 3ца ќе те потапкаат за рамо и пак ќе гледаат да те наместат,оговараат,омалажуваат итн. Затоа удри бригу на весеље и понатака гледај што потпишуваш читај договори.
Дали доколку имам отворено боледување, но ми истекува договорот за време на боледување, работодавецот може да не ми го продолжи договорот?
Здраво ми треба совет девојки, Ја работев 3 летни сезони во хрватска и планирам и годинава но сега ми се отвори добра шанса за работа тука со добри примања и неќам да ја пропуштам шансата и треба сеа од 1ви да почнам. Како можам да отидам и летово на сезона без да дадам отказ од оваа фирма што сеа ќе почнам? има ли некој начин?
Здраво Вака имам работа на определено време , ми истекува договорот на 31.3 ,дали сум обврзана да ги известам дека давам отказ 15 дена предходно ?