Во случај да сакаш да се пријавиш во бирото за вработување и да земаш надоместок , нема да можеш, бидејки сама си дала отказ. Исто така отказот даден од работникот е сигурност на фирмата дека нема да ги тужиш, у смисла ако не поминале 30дена од отказен рок и сл.
Само ако сакаш поинаков отказен рок од тој во договорот, обично е пократок за да можеш порано да си заминеш во друга фирма. Ако они ти даваат отказ, никаква корист немаш. Подобро да си земеш отказ во кој пишува зошто ти е отказот, освен ако не е заради некоја дисциплинска казна.
Дали некој знае дали има некаков член по закон, ако 15 дена по почнување на раб, може да дадам отказ? Сакам во старата фирма да се вратам, тука почнав од 01.06.
Ако сака фирмата да ти искочи во пресрет, може, ако не, мислам дека ќе мора да го испочитуваш отказниот рок. Така бар мислам!
Прво барај спогодбено. Ако не сакаат, Тогаш во писмена форма извести ги дека сакаш да го откажеш работниот однос. До човечки ресурси. Со твој потпис. Јас вака направив. Баш го читав законот за работни односи, и може работникот да го откаже договорот ако писмено изјави дека сака да го откаже договорот за вработување. Чл.71
Не знам. Може да им најави заклучно до кој ден ќе биде на работа. Пишува дека може да го откаже без отказен рок.
Дали може да искористам слободен ден заради потенцијална нова работа, моментално сум на отказен рок од 30 дена. Во фирмава работам 4 месеци.
Ве молам ако некој знае да ме упати. Си дадов отказ поради здравствени причини (иако тоа го кажав усмено само не го наведов во мејлот каде што поднесов отказ). Откачениот рок во договорот е 30 дена и пишува дека доколку не се испочитува би можело да има материјални и дисциплински санкции. Јас не можам да го испочитувам и предлагам 2 недели отказен рок но бе можеме да се согласиме околу тоа. Прашањето ми е, какви би биле тие санкции доколку јас не го испочитувам откачениот рок?
Зависи каква штета ќе има фирмата што ќе нема работник на твоето место тие преостанати 2 недели. Претпоставувам не можат да најдат замена толку брзо. Реално можеш да одговараш за загуба на профит. Пример јас сум стоматолог, пломбирам 10 заба во 1 работен ден, за 2 недели на фирмата и правам загуба од 10 дена по 10 пломби по Х денари зошто ако не сум јас нема кој да ги сработи. Ретко кој се замара со вакви работи, ама законски може. Моја препорака извади си боледување кога веќе имаш легитимни здравствени причини.
Ми треба совет, мм доби добра прилика за работа и мора да почне многу бргу. Јас одам втора смена и он го чува детето, немам деуга опција за чување па морам јас да напуштам. Да дадам отказ со еден месец рок немам време, да дадам со помалку газдите се толку клети што ќе ми го згорчат животот тие две недели додека сум таму или колку и да се. Мм ми вели да не давам отказ со рок туку едноставно да кажам дека поради приватни причини не можам веќе да одам на работа. Знам дека ќе има санкции, сигруно нема да ме платат, ама тоа ми е во ред, друго што може да направат? Секако ќе се селам во странство, од аспект на морални причини и од аспект на барање друга работа не ми е битно дали ќе имам проблем.
Нели можеш да отвориш боледување за време на отказен рок? Пиши го отказот со регуларно време отказен рок, како што ти стои во договорот, отиди на работа неколку дена колку можеш и кога ќе треба маж ти да почне, а ти да си дома со детето - отвори боледување до крај на отказниот рок. Во тој случај треба да си скроз заштитена и не ти можат законски ништо.
Прашај колку ти е отказио рок,некаде е месец некаде 15 дена ,а може и спогодбено за да те одјават веднаш.Законски 3 дена не појавување и да не ги известиш треба да ти дадат отказ.Те читав дека си неколку месеци таму и дека за одмор прашуваше,да си го искористиш и него пред да си одиш,2 дена од месец е.Ако не прифаќаат ништо ти кажаа даваш отказ и земаш боледување до крај на отказниот рок.Како играт они играј и ти подмукло.
Проблемот е што јас немам видено договор, не ни дадоа да потпишеме, само не пријавија, ниту знам што пишува во договорот ниту сум потпишала. Знам дека е грешка ама бев очајна за работа тогаш. Одморот нема шанси да ми го дадат, не знам како да објаснам газдите се чкљ ептен. А да земам прво боледување па да дадам отказ за време на боледување, дали тоа е можно? А и како ќе земам боледување без валидна причина?
Прво ќе дадеш отказ,ќе тражеш да си ги искористиш деновите од одмор и после некој ден земи боледување од матичната мислам дека она може да даде до 10дена,а причина за боледување ќе најдеш , ај лп .
Ако си сигурна дека нема договор, не ти можат ништо. Ако не си потпишала дека имаш отказен рок од Х денови, можеш слободно од утре да не одиш. Има начини како да ти скратат од исплата, ама ако тоа не ти е важно, слободно не оди. Боледување ти е најчиста работа зошто на отворено боледување не можат да те одјават порано, секако нема да одиш на работа а барем 70 посто ќе си земеш за наредните недели. За дијагноза, оди збори со матичен дали ќе ти заврши работа. Ако мислиш дека нема да сака да ти даде, можеш да кажеш дека имаш некаков симптом (дијареа, мигрена, нешто што не би се видело на крвна слика), барем една недела ќе можеш да извадиш.