Моментално е на одмор, и му остануваат уште 10 дена, викаш нема да му ги дадат? Му кажав дека не е убаво да закачи боледување во отказен рок, ма да, стварно му треба уште одмор. Психички. Спогодбено вели сака да си оди. Ама не знае дал ќе издржи цел месец....
Дали работникот има право на отказ за време на одмор? T. E да го најави отказот за време на годишен одмор, дур му трае годишниот одмор.
ќе може ли некој да објасни повеќе за отказ од деловни причини? прочитав дека треба 1 месец да го најави работадавачот.Пишував во темата проблеми на работа дека газдата на муабет кажа дека веќе не сака да работам поради негови лични причини, јас следно бев на боледување до денеска и му се јавив дека сакам годишниот одмор да ми биде во отказен рок и отказот оти е на негово барање да биде од деловни причини по што се сложи. што треба да биде мој чекор следен дали ќе треба да ме викнат да потпишувам ? дали треба да одам бирото? морам да се пазам оти заебани играчи се.
И јас истото се прашувам, после месец инешто работење не пријави и после недела дена ни кажа дека работиме до 01.09.ако сакаме. Сега ни нудеше половичен дог. со стар износ од минималец шо не подпишавме нормално. Сега се ќути.. Како прекин кога ни договор немаме ни ништо. Само пријавени у аврм одвај. Да ли да се пријави у трудова?? Има плус мн непрсвилности за кои треба да одговара газдата. Имате ли искуства се решаваат ли вакви ситуации
Здраво, имав договор на неопределено и поради х причини не се појавив на работа, поминаа две недели они уште ме држат пријавена, дали некој е запознаен со ваков случај
Не знам, све се ќути, одложува, се избинува.. Ништо според закон не исполнија. Никаков договор немаме, јас не знам како уопште не пријавија?? И сега ај до први и чао... Како ќе прекинат работен однос кога немаме ни дог. С требс за прекин договор па решение за прекин... Стварно не знам што мислат.
Технолошки вишок. Се прави нова систематизација и се укинува работното место. Се носи пријава во архива на АВ и течат 30 дена. ПОсле имаш право на надоместок од АВ. Тоа се стари финти кои се правеа во РАДЕ КОНЧАР, ЖЕЛЕЗАРА, МЗТ кога сакаа да се ослободат од работници а да не им се даде отказ зошто мора да наведе од која причина се дава отказ....
Може.Ама 30 дена мора да поминат, ако не мислиш да се појавуваш по одморот 3 дена последователно. Тогаш мора да те одјави ама губиш здравствено.
Во Државен инспекторат за труд -Скопје, се наоѓа во Општина Центар, ќе напишеш преставка во архива и ќе процесуираат. Можеш и он лајн ама толку го усложниле, треба а наведуваш по кои членови ги пријавуваш, можеш и така ама треба да читаш доста. Ама прво провери ако имаш електронски дали си пријавена и тн, зошто е кршење на ЗРО од нивна страна. Ако пријавуваш со име и презиме, добиваш од ДИТ одговор писмен на адреса
дали ќе треба да потпишам јас некоја изјава дека се сложувам со одлуката, податоци за мене они ќе достават така?
Па по правило треба да ти дадат одлука за раскинување на договор од деловни причини каде е наведено се,не знам колку време си во фирмата следи и отпремнина.Документите фирмата ги доставува до АВ. И ако не ја потпишеш одлуката 8 дена на огласна табла се става на претпријатие. Морале да те информираат. Како и да е мораш да имаш документи. Има тука прилично кршење на ЗРО и работа за ДИТ.Не е едноставно ова со овој тип на отказ.
3 години сум во фирмава и е мала фамилијарна со околу 15-16 вработени, нема огласни табли и такви работи
А дали стварно, се плаќале пенали, пари ако не испочитуваш отказен рок? И дали можи боледување во отказен рок?
Зашто е кршење на ЗРО од нивна страна , она / он не иде на работа , они ја држат пријавена . Каде е прекршокот тука ?
Ако не се појавиш на работа 3 последователни дена треба да те одјават, тоа е прекршокот. Може веќе работиш на друго место а не можат да те пријават