1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Отказ и сè околу тоа

Дискусија во 'На работното место' започната од CinnamonBambi, 15 јули 2016.

  1. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    1.940
    Пол:
    Машки
    Да, ви следува паричен надоместок за времетраење на отказниот рок, и тоа во висина на едно нето плата.
     
  2. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.182
    Допаѓања:
    10.790
    Пол:
    Женски
    Малку касно одговарам, ама јас лично имам таков член во мојот договор. Конкретно кај мене на работа никогаш не го форсирале тоа правило, ако некој си заминал порано од тоа, не оделе да се тужат, ама уште на вработување е напоменето дека треба да се запазува отказен рок, и истото го пишува во договорот. Дали е комплетно легално тоа според законот, не знам за сигурно.
     
  3. Lawyer1

    Lawyer1 Нов член

    Се зачлени на:
    1 август 2019
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки,

    Јас сега се зачленив, мислев дека фали подетално објаснување во врска со овој пост:
    Ако сакаш да дадеш отказ тоа треба да е СЕКОГАШ по писмен пат, иако некои работодавачи ( во мали фирми најчесто) прифаќаат и усмено, треба самиот ти да се погрижиш да имаш правилна документација и кога се пријавуваш ( Да се провери целиот Договор пред потпишување) и кога се одјавуваш.
    1. Изјавата за престанок на работниот однос треба да биде отприлика вака:
    "Согласно членот 71 став 1 од Законот за работните односи (Службен весник на Република Македонија бр. 62/05), писмено изјавувам дека сакам да ми престане работниот однос на работното место ______ вo ______________________ заклучно со 00.00.2019 година ( по истекот на отказниот рок од најмалку 30 дена од поднесувањето на барањето)".
    2. Плата треба да добиеш до последниот ден на работа, и кога ќе те одјават да се бара задолжително М1/М2 Образец, во самиот документ ќе се види точниот датум на одјава.
    3. Отказниот рок е законски 30 дена, но по твое барање може да се намали - ако бараш да се намали и работодавачот ќе прифати, ќе го додадеш во Изјавата уште овој дел: "Доколку постои согласност и на страната на работодавачот на __________, согласен сум отказниот рок да се намали или сосема да се исклучи, со што работниот однос би ми престанал веднаш по донесувањето на одлуката на работодавачот со која го прифаќа моето барање"
    4. Во АВРМ може да се пријавиш веднаш после одјавата, со утрешен ден можеш, не е спорно.
    5. Ако си лице вработено со субвенции, работодавачот мора да најде содветна замена за тебе и да го запази временскиот рок за новото пријавување. Меѓутоа тое не е твој терет, ти кога си бараш отказ може 30 дена да те задржи.
    6. Доколку завршува Договорот на определено време, и не сака да и се продолжи треба само да го извести работодавачот, не треба да обработи 1 месец за да биде исплатена бидејки со завршување на Договорот нема веке обврски како вработен. Меѓутоа во овој случај треба работодавачот да ти издаде "Одлука за непродолжување на Договорот на определено време"
    7. Ако работодавачот го откажува Договорот за вработување на работникот со отказен рок, отказниот рок е еден месец, Отказот на договорот за вработување задолжително се изрекува во писмена форма, при што работодавачот е должен писмено да го образложи откажувањето на Договорот.

    Имајте убав ден Феминки :)
     
    На Animali, GirlLove, victoria и 2 други им се допаѓа ова.
  4. BORKA

    BORKA Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    1.695
    Пол:
    Женски
    Здраво. Сакав да прашам ,работодавачот ми донесе да потпишам договор на три месеци и однапред спогодба за престанок на работниот однос.Е сеа доколку сакам порано да напуштам дали треба да чекам 30 ден.колку е отказниот рок или може да ме одјават порано затоа што имам потпишано спогодба?
     
  5. Lawyer1

    Lawyer1 Нов член

    Се зачлени на:
    1 август 2019
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Здраво Борка,
    Договорот потпишан на 3 месеци, ако нема да се продолжува, по самиот истек на 3-те месеци завржува. Обавезно се бара М1/М2 Образец и Одлуката за непродолжување на Договорот.
    Ако сакаш да заминеш и порано од овој временски рок секако дека треба да поднесеш Изјава и да се чека 30 дена, или во случај да прифати работодавачот може да се намали/исклучи отказниот рок.
    Спогодбата не ја потпишувај ако не е наведен точен датум кога ќе ти престанува работниот однос, можно е тој дел да го остави празен и со твој потпис може било кога да те одјави.
    Правно да се постапи, не треба да се потпишува Спогодбата предвреме, тоа е меѓусебнo договарање за прекин на работен однос а кога почнуваш со работа некаде не може да се предвидат ситуации од иднина за да се знае како би се прекинало работниот однос.
    За било каков документ да се потпишува, секогаш барај еден Оригинал за себе.
     
    На tina2018 и BORKA им се допаѓа ова.
  6. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.182
    Допаѓања:
    10.790
    Пол:
    Женски
    Зарем сеуште даваат спогодба за престанок на работен однос уште кога се вработуваш? Па ако уште невработена си го покриваат газот да ме отпуштат, не ни сакам да работам на такво место.
    Не потпишувајте такви работи, може во секој момент без пардон да ве отпуштат дури и без причина, кога веќе ја имаат таа потпишана спогодба.
     
  7. BORKA

    BORKA Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    1.695
    Пол:
    Женски
    Многу си во право,но некогаш човек нема избор .
     
    На tina2018 и Spidy им се допаѓа ова.
  8. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.123
    Допаѓања:
    14.354
    Пол:
    Женски
    И јас сум сп договори на 3 дена и сакам да ди дадам самоволен отказ.
    IMG_20190810_154435.jpg
    Дали ќе ме тужат?
     
  9. tina2018

    tina2018 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2018
    Пораки:
    1.923
    Допаѓања:
    3.629
    Пол:
    Женски
    На 3 месеца?
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  10. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.123
    Допаѓања:
    14.354
    Пол:
    Женски
    Леле дена сум пишала? Омг

    Месеци, да.
     
  11. tina2018

    tina2018 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2018
    Пораки:
    1.923
    Допаѓања:
    3.629
    Пол:
    Женски
    Како што пишува во договорот, можеш да дадеш отказ месец дена пред да си одиш.
     
  12. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.182
    Допаѓања:
    10.790
    Пол:
    Женски
    Па ти пишува отказен рок од 30 дена. Ако не сакаш да седиш уште месец, разговарај со газдата, може ќе те ослободи. Во најлош случај, не се појавуваш на работа три дена и автоматски следува отказ.
    За тужењето, има право да те тужи, ама до сега не сум слушнала некој да форсира вработен со договор од 3 месеца. Не верувам дека си клучен вработен без кој фирмата нема да функционира, па до толку да се замараат со тебе. Ниеден газда не сака да има вработен на кој не му се работи, треба да ти даде плата за тие 30 дена, а ти ќе гледаш како само побрзо да завршиш зошто не сакаш да си таму.
    Најдобро да кажеш дека сакаш да напуштиш и ферски да се договорите кога да престанеш со работа. Можеби ќе најдете компромис, да почекаш да најде замена недела-две, па да си одиш.
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    1.940
    Пол:
    Машки
    Како што пишува и во договорот, така е и законски, значи:
    Опција 1: Да се договориш со работодавачот со спогодба без отказен рок односно надоместокот да ти го исплати веднаш на денот на престанување на работниот однос (најдобра варијанта)
    Опција 2: Да поднесеш писмен отказ преку пошта со препорачано или лично до кај нив (со приемен печат) и да одиш уште 30 дена заради почитување на минималниот законски отказен рок (не е до толку добра оваа опција штом договорот ти е на определено време во времетраење од 3 месеца, подобро е да си ги одработиш тие 3 месеца и после да не го продолжиш договорот за вработување)
    Опција 3: Да не одиш 3 дена по ред на работа и да ти го откаже работодавачот договорот за вработување без отказен рок (во овој случај губиш нето плата надоместок за отказен рок и возможно е работодавачот да те тужи за надомест на штета само во случај ако му е причинета штета, а која штета би произлегла од твојата работна позиција кај работодавачот, но не верувам дека ќе дојде до тужба затоа што тешко е да се докаже дека настанала штета поради овој основ)
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Barca-Gril

    Barca-Gril Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    874
    Допаѓања:
    927
    Пол:
    Женски
    Ме интересира дали е иста постапката и кога договорот е на пример на една година, а сакате да дадете отказ пред да истече таа една година?
     
  15. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.182
    Допаѓања:
    10.790
    Пол:
    Женски
    Во договорот ти пишува услови за прекинување, исто како било кој отказ. Сигурно треба барем 1 месец однапред да најавиш, најдобро писмено. И провери да не имаш пенали за раскинување.
     
    На Barca-Gril му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Andri

    Andri Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2009
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    3
    Здраво девојки, ми треба ваша помош доколку сте запознаени со темата.Вчера добив отказ меѓутоа усмено од тогаш до сега немам никакво известување од работодавачот.
    Дали некој знае која е процедурата во овој случај (несе поминати 3 дена непојавување на работа) и што треба да правам? Ништо писмено немам добиено ниту пак нешто потпишано
     
  17. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Зошто те отпушти? Имаш прекршено нешто од договорот кој сте го потпишале?
     
  18. Andri

    Andri Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2009
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    3
    Па вака јас почнав да волонтирам надвор од раб. време, газдата дозна и ми направи проблем во смисла дека не сум требала да работам друго после 5, вчера имав некое недоразбирање со колешка и си разменивма два остри мејла, на тоа газдата рече дека ме имал на пик и дека поради проблем во комуникација со други вработени ми дава отказ.
    Меѓутоа дали се важи ако не е писмено и дали смее вака, без отказен рок без ништо чисто да ми рече не доаѓај.
     
  19. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Како може да ти направи проблем за волонтирање? Слушај, без разлика писмено не писнено, има можност да го тужиш ако те отпуштил заради нешто лично негово, значи за отказ мора да има објективна причина. Мој другар го тужеше газдата и доби пошо пресудија дека отказот не бил објективен. Збори со адвокат.
     
    На MarigoldA, Andri и SummerGirl им се допаѓа ова.
  20. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.919
    Допаѓања:
    32.535
    Пол:
    Женски
    Немој ни да потпишуваш.
     
    На Andri му/ѝ се допаѓа ова.