Ауу, што не ќе прочитам на форумов веќе... Требало да ти е СРАМ и БЕЗВЕЗЕ, да земиш одмор што законски ти следува, односно си го одработил, ако имаш непрекинат стаж и заминеш во друга фирма. Да не знае човек дали да плачи или да се смее... Затоа има такви газди и колеги по фирмиве низ државава, со ужасна работна атмосфера и услови... Па се чудиме бегале работниците во странство. Е не ќе седат овде и ќе трпат вакви колеги и газди.
Не потпишувај спогодбено никогаш. Секогаш оставај тие нека те отпуштат. Освен се разбира ако ти сама не си даваш отказ, тогаш е ок спогодбено.
Дали е во ред да се даде отказ вториот или третиот ден после 14 дена боледување. Причина - здравствени проблеми кои нависитна ги имам.
Отказ можеш да дадеш кога сакаш, боледувањето нема врска. Ама имаш отказен рок 30 дена кој треба да го одработиш. Ако здравствените проблеми те спречуваат да работиш, пробај да се договориш до кога би работела.
Земав боледување во отказен рок.Фирмата пратила документ до матичната со сомневање дека боледувањето ми е лажно.Јас имам и преглед и лабораториски испитувања,значи не е земено туку така.Што може да се случи понатака? Шефицата ми се закани дека ќе ме тужела за зимање на лажно боледување
Ќе пратат инспекција кај докторот. Прво тој е на список за проверка. И нормално и на докторот не му одговара да му најдат замерка, така да ќе си поднесе се што има од документација. Ако увидат проблем, ќе биде казнет докторот од страна на фонд или лекарска комисија, а после тоа може од фирма да те товарат за лажното боледување. Со оглед дека секако си дала отказ, не знам што посебно ќе ти направат, нема сигурно да те тужат за 3 дена плата да вратиш.
Немај гајле. Зарем не може човек да се разболи во рок од тој еден месец. Докторот има доказ, биди си мирна. Нека испратат инспекција. Иако мислам дека нема
Поради понуда за друга работа, моментално кај што работам планирам да им кажам да ме одјават. Меѓутоа не се знае кога ќе стартувам на новото место, а треба за брзо време(може и нареднава недела да испадне, ништо не се знае). Целата ситуација ќе биде во 5 за 12... Прашањето ми е следно: На 1ви сеа ни е колективен, платата ќе биде пуштена на 31ви јули, доколку испадне да стартувам нареднава недела на новото раб место и тука ме одјават дали на 31ви ќе ми следува и биде пуштена делумно плата? Тоа што сум работела од 1јули до 20ти и некој јули да се исплати на 31? Или ништо не ми следува??
Normalno deka te sleduva plata za denovite sto si rabotela , duri i k15 ako imas neprekinat staz 6 m od januar do 01.07 e sea najubavo da si vidis po dogovor za otkazen rok da ne ti naplatat penali i da ti skratat del
Денес бев на интервју во една фирма, меѓутоа сум пријавена во друга, при што денес планирам да дадам отказ. На интервјуто ми рекоа утре да им јавам до коа ми е отказниот рок?? Не разбирам. Може некој да ми објасни што поточно треба да им кажам??
А во другата фирма си примена или не? Не разбирам. Јас не би си дала отказ додека немам на писмено дека сум официјално примена во другата фирма.
@ivanamackica Во договорот што го имаш со компанијата каде што работиш, ти пишува колку дена ти е отказниот рок. Генерално е 30 дена, доколку поинаку не е напишано, обично повеќе (тоа е во специфични дејности особено врзано со лиценци). Е сега секогаш постои можност на усно договориме, зависно колку си ти коректна и фирмата каде што си. Можете да се договорите спогодбено да заминеш со ден кој ќе се договорите, А новата фирма веднаш да те пријави. Може да ги прашаш коректно колку време би им било доволно да довршиш шо имаш, за да заминеш , па да им кажеш на другиве,новиве