Отказ и сè околу тоа

Дискусија во 'На работното место' започната од CinnamonBambi, 15 јули 2016.

  1. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.453
    Допаѓања:
    37.628
    Пол:
    Женски
    И тогаш може да го тужат. Баш заради тоа што неоправдано дал отказ.
     
  2. Dominodancing

    Dominodancing Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2024
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    1.456
    Пол:
    Машки
    Епа тогаш каков начин му преостанува на човекот за да ја напушти сегашната работа без да трпи некакви последици?
     
    На SkBoy20 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.222
    Допаѓања:
    9.042
    Пол:
    Машки
    Ако не успее да се договори, треба да си чека отказен рок, или да чека крај на договор ако завршува побрзо.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Dominodancing

    Dominodancing Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2024
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    1.456
    Пол:
    Машки
    Јас мислев работата е поедноставна, давам отказ и крај, никакво тужење никакви бакрачи
     
  5. nice-girl

    nice-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2010
    Пораки:
    915
    Допаѓања:
    678
    На крај ако нема разбирање тогаш консултација со адвокат или трудов инспектор
     
  6. dejanadejana777

    dejanadejana777 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2022
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    326
    Пол:
    Женски
    Не може туку така работник да си оди кога ќе му п*дне :D
    Минимален отказен рок рок е 30 дена, освен ако со договорот не пропишано да биде подолг, максимум е 3 месеци ако не се лажам.
    Исто, писмено мора да се извести работодавецот за намерата за раскинување на договорот за вработување.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Mazegin

    Mazegin Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    403
    Допаѓања:
    1.361
    Јас дадов отказ пред рок. Поради неправилности на работа. Имав казна на плата 15%. Никакви тужби немаше.
     
  8. DragonFly22

    DragonFly22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2024
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    2.896
    Пол:
    Женски
    Јас си имам исто така заминато пред рок, ниту казни ништо не платив.
     
    На Dominodancing му/ѝ се допаѓа ова.
  9. dejanadejana777

    dejanadejana777 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2022
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    326
    Пол:
    Женски
    Претпоставувам дека многу од фирмите не сакаат да ја прават ‘големата’ околу тоа или пак не знаат. Но во секој случај пак зависи од односот. Ако решат да ти се ‘закачат’, можат.
     
    На Cosmic Girl, Ajronmen и SummerGirl им се допаѓа ова.
  10. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.446
    Допаѓања:
    8.746
    Пол:
    Женски
    Не треба ништо да ти кажуваат, треба да си прочиташ што ти пишува во договорот за вработување и во законот за работни односи, и така да се однесуваш. Како си испланирала да прејдеш на ново работно место, ако немаш поим каков ти е отказниот рок, или не ти е договорен со моменталниот работодавец? Во договорот не знам што ти пишува, ама еве кратко од законот:
    Врачување на отказ во писмена форма
    - Доколку имате намера да дадете отказ, прв чекор кој треба да го направите е навремено да го известите Вашиот работодавач. За таа цел, потребно е да дадете писмена изјава во која на директен начин ќе го известите работодавачот дека сакате да го раскинете договорот за вработување. Притоа, немате обврска да ги објаснувате причините за Вашето заминување, освен ако сметате дека нивното наведување би било соодветно во конкретниот случај. Така изготвениот отказ потребно е да му го врачите на работодавачот, односно на непосредно претпоставениот работник или друго лице одговорно кај работодавачот.
    Откажување на договорот за вработување со отказен рок
    - Доколку го откажувате договорот за вработување, минималниот отказен рок трае еден месец. Сепак, не е исклучена можноста во договорот за вработување или во колективен договор да биде договорен и отказен рок кој трае подолго од еден месец. Според тоа, препорачливо е однапред да бидете во целост запознати со содржината на договорот за вработување кој сте го склучиле. Особено важно е да знаете дека отказниот рок не може да трае подолго од три месеци. Отказниот рок ќе започне да тече, наредниот ден, по денот откако сте му го врачиле отказот на договорот за вработување на работодавачот.
    Права и обврски за време на отказен рок
    - За целото времетраење на отказниот рок, имате обврска и понатаму да доаѓате на работното место и да ги извршувате Вашите работни задачи и обврски, исто како и претходно.
    Меѓутоа, истовремено имате и право да отсуствувате од работа и тоа четири часа во текот на работната недела, заради барање на Вашето ново вработување. Ова значи дека работодавачот има обврска и е должен да Ви обезбеди отсуство од работа. За времетраењето на отсуството од работа имате право да Ви биде исплатен надоместок на плата, во согласност со колективен договор.
    Договорот за вработување може да го откажеш без отказен рок во случаи кога не се исполнуваат обврските, на пример неисплаќање плата.
     
  11. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.446
    Допаѓања:
    8.746
    Пол:
    Женски
    Не може да го тужат, казната за непочитување на правилата на работното место е автоматскиот отказ. Евентуално парична казна. Мислам дека 2023 имаше некои измени на законот кои не знам дали стапиле на сила (од 30 на 15 дена минимален отказен рок и од 3 на 2 месеци максимален). Најпаметно е да се договорите човечки и овие пракси да не се користат освен ако ептен се мора.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.446
    Допаѓања:
    8.746
    Пол:
    Женски
    Можеш да напуштиш, во рамките на твојот договор за вработување и во рамките на законот. Освен ако нема неправилности во смисла неисплаќање плата, тогаш се праќа писмено предупредување дека ќе си одиш, и ако нема ефект, тогаш навистина си одиш. Значи нема последици.
     
  13. anii252

    anii252 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2021
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво, вработена сум во приватна здравствена установа. Во договорот пишува дека сум на неопределено, и имам отказен рок од 3месеци. Јас како здравствен работник, имам поднесено барање за отказ со рок од 30дена, управителот од мене бара отказниот рок да биде 3 месеца а не 1 месец како што се повикувам јас.
    Нивното барање е спротивно на одредбите од Колективниот договор за здравствена дејност.
    Во чл.104 од Колективниот договор,стои “Ако работникот го откажува договорот за вработување, отказниот рок изнесува 30 дена”.

    Кои би биле последиците за мене доколку престанам да одам на работа откако ке помине 1 месец од мојот отказен рок?
    И дали доколку не се појавувам на работа и не одам (иако на пример би морало), би ми правеле проблем и не би ме одјавиле, па да не можам да се вработам на друго место?
     
  14. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    19.698
    Пол:
    Женски
    Ќе те одјават секако туку може во досието да ти дадат лоша препорака.
     
    На SummerGirl и anii252 им се допаѓа ова.
  15. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.446
    Допаѓања:
    8.746
    Пол:
    Женски
    Треба да прашаш адвокат што преовладува во случајов, колективниот договор или договорот за вработување кој сепак си го потпишала, значи си дала изричита согласност. И зошто воопшто постои дискрепанца. Законот вели од 30 дена до 3 месеци, а како се стигнало до разлика меѓу договорот и колективниот, да не се менувал колективниот низ годините? Советувај се со правна служба ако можеш
    Пс. Прочитај си и член 90, вели најмалку 30 дена.
     
    Последна измена: 1 март 2025
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  16. SkBoy20

    SkBoy20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2022
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    76
    Пол:
    Машки
    Здраво. Ме интересира ако си потпишал договор на 3 месеци на определено, а после тие 3 месеци работа не потпишеш нов договор, како може да си сеуште пријавен и да ти е продолжен договорот?
     
  17. DragonFly22

    DragonFly22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2024
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    2.896
    Пол:
    Женски
    Не ти е продолжен само не си одјавен. Ќе си кажеш кај раководно лице или во правна служба да ти искуцаат нов.
     
  18. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.446
    Допаѓања:
    8.746
    Пол:
    Женски
    Ќе се информираш затоа што не верувам дека те држат пријавен, ако си пријавен ти теже стаж и плата, не верувам дека некоја фирма го прави тоа ако планира да не ти го продолжува договорот. Штом продолжиле со пријавувањето, веројатно планираат да ти дадат нов договор, ама заборавиле, не се заинтересирале или нешто трето. Секако прашувај одма, не знам што чекаш, тука да ти фрлиме карти, договор се продолжува што е можно порано, штом си видел дека се ближи времето на истек, си требал одма најодма да реагираш и да се информираш.
     
    На SkBoy20 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. SkBoy20

    SkBoy20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2022
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    76
    Пол:
    Машки
    Пиши ми лп доколку не е проблем.
     
  20. Tam4yy

    Tam4yy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 септември 2010
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    129
    Многу фирми прават така.