Мора да ти даде одмор. Со боледување не правиш ништо, само се одолжува агонијата. Ако не пријави и готово. што има врска на колку месеци е потпишан договорот.
Не знам дали ги читаше претходните мои објави, нема давале не давале. Фирмите се прават мангупи зошто работниците не си ги познаваат своите права, има Закон, членови по кои може и да се пријват во ДИТ. Има правник во женски домаќински муабети, најдете ја бесплатно помага во вакви ситуации ама можете и сами не е научна фантастика
Да ги пријавив прекршени ми се правата од законите за работни односи и безбедност и здравје при работа
Ne sakaa da mi go dadat odmorot sakaa da me odjavat denovi unazad na sto ne se soglasiv i kade povtorno mi rekoa ako ne mi odgovara taka da cekam 30 dena a odmor ne sum imala pravo iako ne sum bila so prekin vo staz bidejki sum bila nova vo firmata
Здраво не можев да најдам таква тема па оваа некако ми е најблиска. Сакам да дадам отказ од сегашната работа. Меѓутоа ме советуваа некоја друга фирма да ме пријави на два три дена и потоа да ме одјави за да земам материјално. Прашањето ми е дали знаете колку е висината на материјалното и колку време ќе го земам?
Министерството за труд и социјална политика информира дека граѓаните со прекин на работен однос, имаат право на паричен надоместок во висина од 50% од просечната месечна нето плата на работникот за последните 24 месеци. Право на паричен надоместок има невработено лице што било во работен однос најмалку 9 месеци непрекинато, или 12 месеци со прекин во последните 18 месеци, пред престанокот на работниот однос. Меѓутоа не ти следи ако дадеш отказ сама.
Да не ми следи од сегашната фирма ама да ме пријават во друга фирма и потоа да ме одјават тоес да ме избркаат? И колку време се добива?
И јас вака бев договорена за да зимам надоместок од фирмата ама во бирото им кажале дека требало да се биде на определено а не неопределено додека пак адвокатот ми рече дека нема врска тоа изгледа дека законот секој си го тумачи како сака.
Дали работодавачот во договорот за вработување може да вметне член кој опфаќа парична казна доколку не се почитува отказниот рок? Дали е ова легално? Имал ли некој вакво искуство или можеби познава некој кој бил казнет вака?