1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Отказ и сè околу тоа

Дискусија во 'На работното место' започната од CinnamonBambi, 15 јули 2016.

  1. Medea.

    Medea. Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2022
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    2.357
    Пол:
    Женски
    Па немам слушнато искрено некој дека го тужеле за отказен рок што не испочитувал. Се ми исплатија мислев да не ме казнат нешто да тераат инат ама не.
     
    На dromka и Cutiepie1 им се допаѓа ова.
  2. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    6.442
    Допаѓања:
    15.770
    Пол:
    Женски
    Основата на отказен рок е да има време фирмата да си најде замена. За да може да те тужи треба да биде оштетен работниот процес. Утре ако не се појавам на работа, за 30 дена колку пари ќе изгуби фирмата? Треба да сум ептен битна и да вредам илјадници евра за да им се исплати да ме тужат. Или да ме тераат да идам на работа 30 дена, да забушавам со работа и да ме платат на крај. На 99% од фирмите не им вреди да тужат, не се во толкава загуба ако било кој напушти.
     
    На Erika.greeneyes и Cutiepie1 им се допаѓа ова.
  3. Hoping

    Hoping Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.890
    Пол:
    Женски
    Зависи и која позиција.
    Во продажба на пример сигурно нема газдата или чр да дојдат да отворат дуќан и да држат смена.
    Баш во таква фирма морав да испочитувам отказен рок, за недела-две најдоа нова и плус уште две недели беше на смена со колешката за да се обучи за да држи сама смена.
     
  4. 080idea

    080idea Нов член

    Се зачлени на:
    3 септември 2026
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Дали имате препорака за адвокат за работни односи во делот на отказ од деловни причини?Многу ќе ми значи препорака од лично искуство бидејќи ми е тешко да најдам добар адвокат. Дали имал некој искуство со Зоран Михајловски како адвокат?