Па не знам како би објаснила зошто е срамота ... Ама е безвезе тотално... Здраво да се запознаеме јас сум фана. И другата недела ден од одмор ќе земам. Добро Имавме на работа таква колешка. Баш цел оддел беше wtf? Не дека не и дадоа, нема збор ... Тоа одвнатре треба да ти е непријатно не знам како да кажам, лично тебе карактерно (како личност и како професионалец) треба да ти е безвезе не дека некој ќе ти забрани.
Како е "безвезе" и непрофесионално да земеш одмор кој законски ти следува и си немал прилика да го искористиш пред тоа? Престанете да налагате лични гледишта кои вас не ве афектираат на другите. Тоа дека треба да си скратуваш од личното време вон работно време, и треба наднормална посветеност на работа за да си професионалист не е правилно, и не треба да се популаризира. Затоа што да, не кориситење одмор (слободно време) само затоа што почнуваш на ново место кога имаш право само за да на некој не му биде безвеза воопшто и не е фактор во равенката на работната етика. П.С. Ако некој не сака да ги искористи деновите, тоа веќе е друго и е негово решение.
Законски следува и нема зошто да сд срамиш да си бараш нешто по закон. Кај нас во фирма им дозволуваат да користат неискористен одмор.
Искрено, ич не ми беше, ниту ми е непријатно. Ако колегите се као, wtf, не е мој проблем, нивен е. Што има нив да ги засега кога јас користам одмор ако законски ми следува. Не сме ни роботи, ни робови. Ако законски е дозволено и регуларно, не му се мислам воопшто. Ниту пак ми смета новодојдени колеги да користат одмор уште втората недела од почеток во фирмата ако сакаат.
Така. Просто е безвезе. Нема врска тоа што ти следува не е тоа темата. Ти следува, никој не вели дека не ти следува и апсолутно треба да си го искористиш одморот. Сега ако дојдеш во фирма крај на мај пример, секако ќе си земеш одмор пошто нема кога нели, ама ти идиш во август летен одмор си искористил веќе, доаѓаш на работа и пишеш одмор... Глуп впечаток оставаш скроз ... Прескокни ме со приказна мене многу ми е гајле кој што ќе помисли и такви бла бла моменти
Не даваш отказен рок. Тој ден кога ти истекува договорот ќе им кажеш Од утре не доаѓам на работа. Или ако ти дадат нов договор не го потпишувај.
Odmor moze da ne si pobara toj sto saka da se upikuva i dokazuva , da ne recam mi se gadi od takvi tolku Zasto imam menadzerska pozicija kaj mene ic ne im pominuva toa tuku go gledam toa sto e obvrska i sto e sraboteno e ic ne mi treba nekoj da dreme na rabota a da ne zima odmor a i takvi imalo
Мене ме интересира на пример сега со отказот негде читав дека следува и обработен одмор за оваа година т.е. по 2 дена заработени од месец , дали тоа значи дека работникот го следуваат 8 дена одмор заработени во 2026 до април месец ( 4 месеци по 2 дена)
Малце подобро формулирај го прашањето можеш? Откако ќе дадеш отказ, отишол возот за одмор, одмор можеш да користиш во отказен рок и во договор со фирмата, дали е април мај јуни нема врска, за секој сработен месец имаш право на два дена пропорционален дел од одморот кој откако ќе наполниш шест месеци во фирмата и се стекнеш со право на цел одмор, ти се одземаат од тие вкупни денови.
За во законски отказен рок од 30 дена мислев , дали може да се искористат денови од стар одмор + тие пропорционални 2 дена по месец (пример 10 дена од стариот одмор и сега 8 дена од поминатите месеци ; вкупно 18 )
Да. Со тоа што бидејки законски фирмата може до 3 пати да те одбие за одмор ако тоа пречи на работниот процес, постои законски начин да ти речат дека не се во можност сега да ти дадат одмор. Затоа прво бараш одмор за одредени дати, потоа даваш отказ, ако мислиш дека може да ти прават сопки после отказ.
како невработено лице сега по спогодбено раскинување договор - знам дека треба прво да одам до Агенција или општина за да се пријавам во Завод како активен барател на работа , а за здравствено осигурување каде треба и што документи ми требаат ? Фала ви