Не е точно дека мора. Може да не и го одобрат барањето. Таа сама дава отказ, ќе и го платат доколку е со истек на договор и доколку и го одбијат барањето. Искористи денови па оди си или искористи ги кај другиот работодавач
За да искористи кај друг работодавец не треба да има прекин во стаж, а и не познавам бар лично некој што ќе и' даде веднаш да користи неискористени денови како нов работодавец (макар и немала прекин на стаж). Него ќе се фатат на тоа дека пропорционално и' следат и веќе со тие потврди само луѓе лажат. Јас сум за да ти ги платат. @CameliaMiller
Jas imav neprekinat staz i vo nova firma posle 2 m koristev odmor, zasto ne bi i dale ako nema prekin?
Зашто користењето на одмор на сам почеток се договара во ваква ситуација кај нов работодавач. Замисли тргнеш прва недела на работа и му викаш ќе си го користам. На хартија е сето убаво, во реалноста не баш. А и природата на работата може да е таква да не трпи отсуство (нова си, сметаат на тебе). Ретки се тие ситуации каде нов работодавач ти дава веднаш да го искористиш преостанатиот одмор.
Новиот работодавец не е должен да ти даде одмор, дури и со потврда дека ти останал. Без разлика дали има или нема прекин во стаж. Во твојот случај ти излегле во пресрет. За 2025 мора да ти го дадат цел одмор ако имаш над 6мес во фирмата во текот на 2025. Од одморот за 2026 може да не ти дадат ич, а може и пропорционално (2 дена за секој месец). Прво поднеси барање за одмор, па после дај отказ за да не те маткаат.
Одморот се стекнува во календарската година и ако има краток прекин секако дека и следува. Секоја сериозна фирма која работи законски ќе и го даде, ама нема да им биде мило. 6месеци непрекинат стаж треба да има за првото вработување за да се стекне со право на одмор. Тоа што работодавачите работат на тој принцип не значи дека е исправно.
Па повеќе од 6 месеци имам во 2025, реков во 2026 ќе имам цела година кога сакам да го дадам отказот. Целта ми е да ми го дадат одморот во отказен рок, не да ме платат.
Разговарај со надреден и прашај дали ќе ти одобрат користење на одмор. Договори се со нив. Се е на нивна воља.
Не можат да не ти го дадат одморот што те следува од 2025, можат само да ти понудат опција да ти го платат ако нема кој да те замени.
Не би рекла. Во законот јасно стои дали мора да и го дадат или не остатокот од 2025. Со оглед и дека работам во тој сектор знам како стојат работите.
Не можам да го изведам ова вака (одмор сега нема шанси да ми дадат, како одмор), а имам нова работа која чека да се договорам со сегашниве. Не знам што правно можам да си барам и ако некој знае точно, би било одлично. Не работам на неопределено, имам договор кој е истечен и не го потпишувам новиот намерно (затоа што очекував повратен одговор од новата фирма). Сега, технички бидејќи договорот ми е истечен немам јас обврски околу отказен рок и добра волја е од моја страна да работам уште пример 1 недела, но сакам да го искористам (или да ми го платат) одморот од лани што не ми е искористен. Кога давав отказ од болница скоро 2 месеци уште не ме одјавуваа пошто премногу одмор имав неискористен, скоро цел стар и цел нов, после од факултет кога си заминав немав останат одмор, го имав искористено целиот. И сега стварно не знам што и како, а од фирмава ме чекаат да им дадам датум кога ќе почнам со работа Мојава фирма пари има, луѓе нема Утре секако ќе биде денот официјален, па ќе видам што ќе мучкаат
На истечен договор малку ти се врзани рацете. Сепак ќе биде на нивна добра волја дали ќе ти го дадат одморот. Законски ти следува, ама на истечен договор не можеш да ги притиснеш, ќе те одјават одма истиот ден и нема што да правиш освен да бараш потврда за искористен одмор. А како што реков, во следната фирма не мора да ти дадат ништо од стар неискористен одмор, едноставно не се должни. Не знам каков ти е односот со надлежните, колку сакаш да искочиш фер до крај. Јас би рекла, дај отказ со отказен рок, ако се фер да ти дадат да искористиш одмор, и ти ќе останеш да доработиш. Ако не ти даваат одмор, напушташ одма и готово. Или двете страни да бидат кјар или ниедна.
Не сум во лоши односи, туку нема да им биде драго што си одам. Денес усно ќе ја известам директорката и ќе пратам меил, секако правна служба и останати тек во вторник работат.
Ако си солиден работник, нормално да не им е драго. И мене така ми беше последното заминување од ординација. Ама взаемно бевме фер до крај, и јас кон нив и они кон мене, па затоа почитував отказен рок од 3 месеца. Се што ми следуваше до последно си искористив, ама и се направив да помогнам во транзицијата после моето заминување. Да сум мислела дека нешто ќе ми скратат, ќе дадев отказ од денес за утре. Во твојот случај не е ни отказ, едноставно ти завршил договорот, слободно можеш од утре и да не одиш на работа.