Значи не морам 15 дена предвреме да ги информирам дека напуштам работа ,можам и на денот кога ми завршува договорот ,законски не можат да ме гонат?
Здраво на сите! Работам во фирма скоро 12 години, со решение на неопределено. Од мај почнувам на друга работа и сакав овој месец да го искористам годишниот одмор од 2024 меѓутоа правничката ми рече дека од јуни натаму се користел одмор од тековна година. Се консултирав со адвокат кој ми рече дека ме следува одморот а во најлош случај ме следуваат оние два слободни дена што имаме право да ги користиме секој месец, пример за овие 4 месеци можам да земам 8 дена слободни пред да заминам. Ако може искуство или совет, ви благодарам.
Ne mozat da te gonat zakonski,isto kako sto i tie na denot koga ti zavrsuva dogovorot te informiraat deka od utre ne si na rabota..
Твое е барање да си поднесеш. Они ќе смеат 2 пати да те одбијат додека 3от пат мора да ти го дадат и не смеат да ти го одложат. Друга работа доколку не успееш да ги искористиш деновите од новиот одмор тогаш ќе си бараш потврда од правничката да ти испечати со потпис и печат дека немаш нкеден ден искористено за да можеш да приложиш во новата фирма за таму да ти дадат.
Одморот за оваа година од 01.01.2024 година може да го користиш. Инаку правото на пропорционален дел од годишен одмор не важи за тебе, туку само за тие што почнуваат со работа во друштвото и тоа за првите шест месеци кога се немаат стекнато со право на целиот годишен одмор. Со оглед дека ќе си одиш од мај, можат да не ти дозволат да го користиш одморот за да може евентуално да обучиш некој друг или поради потребите на работниот процес, со тоа што ќе ти издадат потврда за преостанати денови од годишниот одмор кои ако ти дозволи новиот работодавач, можеш да го користиш кај него.
Вака дадов отказ каде што во фирм Да се надоврзам дадов отказ ,и си заминав во странство ,ми се јавија комшиите во мк дека ми стигнало писмо од на работа дома ,што може да биде ?
Отказното решение можеби. Мене од една фирма ми стигна дома отказно зошто ме пријавија а не им се појавив ради икс причини.
Се носи решение и при давање на отказ од страна на работникот, се констатира дека престанува работниот однос поради твојот отказ, ништо страшно.
Спогодба се потпишува, решение не. Решението го носи управител , решението мора на крај да содржи правна поука со право на приговор од 8 дена
Спогодба да доколку имало. Ама тоа го даваат одма не го праќаат обично по пошта. А ако не потпишеш ништо тогаш ти стига отказ на домашна адреса исто како да не си се појавил 3 дена на работа. Прво се потпишува отказен рок па спогодбено доколку било, доколку не е си стига по пошта.
имав договор за работа кој ми важеше до први, и не ме викна никој да ме праша дали сакам да продолжам договор ни ништо, денеска гледам ми пишале сошто ме нема на работа, има ли некој вакво или слично искуство ја иначе си најдов нова работа која ке ја почнам во понеделник