Имам едно прашање. Си дадов отказ од работа и отказен рок ми е 30 дена. Имам нов годишен одмор од годинава кој ми е неискористен , колку денови можам да користам од истиот? Дали можам да ги земам деновите од одмор до крај на отказниот рок?
Da,mozes da gi zemes ,deset dena sigurno mozes da iskoristis,ama stom si davas otkaz mislan deka rabotodavecot treba da ti ovozmozi da gi iskoristis site 20 dena od odmorot
Зависи какви ти се газдите реално. Подобро нека ти дадат потврда за неискористен одмор, па ќе си го користиш во следна фирма (секако, ако таму се погодат разбрани луѓе). Едит. имаш право и да излегуваш за време на отказниот рок (ако бараш нова работа, имаш интервју).
Одморот ми почнува од 5ти АВГУСТ . После одмор сакам да си заминам. Нема смисла поќе овоа. Дали да им дадам отказ уште од 19 ЈУЛИ за да испадне точно пред еден месец дека е кажано. Или после одмор да им најавам отказ и колку отприлика после одмор да го најавам? Во отказниот рок, дали смеам да земам слободен ден или не дај Боже боледување, ако ми притреба? Дали фирмата смее да ми даде отказ пред отказниот рок и пред колку време треба да бидам известена за тоа? Дали можеме спогодбено после одмор да им дадам отказ?
@GirlLove чим ти е земен одморот (ризик е ако не ти е, па може да те зафркаваат), можеш да им најавиш порано т.е пред одморот. Провери си во договорот, обично отказниот е 30 дена, но и не мора да значи. Може и да ти е пократок од 30 дена, ако сакаш порано да заминеш и ти излезат пресрет (што било така во мој случај); боледување не би ти препорачала да земеш во отказен рок ако претходно си земала (зашто и така ќе ти се поклопи со одморот) и реално, немаш потреба. Слободни денови и така си имаш, не менува ништо отказниот рок за тебе - менува за работодавачот дури најде замена за твоето место. Спогодбено ќе си одиш, зошто да ја правиш голема. И после одмор можеш да си дадеш отказ, никој не те ограничува кога (твое право е кога сакаш да дадеш отказ). Не мора да ја шириш, ако те прашаат зошто - од лични причини и толку.
Здраво, Јас сакам да дадам отказ и кажав на колешката дека сакам да си заминам од фирмата и таа ми рече као демек како баш сега во одморите испаѓа ептен нечовечки од твоја страна. А сакам да си заминам од лични причини, прво затоа што не сум психички добра како што бев порано, друго заради тоа што поради работата (која ја работам бидејќи немам друг излез) имам испуштено многу прилики да прошетам до дечко ми на места каде не сум била претходно, бидејќи не даваат слободни денови а за боледување да не зборувам... Како и на кој начин да се обратам на шефот да му соопштам дека давам отказ, без дополнително да давам образложение зошро давам отказ, знам дека ќе ми набие кривица и грижа на совест затоа што давам отказ за време на одмори. Се надевам дека ме разбравте што сакам да кажам хаха. Ви благодарам.
A koleskata na tvoe mesto bi cekala do oktomvri za da dade otkaz ?Za da ispadne covek...Ili i e strav da ne ne pojde na odmor ako si zamines? Nema za sho da imas griza na sovest,osven ako gazdite ne ti se bliski luge i se osejkas dolzna sprema niv!Tie imaat li griza na sovest sto ne ti priznavaat bolovanje,ne ti davaat den koga tebe ti treba,sto rabotis za dvajca,a te plajkaat za polovina? Jas na tvoe mesto ne bi razmisluval,ke si go ispocituvam otkazniot rok i doviduvanje
И ако ти набие кривица ќе работиш додека сите да отидат на одмор? "Мои лични причини" е сосема доволен одговор на прашањето зошто сакаш да дадеш отказ, и тука завршува муабетот. И да те напиња со прашања, ќе кажеш не можам повеќе да објаснувам, тоа се мои лични причини кои не сакам да ги дискутирам. Ќе си одработиш отказен рок според договор и крај. Ако имаш среќа, може ќе се налутат и ќе ти речат уште утре може да си одиш. Тие луѓе кои се грижат за колегите и газдите, убаво им е на работа и не даваат отказ. Ако не сакаш да работиш таму, нема зошто да се замараш кој кога ќе оди на одмор, не е тоа твој проблем дури и да си вработена сеуште, а не пак откако ќе заминеш.
Дали некој е запознаен со т.н обврзувачки договор. Работам во здравство (ПЗУ) и директорот ни кажа дека спрема некакви си обврзувачки договори (бидејќи често менува персонал и си одат вработени). Прашањето ми е како е формулиран тој договор , на колкав временски ранг може да те обврзе (1,3,5 години итн..) и што би биле последиците ако дадеш отказ а го имаш потпишано тој договор.
Во договорот ќе ти пишува. Јас сум имала договор каде условот е да имам отказен рок од 3 месеца, во спротивно да вратам пари за обука од изминати 5 години (конгреси, курсеви, полагања, бидејќи се тоа плаќаше ординацијата). Знам за позиции каде не смееш да одиш на иста позиција во конкурентска фирма, иначе плаќаш некоја казна. Не може да те спречи да дадеш отказ, само треба некои услови да се запазат.
За отказ па најмалку се зборува со колешки. Си кажуваш каде треба, а не после ќе шират само дезинформации и ќе те ставаат во неповолна ситуација. Помалку зборување со колешки, повеќе со одговорни.
Претпоставувам дека веќе си го дала отказот но сакам да те охрабрам затоа што и јас бев во слична ситуација. Јас споделив со колегите затоа што со нив односот ми беше Ок, ама директорот секако се обиде да ми набие кривица, и со тоа само ми ја потврди одлуката да си одам.
Не знам дали е за тука, добро како некој работодавач смее да те пријави само со слика од лична карта и сметка без притоа да потпишеш договор!?!?!?!?!
Кај мене беше така. Каснеа со договорот потпишување ама бев пријавена. И ми стигна плата. Само хартијата не ја бев потпишала. Испадна се океј. Не знам колку е правилно
Да прашам нешто. Дали е во ред да се даде отказ одма после одмор? Денот после одморот? Имам другар што психички, не е во ред, добива напади и не сака од дома да излези ( мојот совет му го дадов да напушти). Не знам искрено, колку ќе е способен после одмор да се врати. А и месец дена дали ќе издржи. Многу го почитувам и сакам да му помогнам. Или да оди спогодбено и дали ќе му дозволат спогодбено..... да им каже, дека поради здравствени причини сака да даде отказ? Па спогодбено да се договорат. Или ќе му треба нешто документ дека не можи? И дали смее боледување во отказен рок?
Да Ако стварно неможе нека си даде спогодбено, ама зависи и они дали ќе му одобрат. Нека напише на лист хартија со потпис со се причина зошто си заминува, и нека чека одговор од нив. Само што ако има останати денови одмор ќе неможе да ги користи тие две недели (обично толку е спогодбено). Кога ќе му дадат сé што треба да потпише за отказ ќе му дадат и лист со денови колку му остануваат од одмор.
Денес добивме т.н обврзувачки договор на работа со кој се обврзуваме дека во следните 12 месеци ќе имаме обука за работното место (иако веќе сме вработени) и во наредните 5 години после тие 12 месеци нема да смееме да напуштиме од работното место во спротивно треба да се плаќаат 12 , 24 просечни плати според повеќе членови од некој закон (не успеав да прочитам кој). Логично договорот го одбивме пропратено со ароганција од директорите и ќе продолжиме да работиме така без договор се додека тие не нашле некој вработен што ќе го потпише тоа (чисто се сомневам бидејќи фирмата е пред колапс , ги менуваат вработените како чорапи) а потоа ќе не отпуштел. Прашањето ми е од кој закон и каде стојат овие членови со кои се дава право да се прават вакви договори на цели 5+1 вкупно 6 години обврзувачки договори бидејќи не успеав да го прочитам баш целосно или да го понесам со себе/сликам па сега гуглам но не можам да го најдам законот. Има ли некој правник/адвокат да елаборира?
Не постои таков закон. Можеби сакале да ве врзат со ЗОО т.е. договор за вработување согласно ЗРО, но одделни одредби од истиот договор да се согласно ЗОО т.н. мешовит договор, сега тоа е во тренд, затоа што со ЗРО не можат да ве врзат но, ,,прикриено" во истиот договор да вметнат одредби за одреден облигационен однос. Значи договорот за вработување си е валиден за сè што се однесува за работниот однос, а во истиот договор вклучени се и одредби за одреден облигационен однос или авторско право, и ве врзуваат со ЗОО и/или други закони, или народната како вели: ,,Со еден куршум два зајака." Затоа внимавајте што потпишувате затоа што мешовитите договори се зезната работа, комплицирани се и до сега и работодавачите ги избегнуваа но изгледа им текнало дека само со таков договор можат да врзат вработениот со повеќе основи, во конкретниот случај законски не може да ти забрани да дадеш отказ но ако дадеш ќе платиш надомест на штета според облигационото право без разлика што тоа (облигациониот однос) е содржано во договор за вработување... Затоа секогаш пред да потпишете договор нека прво ви го протолкува правник, адвокат, нотар, било кој што знае да толкува правно договори.