Немам потпишано договор, ниту прочитано, во тоа сум 100% сигурна, веројатно може имаат имитирано потпис, не знам. Пријавена сум со сигурност, ама дог не видов. Ќе видам како ќе се понашаат кога ќе дадам отказ, ако се понашаат лошо не се појавувам веќе на работа и крај.
Доцна гледам, ама не мора да користиш слободен ден и така да ти пропадне. Посекако во отказниот рок ти следува да излезеш порано за новата (потенцијална) работа и не мора нешто посебно да се правдаш. Си знаат они дека имаш право на тоа. @1209 јас сум за да си разговараш отворено и ќе ти излезат пресрет (ако се луѓе, ако не се единствено може да не ти платат). Не мислам дека е добро да вадиш лажно боледување, биди искрена. Следен пат барај си црно на бело.
Здраво,имам проблем со фирмата која што работев 3+години. После породилното појдов на работа потпишав анекс на 3 месеци но во меѓувреме после месец дена си дадов отказ бидејќи немаше више кој да ми го чува детето е сега од фирмата ми прават пеитисок дека отказен рок бил 30 дена и несакаат да ми искочат во сусрет ми се закануваат.Што би можела да превземам понатака зошто ств неможам да се вратам..
Што е битно за каква работа станува збор? Тука кој колку сака ќе си каже. Сето отповеќе е само усмерување кон детали и потенцијално откривање на идентитетот.
Во договорот си имаш отказен рок и какви пенали има ако не се запази. Пример јас имав клаузула дека треба да вратам пари што ми плаќале курсеви, симпозиуми, обуки, плус фиксна сума пари. Зошто од денес за утре ако напуштам, многу загуба се прави секој ден додека не се најде замена. Или запази си го рокот, или ако сакаш да ризикуваш да вадиш боледување. Ама ако веќе со лошо сте ја тргнале работата, може инспекција да пратат за боледувањето. Јас на твое место би си ги одработила 30те дена.
Здраво девојки и жени. Ми треба совет. Пред неколку месеци се вработив во една фирма и приоритет ми беше да добијам договор за работа, после месец и пол молење да го видам договорот, добив само игнор па решив дека не треба да работам таму повеќе. Се јавив кај шефот да кажам дека нема повеќе да работам од причина што не ми даде договор, исто така се јавив и кај директорот за и на него да му кажам дека нема да работам повеќе таму без договор. Они ми рекоа во ред. Денес бев во фондот за вработување да се пријавам како невработена и дознав дека сеуште се водам како вработена. Сега се чуствувам засрамено и исплашено ради нивна неодговорност. Сакам да идам во сметководство на фирмата за да кажам да ме одјават, но ми е страв да не ме тужат или да не сакаат да ми наштетат бидејќи не сум отишла одма. Месец дена бев во Словенија па после брзо отидов за Грција. Не сакам да настрадам ради туѓа грешка. Ве молам за совет. Фала однапред.
Без договор никако не одговараш према фирмата. Секој ден што си пријавена ќе земеш плата и стаж. Само ако сакаш да се пријавиш на друго место, не можеш додека не те одјават.
Ova ne e tvoja greska tuku nivna i veruvaj deka sigurno ne e nenamerno. Baraj si da te odjavat ili javi se vo trudov inspektorat ako odbivaat da go napravat istoto